Компанија плаќа по 200.000 долари за секој што ќе му го позајми своето лице на робот (ВИДЕО) - Канал 5

Компанија плаќа по 200.000 долари за секој што ќе му го позајми своето лице на робот (ВИДЕО)

Идејата да му го позајмите лицето на робот можеби звучи како заплет од филм, но наскоро може да стане реалност.

Компанија плаќа по 200.000 долари за секој што ќе му го позајми своето лице на робот (ВИДЕО)

Производителот на роботи Promobot бара лице за својот следен хуманоиден робот, кој ќе се користи во хотели, трговски центри и аеродроми од 2023 година натаму.

Компанијата нуди неверојатни 150.000 фунти (200.000 долари) на храбар волонтер, кој мора да биде подготвен засекогаш да ги пренесе правата за користење на неговото лице, пренесува Дејли Мејл.

Promobot е производител на роботи од Њујорк, познат по своите морничаво реалистични хуманоидни роботи. Роботите на компанијата веќе се користат во 43 земји, работат како администратори, промотери, консултанти, водичи ...

„Нашата компанија развива технологии во областа на препознавање лица, како и говор, автономна навигација, вештачка интелигенција и други области од роботиката“, соопштија од Promobot.

„Од 2019 година активно произведуваме и доставуваме хуманоидни роботи на пазарот. Нашите нови клиенти сакаат да започнат проект од голем обем, и во овој поглед, тие мора да дозволат нов изглед на роботот за да избегнат правни одложувања. Во својата најнова кампања, технолошката фирма бара некој со „љубезно и пријателско“ лице, што ќе се користи за помошник на хуманоидни роботи“, се додава.

Роботот е нарачан од неименувана американска компанија, а ќе се користи на аеродромите, како и во трговските центри и малопродажните објекти низ Северна Америка и Блискиот Исток.

„Роботот со нов изглед ќе започне со своите активности во 2023 година, а лицето на избраната личност ќе стане ликот на овој робот“, објасни Promobot.

Иако Promobot наведува дека волонтерот мора да има „љубезно и пријателско“ лице, тој е отворен за апликации од луѓе од кој било пол и возраст.

YouTube video

Promobot не кажале зошто се обидуваат да го користат вистинско лице, наместо да се одлучат за компјутерски генерирано лице - слично на она што беше направено со познатиот, хуманоиден робот Софија.

Ова не е првпат производител на роботи да понуди некому да ги плати правата на нивното лице. Во 2019 година, неименувана компанија за роботика му понудила на волонтер награда од 100.000 фунти за користење на неговото лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер