ФудбалКомпани: Блиску сме до целта, но сакам да останеме фокусираниТренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, продолжува да биде умерен во своите изјави по ремито 3:3 со РБ Лајпциг, кое дојде со гол во доцните минути на противникот, а кој ги спречи Баварците да ја овојат титулата во Германија уште вчера. Белгиецот рече дека целта сè уште не е постигната и дека е прерано за славење. -Дали треба да ја славиме титулата сега? Имаше такви дискусии меѓу тренерите по натпреварот. Сепак, јас сум некој што верува дека дури и ако има 0,1% шанса да не победиме, тогаш сè уште не сме ја завршиле нашата работа и треба да чекаме до последен момент. Не се сите на ова мислење. Знам дека сме многу блиску до целта, но сакам да останеме фокусирани и да ги добиеме следните два натпревари, порача тренерот. Можеби откако ќе ја освојат титулата, вели Компани, може да изрази мислење, но пред тоа е прерано да се размислува за забава. -Сè уште не сме шампиони, па затоа мора да почекаме, рече Компани.Тагови: Баерн Минхен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНови американски напади врз ИранАмериканската војска објави дека утрово започнала нов бран напади врз Иран.Нападите започнале во среда во 6 часот наутро по источно време. „Целта на нападот е дополнително да се ослабат воените капацитети што иранските сили ги користат за напад врз трговски бродови во Ормускиот теснец“, објави Централната команда на САД на платформата „X“. At 6 a.m. ET today, U.S. Central Command forces began launching a wave of strikes against Iran. The strikes are designed to further degrade military capabilities Iranian forces have used to attack commercial shipping in the Strait of Hormuz. — U.S. Central Command (@CENTCOM) July 15, 2026 За потсетување, американската војска утрово објави дека започнала нов бран напади врз Иран. Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нападите биле насочени кон десетици воени цели во близина на Ормускиот теснец и иранските крајбрежни области, објаснувајќи дека целта е дополнително да се ослабат воените капацитети што Иран ги користи за напад врз трговски бродови. Иранската државна новинска агенција Фарс, повикувајќи се на војската, објави дека 13 американски ракети погодиле касарна на копнените сили во градот Бампур во јужен Иран во текот на ноќта. Според извештајот, седум ирански воени лица биле убиени, а неколку други биле повредени. Иранската војска соопшти дека ќе одговори „решително“ на нападот. Портпаролот на иранската влада изјави дека повеќе од 30 лица се убиени во американските напади во текот на изминатите неколку дена. Американската војска го напаѓа Иран четири ноќи по ред и шест од последните осум ноќи.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаДве кумановки измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити, поднесена кривична пријаваПолициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава .Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава и тоа, против А.С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ по чл.247 ст.4 од КЗ и „злоупотреба на лични податоци“ по чл. 149 ст.1 од КЗ и против М.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по чл.24 од КЗ. Првопријавената А.С.Д., со директна умисла и однапред создаден план, со намера за себе и за второпријавената М.В. да прибави противправна имотна корист, во период од јануари до јули 2026 година во вкупно 19 наврати, со лажно прикажување и свесно прикривање на вистинските факти, довела и одржувала во заблуда 19 лица, така што без нивна согласност и овластувања, злоупотребувајќи и користејќи ги нивните лични податоци, во нивно име аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплатата на парите, тие биле противправно присвојувани од страна на А.С.Д. и М.В.. Второпријавената М.В., постапувајќи по претходен договор, и помогнала на А.С.Д. во извршувањето на кривичното дело преку преземање на дејствија што овозможиле реализација на измамата. При тоа, се стекнале со противправна имотна корист од 10.820.000 денари, соопшти МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРасчистено убиството на лекарот Трповски, уапсени сопружници од Скопје, соопшти ОбвинителствотоПо повеќе од две години истрага, Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи го расчистија убиството на Ацо Трповски, извршено во март 2024 година. Уапсени се сопружници од Скопје, при што 65-годишен маж е осомничен за убиство, а неговата 59-годишна сопруга за помагање при извршување на кривичното дело. Според обвинителството, злосторството се случило на 21 март 2024 година на паркинг во населбата Автокоманда. Осомничената претходно договорила средба со трповски и влегла во неговиот автомобил. Набргу потоа пристигнал нејзиниот сопруг, кој, според сомнежите, по кратка расправија го нападнал трповски со нож, нанесувајќи му девет убодни рани во градите и телото, од кои починал. Автомобилот заедно со телото потоа го одвезле на паркингот кај поликлиниката железара. Обвинителството и за двајцата сопружници бара притвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook