Компанијата Novavax тврди дека нивната анти-ковид вакцина има над 90% ефикасност - Канал 5

Компанијата Novavax тврди дека нивната анти-ковид вакцина има над 90% ефикасност

Вакцината против „ковид-19“ на Новавакс е повеќе од 90 проценти ефективна, вклучувајќи ги различните варијанти на коронавирусот, соопшти денеска американската компанија по последната фаза на клиничките испитувања во САД.

Компанијата Novavax тврди дека нивната анти-ковид вакцина има над 90% ефикасност

Истражувањето спроведено на скоро 30.000 волонтери во САД и Мексико и дозволува на таа фармацевтска компанија да аплицира за одобрување во итни случаи во Соединетите Држави но и во други земји во третиот квартал на 2021 година.

Тоа е протеинска вакцина која содржи лабораториски израснати ситни протеински честички од шпицот на вирусот, како и „бастери“ што помагаат да се создаде имунолошки одговор на ковид-19.

Вакцината Новавакс се покажала како ефикасна и во повеќе од 93 проценти против доминантните варијанти на коронавирусот, нешто од што најмногу стравувале научниците и здравствените власти.

Вакцините против голема кашлица и херпес зостер, болест предизвикана од вирус на варичела зостер, истата што предизвикува сипаници, се исто така протеински вакцини.

За време на клиничките испитувања, вакцината била тестирана на волонтери кои биле заразени со варијанти на вирусот, вклучувајќи го британскиот, бразилскиот, индискиот и јужноафриканскиот сој .

"Се покажа дека вакцината е ефективна 91 процент кај доброволци со висок ризик од развој на тешка болест и 100 проценти во спречување на умерени и тешки случаи на ковид-19. Исто така, покажа ефикасност од околу 70 проценти на варијантите што Новавакс не можеше да ги идентификува, “рече д-р. Грегори Глен, раководител за истражување и развој.

Според изјавата, несаканите ефекти се претежно слаби и вклучуваат главоболка, замор и болки во мускулите.

Новавакс планира до крајот на третиот квартал оваа година да произведува 100 милиони дози месечно и 150 милиони дози месечно во четвртиот квартал од 2021 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса.

Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца.

Засега нема извештаи за повредени или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

Николоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство

На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Министерот Николоски истакна дека Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции како значаен двигател на економскиот раст, регионалното поврзување и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.

На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, во духот на традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете земји.

Со почит,

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер