Компјутерска програма ве препознава и според танцувањето - Канал 5

Компјутерска програма ве препознава и според танцувањето

Секој од нас има посебен пристап кон танцот, особено ако не сте многу агилни. Некој ја тресе главата, некој со рацете, а еден ужива да се ниша од лево надесно.

Компјутерска програма ве препознава и според танцувањето

Без оглед како се движите во такт на музиката, ритуалите за танцување се еден вид печат на вашата личност.

Поточно, научниците развија компјутерска програма за да го препознаат жанрот на музиката врз основа на тоа како танцуваат луѓето. Седумдесет и три учесници во студија биле замолени да танцуваат во осум различни жанрови: поп, реге, хип-хоп, џез, хеви метал, кантри, блуз, електронска музика. Ним им било наредено да се движат спонтано.

За жал, компјутерот не погоди точно и го препозна музичкиот жанр само во една третина од случаите. Она што направил многу успешно било идентификувањето на самите „танчери“. Програмата била во можност да препознае 94% од танчерите според нивните движења.

Како што објаснуваат експертите, никој не танцува идентично затоа што движењата на сите се карактеризираат со посебни нијанси.

„Движењата на танцувањето на една личност се чини дека се исти како и отпечатоците од прсти. Секоја личност има уникатен заштитен знак во начинот на кој тој или таа се движи додека слуша било кој жанр на музика“, вели Др. Пасас Саари, коавтор на ова интересно истражување.

Сепак, програмата за препознавање не е безопасна, а еден вид музика особено се покажа како предизвик. Хеви металот се карактеризира со движења на главата кои биле слични кај скоро сите учесници во студијата. Со други зборови, колку повеќе луѓе танцувале, толку потешко било за програмата да ги идентификува индивидуално, пишува MindBodyGreen.

„Имаме многу нови прашања за тоа дали ги задржуваме истите движења во текот на животот и дали може да се набљудуваат културни разлики меѓу луѓето“, изјави д-р. Емили Карлсон, која го водела истражувањето, додавајќи дека треба да се осврнеме и на тоа колку добро луѓето можат да препознаат туѓо движење за танцување во споредба со компјутерот.

Понатамошно истражување во оваа област се очекува да придонесе во развојот на компјутерски софтвер за препознавање на идентитетот базиран на танц.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мохамед Салах ќе игра во Турција, неговиот агент слета во Истанбул

Агентот на Мохамед Салах, Рами Абас, пристигна во Истанбул, а според најдоверливите турски медиуми, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Ливерпул е многу блиску до преселба во Бешикташ.

Мохамед Салах ќе игра во Турција, неговиот агент слета во Истанбул

Според новинарот Јагиз Сабункуглу, Салах првично барал плата од 15 милиони евра по сезона, но по преговорите се согласил на 12 милиони. Се очекува Египќанецот да потпише едногодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.

Рами Абас, агентот на Салах, пристигна во Истанбул за да ги договори последните детали за трансферот со челниците на Бешикташ. Доколку нема непредвидени проблеми, Салах наскоро би требало да стане новото големо засилување на истанбулскиот гигант.

Салах имаше профитабилни понуди од Саудиска Арабија и МЛС ова лето, но, според турските медиуми, тој одлучи да остане во европскиот фудбал. Бешикташ претходно го доведе Леандро Тросар, па доаѓањето на Египќанецот би претставувало уште еден голем трансфер.

Црно-белите се чини дека не планираат да застанат тука. Турските медиуми објавуваат дека Бешикташ е сериозно заинтересиран и за Ромелу Лукаку, кој е исто така меѓу главните цели на клубот во овој преоден рок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нема крај на лагите на ВМРО-ОКГ, жртва е Македонија и нејзината европска иднина

ВМРО-ОКГ повторно зборува за „празен лист“ и „виктимизација“ на опозицијата околу Изборниот законик. 

СДСМ: Нема крај на лагите на ВМРО-ОКГ, жртва е Македонија и нејзината европска иднина

Нема крај на нивните лаги.

Нивниот „празен лист“ воопшто не е празен. На него веќе се заокружени броеви и имиња. Тоа не е понуда за консензус, туку обид да се наметне модел кој ќе овозможи контрола и кражба на гласовите од дијаспората.

Препораките на ОБСЕ и ОДИХР СДСМ ги прифаќа. Она што не се прифаќа се предлозите на организираната криминална група ВМРО на чело со Христијан Мицкоски – предлози создадени за манипулација, а не за фер избори.

ВМРО-ОКГ не сака да ги заврши реформите.

Прво ветија 1.јуни. Потоа јули. Сега намерно создаваат проблем за да имаат изговор зошто агендата повторно не е исполнета.

Тие не сакаат ЕУ.

Во Европската унија нема ослободување на криминалци како што сега се ослободуваат Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас. Во ЕУ тие би одговарале.

Во ЕУ, ВМРО-ОКГ не би можела да враќа имот стекнат со криминал.

Жртва не е опозицијата. Жртва е Македонија и нејзината европска иднина,се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника на грчки остров: Ајкула „излезе“ на плажа пред шокираните туристи (ВИДЕО)

На плажата Кацадија на грчкиот остров Липси се појави паника кога мала ајкула се приближи на неколку метри од брегот, речиси до песокот.

Паника на грчки остров: Ајкула „излезе“ на плажа пред шокираните туристи (ВИДЕО)

Некои пливачи скокнаа од водата во паника, додека други туристи скокнаа од своите лежалки за да го снимат целиот настан на камера.

Видеото ја прикажува како плива во многу плитка вода, недалеку од луѓето на плажата.

YouTube video

Според проценките засновани на достапните видео снимки, кои ги објавува локалниот портал lerosnews.gr, најверојатно станува збор за вид од родот Mustelus, од семејството Triakidae.

Овие видови, познати во Грција како галео, се сметаат за безопасни за луѓето и не претставуваат опасност за пливачите. Иако никој не е рамнодушен кога ќе види каква било ајкула, овој вид ретко покажува агресивно однесување кон луѓето, а не е регистриран ниту еден потврден фатален напад на овој вид врз човек.

Дури и кога се наоѓаат во плитка вода, тие најчесто се дезориентирани или го следат пленот и не им се приближуваат намерно на луѓето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер