Компаниите во трка: 44 вакцини против ковид-19 се тестираат врз луѓе - Канал 5

Компаниите во трка: 44 вакцини против ковид-19 се тестираат врз луѓе

Научници ширум светот работат на изнаоѓање вакцина против коронавирус. Неколку кандидати се во завршна фаза на тестирање, но многумина предупредуваат дека вакцината нема да овозможи враќање во нормалниот живот.

Компаниите во трка: 44 вакцини против ковид-19 се тестираат врз луѓе

Откако научниците во Кина го предадоа редоследот на геномот на коронавирус на 21 јануари, нивните колеги ширум светот започнаа да работат на вакцината. Првиот кандидат започнал тест врз луѓе на 16 март.

Сега има скоро 200 од нив следени од Светската здравствена организација (СЗО) - од кои 44 влегле во фаза на тестирање врз луѓе.

Обично се потребни години за да се тестира, произведе и администрира една вакцина. Овој процес бил најкраток по вакцината против заушки во 60-тите години на минатиот век - траел четири години.

Научниците кои работат на вакцини против коронавирус се надеваат дека ќе можат да го постигнат ова во рок од 12 до 18 месеци. И СЗО се надева дека две милијарди дози вакцини ќе бидат достапни до крајот на 2021 година. Досега не е одобрена вакцина за општа меѓународна употреба, но неколку кандидати стигнаа до последната фаза на тестирањето.

Тие се базираат на неколку различни пристапи, вклучително активни, мртви, ДНК, РНК / мРНК, вирусни вектори и протеински подединици, и постојат три фази на тестирање што вакцините мора да ги поминат пред да бидат испратени на одобрување до властите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досега

Летото 2026 година ќе биде најжешкото во Велика Британија откако се водат евиденции, соопшти денес британската Метеоролошка служба.

Рекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досега

Метеоролозите велат дека за да се сруши температурниот рекорд од минатата година во Велика Британија, сè што е потребно е температурите да останат на просечно ниво до крајот на август, објави Би-Би-Си.

Според Метеоролошката служба, просечната температура во Велика Британија за метеоролошкото лето (од 1 јуни до 10 август) досега била 16,48 степени Целзиусови, што е за 1,88 степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година.

Во текот на летото 2025 година, просечната температура во Велика Британија, која ги вклучува ноќниот минимум и дневниот максимум, била 16,10 степени.

Ова е во согласност со доказите дека летата стануваат потопли и посуви поради климатските промени, соопшти британската јавна служба.

Во Велика Британија, највисоката температура досега ова лето била 38 степени Целзиусови во Лингвуд, Норфолк, на 26 јуни.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст.

УХМР

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги.

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување.

По преземените активности, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на правата од здравственото осигурување за вработените во Министерството за внатрешни работи.

МВР и Фондот за здравствено осигурување ќе продолжат со координирани активности за изнаоѓање системско решение кое ќе овозможи во иднина непречено функционирање на здравственото осигурување и навремено остварување на правата од здравственото осигурување за сите вработени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер