ВМРО-ДПМНЕ -Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка
2ВМРО-ДПМНЕ -Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка
3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
СветКомпанијата „Боинг“ мора да му исплати 28 милиони долари на семејството на жртва во несреќата на „Боинг 737 MAX“ во Етиопија во 2019 годинаПресудата изречена на семејството на Шика Гарг е прва од серијата тужби поднесени по оваа несреќа и уште една во Индонезија во 2018 година, во која загинаа вкупно 346 лица.Поротата во федералниот суд во Чикаго вчера и наложи на компанијата „Боинг“ да му исплати повеќе од 28 милиони долари на семејството на вработена во Обединетите нации во одделот за животна средина која загина во несреќата на авионот „Боинг 737 MAX“ во Етиопија во 2019 година. Пресудата изречена на семејството на Шика Гарг е прва од серијата тужби поднесени по оваа несреќа и уште една во Индонезија во 2018 година, во која загинаа вкупно 346 лица. Според адвокатите на семејството, со спогодбата постигната вчераутро семејството на Гарг ќе добие 35,85 милиони долари, односно целиот износ на пресудата плус 26 проценти камата, и „Боинг“ нема да поднесе жалба. Компанијата сè уште не одговори на барањето за коментар. Адвокатките Шанин Спектер и Елизабет Крофорд, кои го застапуваа семејството, во соопштението изјавија дека пресудата „обезбедува јавна одговорност за погрешното однесување на ’Боинг’“. Гарг имала 32 години кога авионот на летот 302 на „Етиопијан ерлајнс“ од Адис Абеба, Етиопија до Најроби, Кенија се урна само неколку минути по полетувањето, изјавија нејзините адвокатки. Во тужбата се тврди дека авионот „Боинг 737 МАКС“ бил неправилно дизајниран и дека „Боинг“ не ги предупредил патниците и јавноста за опасностите. Авионот на „Етиопијан ерлајнс“ се урна пет месеци откако авионот на „Лајон ер“ се урна во Јаванското Море во Индонезија. Истрагата покажала дека автоматизираниот систем за контрола на летот придонел за двете несреќи.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари - само за храна се потребни 26.000 денариЖивотот на граѓаните поскапува, стандардот опаѓа. Вредноста на синдикалната минимална кошница во ноември достигнала 70.827 денари, за 469 денари повеќе од претходниот месец. Со кирија за стан кошничката е дури 90 илјади денари и ниту три минални плати не ја покриваат. Само за храна и пијалоци на едно семејство му се потребни дури 26.000 денари месечно. Од почеток на 2027 година се најавуваат и нови поскапувања на струјата и на парното што ќе биде уште еден удар во и така нискиот стандард на граѓаните. Народот едвај врзвува крај со крај, затоа што платите не ги следат поскапувањата. Наместо конкретни мерки и решенија за намалување на цените и помош на ранливите, владата на Мицкоски не прави ништо, граѓаните се оставени сами да се справуваат со растечките трошоци и сè потешкиот крпен живот. Организираната криминална група одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, нема пари за работниците, нема пари за земјоделците, нема пари за поголем студентски оброк. Пари има само за тендери. Арамиската власт на Мицкоски ги осиромашува граѓаните додека им трупа нови долгови на грбот на наредните генерации. 4 милијарди евра за 2 години и уште 2 милијарди евра нови долгови за 2027 година кои се најавуваат. Парите одат само за криминални тендери а не за граѓаните кои се со празни паричници и празни фрижидери. Скопје, 21.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ -Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделкаСДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка.Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова. Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со случајот Алта банка, СДС сега замерка му најде и на јавната аукција. СДС и Филипче отвораат нова епизода од политичката кампања, обидувајќи се јавна и транспарентна постапка, како што е јавната аукција за Алта банка, да ја претстават како тајна зделка. Да потсетиме, СДС претходно лажеше за наводни сомнителни милионски трансфери кон Србија и Русија, финансиски одливи, како и сценарија за пропаѓање на банката и загрозување на средствата на граѓаните. Но, на крајот, како и многу пати до сега нивните најави, обвинувања и црни сценарија не се остварија. Наместо да се води сериозна дебата заснована врз факти, СДС само се обидува да создаде недоверба и вознемиреност кај јавноста преку вакви политички конструкции. Да беа толку посветени на партиската консолидација, на подготовка на програма и понуда до граѓаните, СДС и Филипче ќе го имаа подобрено и рејтингот, кој им е на прагот на статистичка грешка. Но, ваквите очајни обиди на партискиот талог на СДС и Венко Филипче, за ситни политички поени, нема да остане засекогаш тага. Во новиот Кривичен законик ќе се воведе ново кривично дело казниво со казна затвор за секој оној, кој со својата службена или општествена положба и углед, со лажни изјави или исправи ќе изнесе во јавност неточни информации со што ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем. Граѓаните заслужуваат транспарентност, проверливи информации и одговорност од сите политички чинители, а не обвинувања без докази и создавање непотребна паника, како што во изминатиот период прават СДС и Филипче. Јавноста има право да ги знае фактите, политичките обвинувања не смеат да бидат замена за аргументи и докази. Веќе е доста ширеше на лажни вести и информации, со цел креирање хистерија и паника кај граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Променливо облачно со повремен локален дожд и температури до 22 степени08:59МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЖивотДенес е Св. Архангел Михаил Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел Михаил, една од најчестите слави кај нас. Денес задолжително помолете се за здравје на најблиските и простете им на тие што ви згрешиле, за да ви се исполни најголемата желба. Именден слават сите што носат име Ангел, Ангеле, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка... Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот итн.) Господ ги создал ангелите. На почетокот сите ангели биле добри, но потоа некои од нив се одметнале и почнале да прават злодела, па тие се познати и како ѓаволи. Архангел Михаил уште е познат и како војвода на ангелите, затоа што кога Луцифер се отпаднал од Бога и со себе повлекол во пропаст еден од ангелите, тој застанал на чело на неотпаднатите ангели и прв се впуштил во борба против злото. Затоа на фреските и иконите Архангел Михаил најчесто е претставен како борец - војвода, со меч, а според некои верувања се смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души на кои им чукнал часот. Друго верување е дека ако овој Архангел се појави над главата на некој што е болен, тогаш тој ќе оздрави. Постојат голем број приказни за чудотворните исцелувања на ангелот – на еден маж му се јавил на сон и му рекол дека неговата ќерка ќе оздрави ако се измие на еден извор. За друго негово чудо се смета и спасувањето на момчето Василиј Карастирис, кое паднало и сериозно ја повредило главата. На Василиј морало да му биде направена итна операција, а лекарите предвидувале дека момчето ќе остане слепо и со парализа на ногата и раката. Момчето раскажувало како додека го подготвувале за операција, пред себе видел светлина, а во неа храм со високи ѕидови и пред него бил Архангелот кој му рекол: „Дојди тука, Василиј! Не плаши се, ќе оздравиш. Јас ќе ја водам раката на лекарот и операцијата ќе биде успешна“. Момчето навистина оздравело, а најинтересно е што операцијата била направена на 21-ви ноември, денот кога се слави Архангел Михаил. Од овие причини, Свети Архангел Михаил е една од најчестите слави како кај нашиот, така и кај другите православни народи. На денешен ден верниците одат во црква и се молат за свое, но и за здравје на своите најблиски. На Аранѓеловден слават сите што носат име поврзано со архангелите Михаил, Михајло, Мијалче, Михаела, Михајела, потоа Ангел, Ангелина, Ангела, Ангелче, Аранѓел, Аранѓелка. Во некои семејства именден слават и Гаврил и Габриела, бидејќи празникот е посветен на сите архангели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Променливо облачно со повремен локален дожд и температури до 22 степени08:59МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08