3ВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален здравствен систем
АвтомобилизамКомплет бандажи се продава по цена на нов градски автомобилОригиналните, и многу ретки, бандажи од моделот „BMW M1“, кој се произведувал од 1978 до 1981 година, се појавија на „eBay“.„BMW M1“ е вистинска легенда. Нешто повеќе од 450 примероци, легендарни возни карактеристики и историја на единствениот сериски суперавтомобил од баварскиот производител досега. Станува збор за ретка и скапа класика, со цени кои се движат околу 600 илјади евра. Првиот автомобил дизајниран од „BMW M“ има 3,5-литарски „R6“ мотор чии 277 коњски сили се пренесуваат на задните тркала преку петстепен „ZF“ менувач. Надворешниот дизајн го потпишува легендарниот Ѓорѓето Џуџаро. Неодамна на веб-страницата „eBay“ беше објавен оглас во кој се наведува дека се продава комплет тркала за овој автомобил. Продавачот бара 18.700 евра за комплет тркала. Но, какви! Ова се култни „Campagnolo “бандажи, специјално посветени на „BMW M1“. На аукцијата се вклучени и оригинални гуми „Pirelli P7“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит!Проектот кој со децении претставуваше неопходност и надеж за Скопје, денес забрзано се гради и станува реалност.Пречистителната станица за отпадни води е најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија. Станува збор за комплексен инфраструктурен зафат кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и кој ќе донесе историска промена во заштитата на реката Вардар, животната средина и здравјето на граѓаните. По првичниот застој, предизвикан од незавршени административни процедури, неусвоени детални урбанистички планови, нерешена експропријација на земјиштето и задоцнети плаќања кон изведувачот, денес изградбата се одвива со забрзана динамика и во согласност со предвидениот работен план. Речиси 40 проценти од градежните работи веќе се завршени. „Пречистителната станица е нашиот најголем еколошки штит и проект од историско значење за Скопје. Со нејзината изградба ќе ставиме крај на долгогодишното загадување на Вардар со непречистени отпадни води и ќе создадеме поздрава и побезбедна животна средина за сегашните и за идните генерации“, истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Согласно договорот склучен меѓу ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и изведувачот, завршувањето на градежните активности е предвидено во првата половина на 2028 година. Потоа ќе следуваат две години пробна работа, која треба да заврши во првата половина на 2030 година. Реализацијата на овој капитален проект значи почист Вардар, поздрава животна средина, повисоки еколошки стандарди и посигурна иднина за генерациите што доаѓаат. Најголемиот еколошки проект во Македонија забрзано напредува, затоа што Скопје заслужува чиста, модерна и европска иднина. Град СкопјеТагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД започнаа нови напади врз Иран, Трамп предупредува на одмазда за смртта на војницитеАмериканската војска соопшти дека започнала уште една рунда напади врз Иран за „понатамошно деградирање“ на неговите способности за напад врз бродови во Ормутскиот теснец.Нападите - 10-та последователна ноќ - доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го казни Иран за смртта на американските војници.трамп претходно изјави дека Иран бил погоден „многу силно“ претходната ноќ „во чест“ на тројцата американски војници убиени неодамна - двајца во Јордан и еден во Ирак. Како одговор на најновиот бран, Иран соопшти дека погодил два танкери за нафта во водниот пат, како и американски воени средства во Бахреин и Кувајт, објави државната новинска агенција ИРНА. Претседателот Масуд Пезешкијан рече дека Иран сега води „целосна војна“ со САД. Во исто време, Техеран соопшти дека дипломатските пораки сè уште се разменуваат меѓу двете страни преку посредници, и покрај пропаѓањето на прекинот на огнот.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален здравствен системДодека Венко Филипче се обидува да се претстави како авторитет за здравствениот систем, граѓаните многу добро паметат што остави зад себе додека беше министер.Наместо реформи и подобро здравство, неговиот мандат беше обележан со низа скандали, афери и неодговорени прашања. Од случајот со набавката на вакцините преку посредник, фирма која претходно се занимавала со трговија со тропско овошје, до аферата „Крвави тендери“ за набавка на тестови и реагенси вредна десетици милиони евра, јавноста никогаш не доби убедливи одговори за сите дилеми што се отворија. Во исто време, здравствениот систем тонеше во проблеми. Листите на чекање се зголемуваа, пациентите со месеци чекаа за прегледи и интервенции, недостигот од медицински кадар стануваше се поизразен, а јавните здравствени установи се соочуваа со недостаток на опрема, материјали и основни услови за работа. Граѓаните не можат да го заборават ниту трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица. Наместо преземање политичка и морална одговорност, Филипче остави многу прашања без одговор и чувство дека никој не понесе вистинска одговорност за една од најголемите трагедии во македонското здравство. Во време на ковид-пандемијата, Македонија беше меѓу земјите со висока смртност по глава на жител, а граѓаните се соочуваа со неизвесност, недостаток на доверба и бројни предизвици во функционирањето на здравствениот систем. Затоа, сметаме дека човек чиј мандат остана запаметен по афери, скандали и сериозни пропусти нема кредибилитет денес да држи лекции за тоа како треба да изгледа македонското здравство. За разлика од СДС и Филипче, целта на ВМРО-ДПМНЕ е здравствен систем што ќе биде ефикасен, транспарентен и посветен на пациентите, со инвестиции во медицинскиот кадар, современа опрема, подобри услови за лекување и целосна одговорност за секоја донесена одлука. Граѓаните заслужуваат здравство што ќе работи во нивен интерес, а не здравство кое ќе се памети по афери и пропуштени можности. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook