Компаниите кои лани инвестирале и вработиле луѓе можат да аплицираат за поврат на средства

 Сите компании што инвестирале и што вработиле луѓе во текот на 2017 година, од денеска до крајот на јуни може да аплицираат за поврат на средствата, соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

На прес-конференција во Владата, Анѓушев напомена и дека е изготвен т.н. калкулатор за инвестиции со кој секоја компанија пред да аплицира за државна поддршка, но и пред воопшто да инвестира, ќе може да пресмета колку средства приближно ќе добие назад.

- Она што го зборувавме скоро цела година, од денеска е реалност. Почнува да живее т.н. Поддршка на македонската економија. Инвеститорите ова ќе го препознаат, независно дали се од слободните економски зони, гринфилд или во некои од постојните капацитети, тие ќе можат прохрабро да вложуваат, истакна вицепремиерот.

Нагласи дека прв пат во историјата има траснпарентен начин на поддршка на економијата.

Поднесувањето барања од страна на компаниите ќе може да се врши електронски преку пополнување соодветен формулар објавен на неколку интернет страници: на Владата, на Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев, Министерството за економија, ТИРЗ, конкурентност.мк,...

Според Анѓушев, аплицирањето е едноставно, неопходно е само компаниите да приложат завршни сметки и извод од Централниот регистар.

- Го заокружуваме процесот што го најавивме уште од формирањето на Владата, на максимален транспарентен начин преку јавни дебати со сите релевантни чинители. Пред една недела ги објавивме правилниците согласно кои компаниите ќе може да аплицираат за поврат на средствата, напомена министерот за економија Крешник Бектеши.

Апликациите на компаниите ќе се евалуираат до 31 јули, а во август и септември ќе се потпишуваат договорите и ќе се реализира исплатата. Компаниите кои инвестираат во 2018, ќе аплицираат продолжено во текот на годината, и за нив нема рокови, а ќе се исплаќаат со буџетот од 2019 година. Програмата ќе трае пет години.

На прес-конференцијата во Владата се присутни и министрите Зорица Апостолска и Аднан Ќахил, директорите на ТИРЗ и на Агенцијата за промоција на инвестиции, како и претставници на стоапанските комори.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер