3Утре протест во Крива Паланка, проблемот со добитокот ќе се решава со акциски план, но активностите се уште не се допрецизирани
РакометКомплетирано 10.коло од ракометната Супер лигаРакометните суперлигаши синоќа го комплетираа 10.коло, во кое лидерот на табелата Охрид го совлада последно пласираниот Работнички и со тоа ја задржа предноста во однос на конкурентите.Резултати на натпреварите од 10.коло: Охрид – Работнички 38:28, Вардар Јуниор Прилеп 30:30, Борец – Радовиш 29:24, Металург II – Пролет 29:30. Во вторникот во дербито Работник Еурофарм – Пелистер 20:21. Табела: Охрид 25 бодови, Пелистер 22, Еурофарм Работник 19, Прилеп 16, Пролет 16, Металург II 14, Радовиш 13, Борец 11, Вардар Јуниор 5, Работнички 0. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПостигнат договор меѓу МОН и УКИМ, нема исклучување на струјата Постигнат договор меѓу Минстерството за оразование и ЕВН за надминување на проблемот со долгот за електрична енергија – исклучување на струјата нема да има, а неплатените обврски МОН ќе ги подмири во наредните денови. Ова го потврдија од ЕВН за Канал 5 од каде посочија дека не можат да споделат колкав точно е долгот кој УКИМ и четирите факултети кон ЕВН. Пред два дена Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот на УКИМ остнаа во неколкучасовн мрак откако им беше исклучена електричната енергија. Како настанал долгот не откриваа ниту реторката на УКИМ која во телефонски разговор само ја потврди информацијата дека проблемот со електричната енергија е надминат и дека не очекуваат повторно да дојде до исклучување. - Согласно договореното, МОН ќе го подмири заостанатиот долг во текот на наредните денови, со што се создадени услови најавеното исклучување на електричната енергија да не се реализира. Во однос на прашањето за конкретниот долг на УКИМ ве информираме дека станува збор за информации кои произлегуваат од деловниот однос меѓу компанијата и нејзините корисници и од тие причини не би можеле да споделуваме поединечни информации за финансиските обврски на конкретни корисници, посочија од ЕВН. Но, факултетите не се единсвените должници со неплатени сметки, покажуват поодатоците на Министерството за финансии за третиот квартал од оваа година. Вкупните долгови на државните институции и јавни претпријатија се околу 700 милиони ерва, од кои околу 125 милиони евра се достепани, а не платени долгови за комунлани услуги, греење, комуникација и транспорт. Долгата должничка листа со години ја предводат Македонски железнци и Транспорт, со долгови од по над 80 милиони евра. Трети се Електрани на Македонија со долг од 40 милиони евра, а јавните здравствени установи вкупно должат над 157 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочна амaндманската расправа за Предлог буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандманиСо поднесени 400 амандмани почна амандманската расправа на предлог-буџетот за 2027 година. Најголем дел од нив 226 се од СДСМ, 87 од ДУИ, Левица поднесе 83, Алијанса за Албанците три и пратеничката Весна Бендевска еден амандман.Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски изјави дека поголемиот дел од нивните забелешки се однесуваат на општински проекти, за подобрување на инфраструктурата, градинки, старечки домови, а меѓу клучните приоритети кои бараат да се вметнат во буџетот за следната година е минимална плата од 600 евра, повисоки плати за јавниот сектор, како и подобри услови во образованието, здравството и за жртвите од насилство.. Според него со владиниот план за буџетот ќе има нови задолжувања, а ќе се крати од реалните потреби на граѓаните. Токму амандманот за зголемување на минималната плата во јавниот сектор беше меѓу првите на амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет, на која присуствуваше заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски. Тој рече дека Владата максимално се залагала за зголемување на платите, но барањето на СДСМ беше одбиено. -Со буџетот за 2027 обезбедуваме дополнителни плус 3,4 милијарди денари, за плати во јавниот сектор, што претставува зголемување од околу 6,3 проценти во однос на оваа година. Од овие причини амандманот не се прифаќа. Николче Јанкуловски - заменик-министер за финансии. Амандманската расправа за буџетот трае вкупно шест дена. Со предлог-буџетот за следната година се планирани вкупни приходи од 395,4 милијарди денари, што е за 5,7 проценти повеќе од 2026 година. Расходите се проектирани на 440,4 милијарди денари, односно зголемување од 4,8 проценти. Буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари, или 3,5 проценти од бруто-домашниот производ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтре протест во Крива Паланка, проблемот со добитокот ќе се решава со акциски план, но активностите се уште не се допрецизирани Првично најавената, па подоцна одложена прес-конференција на Министерството за земјоделство, на која денеска требаше да бидат соопштени мерките за решавање на долгогодишниот проблем со кравите во Крива Паланка.Првично најавената, па подоцна одложена прес-конференција на Министерството за земјоделство, на која денеска требаше да бидат соопштени мерките за решавање на долгогодишниот проблем со кравите во Крива Паланка, повторно ја отвори дилемата кога конечно ќе се стави крај на проблемот со добитокот што со години ги мачи кривопаланчани. Иако пред новинарите требаше да се обратат министерот Борче Серафимовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Јовица Андовски, и градоначалникот Сашко Митовски, прес-конференцијата не се одржа. Од Министерството за Канал 5 објаснуваат дека причината за одложувањето е потребата од дополнителна меѓуинституционална координација и допрецизирање на акцискиот план. „Денешната прес-конференција е одложена бидејќи во текот на меѓуинституционалната комуникација и координација се отворија нови прашања околу организацијата на веќе утврдените активности. Поради тоа, се појави потреба од допрецизирање на одредени делови од Акцискиот план пред неговото понатамошно институционално процесирање. Подготовката е во завршна фаза, во моментов се допрецизираат обврските на секоја институција и редоследот по кој ќе се исполнуваат обврските. Штом биде усвоен од страна на Владата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја соопшти временската рамка за граѓаните да бидат информирани кога ќе започнат активностите.“ – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од друга страна, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во денешното гостување во утринската програма на Канал 5 изрази жалење поради одложувањето на прес-конференцијата. Како што досега на многу пати говореше Митовски, АХВ треба да биде носител на оперативната акција за заловување на добитокот, по што животните ќе преминат во надлежност на Агенцијата за управување со одземен имот. Во акцијата треба да биде вклучено и МВР, додека Општината и јавните претпријатија ќе обезбедат логистичка поддршка. „Верував дека еве денеска можеме да имаме првично решение. Иако сметам дека ова кое е ставено на хартија е почеток на решавање на проблемот. Допрва ќе следи теренската активност и решение на проблемот. Имаме донесено решенија за одземање на добитокот. Единствено агенциите државни АХВ и сл. коишто се надлежни во дадената состојба треба да постапат по самите решенија.“ изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка . Во меѓувреме, Агенцијата за храна и ветеринарство потврди дека досега се заловени 96 говеда од како што општината тврди дека се 1.000.Како главни пречки ги посочува непристапниот терен и опструкциите од поранешните сопственици Додека Владата во вторник, 24 ноември, треба да го разгледува акцискиот план, револтираните жители на Крива Паланка за утре, во 11 часот, најавуваат протест под мотото „Стоп на кравите“, со блокада на магистралниот пат, барајќи конечно и трајно решение за долгогодишниот проблем со добитокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08