Компанијата на Џеф Безос ќе гради вселенска станица „Орбитален гребен"

Компанијата „Блу Ориџин", сопственост на милијардерот Џеф Безос, соопшти дека планира да развие комерцијална вселенска станица што ја нарече „Орбитален гребен", во која ќе учествува и американската компанија „Боинг".

Во соопштението од компанијата се наведува дека целта е орбиталната станица да се лансира во втората половина на оваа деценија.

Британските медиуми јавуваат дека партнер во овој проект ќе биде „Sierra Space, кој е дел од Sierra Nevada Corp., а ќе биде поддржан од Redwire Space, Genesis Engineering Solutions и Државниот универзитет во Аризона.

Вселенската станица „Орбитален гребен" ќе се користи како „деловен парк со различна намена", а проектот планира да обезбеди инфраструктура потребна за зајакнување на економската активност и отворање на нови пазари во вселената, соопштија „Blue Origin" и „Sierra Space".

„Искусни вселенски агенции, високотехнолошки конзорциуми, суверени држави без вселенски програми, медиуми и туристички компании, претприемачи, спонзорирани пронаоѓачи и инвеститори кои размислуваат за иднината – сите имаат место на Орбиталниот гребен", се наведува во соопштението на компанијата.

Видео-Фото: Ибра како вистински борец

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, асот на Милан Златан Ибрахимовиќ покажа дека и со 40 години е вистински „ѕвер“.

Популарниот Ибра покажа дека со право не само што е мајстор со фудбалската топка дека е мајстор и во боречките вештини.

Шведскиот фудбалер со потекло од Балканот покажа и докажа зошто е носител и на црн појас.

Ибра како вистински ММА борец ја растури боксерската вреќа.

За Златан дефинитивно годините се само бројка.

Заради промоција на спортот, Златан има почесен црн појас во теквондо, кој во 2010 година му го додели олимпискиот шампион Мауро Сармиенто. Повеќе од десет години подоцна, Ибрахимовиќ се уште удира многу силно.

Најпродаваните автомобили во Европа

Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Нарушувањата во производството на нови автомобили поради недостаток на чипови се веќе познати и поради тоа фаворитите во продажба од месец во месец изгледаат поинаку. Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Првото место сега го има одличниот мал „SUV Peugeot 2008“ (18.109 продадени примероци), втор е „Renault Clio“ (14.639), потоа „Dacia Sandero“ (14.034), „Peugeot 208“ (13.978), на петтото место е „Ford Focus“. (12.704)…

Голфот испадна од првите десет - продадени се нешто повеќе од 11.000 возила. Поради недостиг на чипови, фабриката на Фолксваген во Волфсбург, Германија, работи на ниво кое не е забележано од 1958 година, пишува магазинот ХАК.

Санкционирани 78 возачи на автопат Велес – Скопје – Куманово

 На автопатот Велес – Скопје – Куманово при зајакната акциска контрола денеска се санкционирани 78 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 22 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта.

притисни ентер