Комората на медијатори пристапи кон Сојузот на стопански комори

Комората на медијатори денеска потпиша договор за пристапување кон Сојузот на стопански комори на Македонија, како 34-та членка.

Според претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Аровска која се обрати на денешната прес-конференција, компаниите во медијацијата гледаат еден начин како би можеле да ги решат своите спорови на краток рок, без голем број на трошоци со кои сега во овој момент се решаваат споровите.

– Веруваме дека институциите треба да преземат малку поголема одговорност во тоа да ја подигнат свесноста, не само во деловната заедница туку воопшто кај сите дека треба да се анимира пошироката јавност за кое е значењето на медијацијата и зошто таа треба да се користи, не само во секојдневното работење на компаниите, туку и на граѓаните, вели Аровска.

Како што појасни Славе Младеновски, претседател на Комората на медијатори постапката за решавање на споровите со медијација според закон може да трае максимум 60 дена.

– Најчесто ниту еден предмет во постапка на медијација не траел повеќе од неколку разговори што ги имале страните во постапка на медијација. Од моментот кога ќе се обрати првата страна иницијатор до медијаторот да се реши предметот течат одредени законски рокови во траење од петнаесет дена за кое што треба втората страна да се изјасни. Технички гледано тие можат да се состанат шеснаесетиот ден и за неколку дена каде ќе ги организира медијаторот на средба, да ги дефинираат своите интереси за наредните ден, два може да се потпише спогодбата и има уште еден ден евентуално за заверка пред нотар доколку страните сакат на документот да му дадат карактер на извршност што значи дека целата процедура од активен ден на медијација не може да трае повеќе од пет дена. Може да се случат во одредени предмети неколку средби, но повторно тие се многу малку, речиси се неспоредливи роковите, потенцира Младеновски.

Тој вели дека основното што ги мотивира страните што се во спор да го решат во постапка на медијација е интересот.

– Тие точно знаат кој е нивниот интерес и секогаш ќе се водат од него. Во интерес на сопствениот интерес ќе гледаат постапката да биде куса, да биде евтина и притоа двете страни да дојдат до решение од кое ќе бидат задоволни, рече Младеновски.

На прашањето за колку би се намалиле трошоците на бизнисите доколку користат медијација, претседателката на СККМ Аровска вели дека тие се зголемуваат многукратно доколку се оди по редовна постапка. Додаде дека разликата меѓу медијацијата и редовните спорови е долготрајноста на постапката. Времето во бизнисот и економијата, како што рече, е еден од најважните фактори и не секој го има тој луксуз на располагање да може да решава должничко доверителски односи со години.

Според списокот објавен на сајтот на Комората и на Министерството за правда, официјално 43 медијатори се со лиценца.

Петмина загинати во руски напад врз украинскиот „Хари Потер замок“

Бројот на жртви во руското ракетирање на популарно наречениот замок „Хари Потер“ во украинскиот град Одеса се искачи на пет.

Уште 32-ца се ранети во синоќешниот напад врз објектот каде е сместен правниот факултет во јужниот пристанишен град.

Според украинските власти, тие кои биле во зградата немале доволно време да се евакуираат, бидејќи сирените се активирале само неколку минути пред нападот.. По Киев и Харков, одеса е трет по големина град во Украина и до војната беше еден од клучните градови за економијата на земјата и популарно туристичко одморалиште..

Тројца кинески астронаути слетаа на Земјата по шест месеци поминати во орбиталната станица

Кинеското вселенско летало Шенжу-17 денеска се врати на Земјата со тројца астронаути кои ја завршија својата шестмесечна мисија на орбиталната вселенска станица, јавија кинеските медиуми.

Тројцата астронаути слетаа на локацијата Донгфенг во северниот дел на кинеската автономна област Внатрешна Монголија во пустината Гоби, нешто пред 18 часот по локално време.

Слетувањето се случи четири дена откако екипажот на вселенската капсула Шенжу-18 се спои со орбиталната станица за да ги замени космонаутите од Шенжу-17. /МИА

СКСЗМ на работна средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ

Владеење на правото, борба против сивата економија, борба против корпцијата се трите клучни точки кој Стопанската комора на северозападна Македонија очекува на идната влада да и бидат приоритет.

Претседателот на комората, Менди Ќира денеска оствари нова средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која тема на разговор беа економската програма на партијата содржана во платформата 1198 . Дел од проектите во платформата, како што истакнаа од комората се предлози од бизнис заедницата.

притисни ентер