САД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин
1САД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин
3Премиерот Мицкоски на годишниот состанок на управниот одбор на центарот за извонредност во финансиите-ЦЕФ
3Кошмар во национален парк: Се преврте камион со 250 милиони пчели- роеви ги напаѓаат минувачите (ВИДЕО)
РакометКомплетирани осминафиналните двојки на ракометниот МундијалСо одигрувањето на натпреварите од последното 5.коло во групите Ц и Д, комплетирани се сите осум пара за осминафиналето на Светското ракометно првенство во Франција. На средбите одиграни вчера беа постигнати следните резултати по што е познат и конечниот изглед на табелите: Ц група: Чиле - Саудиска Арабија 25-26, Германија – Хрватска 28-21 и Белорусија – Унгарија 27-25. Табела: Германија 10 бодови, Хрватска 8, Белорусија 4, Унгарија 4, Саудиска Арабија 2 и Чиле 2. Д група: Бахреин – Аргентина 17-26, Шведска – Египет 33-26 и Катар – Данска 29-32. Табела: Данска 10, Шведска 8, Египет 6, Катар 4, Аргентина 2 и Бахреин 0. Нокаут рундата, односно осминафиналето, ќе го отворат Македонија и Норвешка со средбата која ќе се игра во Албервил, попладнево од 16 часот. Денеска на Мундијалот се уште три средби: Франција - Исланд (сабота 18 часот), Словенија - Русија и Шпанија - Бразил (20:45 часот). Двојките за во недела се: Белорусија – Шведска (16 часот), Унгарија - Данска (16 часот), Германија – Катар (18 часот) и Хрватска – Египет (20:45 часот). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин Страните се согласија за механизам за прекин на борбите во Либан и отворија комуникациска линија за да се обезбеди безбеден премин за комерцијалните бродови низ спорниот теснец.Првата рунда разговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши, соопштија медијаторите, по напнатиот почеток обележан со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормутскиот теснец и повторувањето на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе продолжи со нападите врз Иран, пишува утринава Ројтерс. Во заедничко соопштение од земјите посредници, Катар и Пакистан, се вели дека САД и Иран се согласиле на план за постигнување конечен договор во рок од 60 дена. Техничките разговори ќе продолжат до крајот на неделата во швајцарското планинско одморалиште Бургеншток. Страните се согласија за механизам за прекин на борбите во Либан и отворија комуникациска линија за да се обезбеди безбеден премин за комерцијалните бродови низ спорниот теснец, се вели во соопштението. Договорот повикува на повторно отворање на Ормутскиот теснец, пречка за глобалните енергетски испораки, и прекин на сите непријателства, вклучително и во Либан, каде што Израел продолжува да извршува смртоносни напади додека иранскиот сојузник Хезболах пука врз израелски цели.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
МакедонијаАмандманска расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска службаДенеска во собранието на дневен ред е амандманска расправа по предлог на законот за судска служба и предлог на законот за јавнообвинителска служба, и двата во второ читање.За предлог-законот за судска служба поднесени се над 100 амандмани од пратеничките групи на СДСМ, Европски фронт и Левица, а за јавнообвинителска служба 27 амандмани од пратеничката група на СДСМ. Пратеничката група на СДСМ и коалицијата, вчера преку соопштение, информира дека поднеле 82 амандмани на двата предлог закони, со став дека тие ја загрозуваат независноста на судството и ја влошуваат положбата на вработените во правосудниот систем. Заменик-министерот за правда, Ален Деребан во образложението потенцира дека предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба се резултат на повеќегодишна работа, според него работната група ги изработила текстовите на законите пред една година биле доставени бројни забелешки и предлози од релевантни институции, стручната јавност и засегнатите страни, кои биле внимателно разгледани и соодветно вградени во нацрт-текстовите.– рече Деребан.Тагови: собрание Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
МакедонијаПремиерот Мицкоски на годишниот состанок на управниот одбор на центарот за извонредност во финансиите-ЦЕФПретседателот на владата, Христијан Мицкоски, денеска, во Скопје, ќе учествува на годишниот состанок на управниот одбор на центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ. Центарот за извонредност во финансиите , е водечка регионална институција и доверлив партнер за реформи, која им помага на земјите од Југоисточна и Источна Европа во зајакнувањето на јавните институции, забрзувањето на реформите и унапредувањето на процесот на европска интеграцијаТагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07