Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче
1Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче
3Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
ЗдравјеКомора на приватно здравство: Да се објави повик за ангажирање лекари во новите КОВИД амбуланти Комората на приватно здравство при Сојузот на стопански комори на Македонија, реагира на одлуката на Комисијата за заразни болести, матичните лекари да дежураат во новите ковид амбуланти.Предлог на Комората е решение за состојбата да се изнајде во модел за соработка меѓу јавен правен субјект и приватен правен субјект кој ќе се заснова на договор за соработка. -Матичните лекари се доктори вработени во приватни здравствени установи, а не во јавно здравство, поради што и нема правни можности да им се наметнуваат обврски, туку соработката треба да биде на договорен основ, регулирана со соодветен правен акт. Како доктори и управители на приватните здравствени установи тие имаат обврски кон своите матични пациенти и кон ПЗУ како правен субјект, што вклучува континуирана здравствена грижа за сите матични пациенти, а не само за оние болни од ковид 19, како и издавање на рецепти, боледувања и другата административна работа што не може да се одложува, велат од Комората. Комората ја повикува Комисијата да објави оглас на кој ПЗУ-и од општа медицина кои имаат волја да дежураат во КОВИД амбулантите, ќе можат да се пријават, а соработката ќе биде регулирана со соодветен договор кој ќе биде склучен со здравствената установа и во кој ќе бидат наведени договорните обврски и услови за двете страни. -Во таа насока во огласот, односно договорот, јасно треба да се дефинира платата, надоместокот кој ќе се добива за ангажманот во ковид амбулантата, по примерот на плаќање на дежурствата во јавните здравствени установи, кои се регулирани со Колективен договор и Закон за работни односи. Законите треба да се почитуваат и да важат еднакво за сите поради што и не треба да се доведуваме во ситуација цената на трудот на лекарите од јавниот сектор да биде платена, додека од оние во приватниот сектор да се очекува да работат бесплатно, истакнува Комората. Комората за приватно здравство оценува дека матичните лекари во текот на целата пандемија понесоа поголем дел од товарот, а при тоа не добија соодветна поддршка. -Но, и покрај тоа, ставајќи ја грижата за пациентите на прво место поддржуваат креирање на соодветни решенија кои ќе го забрзаат движењето на пациентите низ системот и ќе придонесат за побрза дијагностика и соодветен и ефикасен третман, но тоа би требало да биде на начин на кој сите нешто ќе добијат и никој нема да трпи директна штета. Во однос на функционирањето на ковид амбулантите треба да се преиспитаат и дополнителни можности за ангажирање на лекарите од секундарното ниво на здравствена заштита, бидејќи според информациите кои ги објавува Комисијата за заштита од заразни заболувања во овој бран на ковид 19 нема зголемен број на пациенти со компликации кои бараат болничко лекување, што значи дека лекувањето се спроведува на примарно ниво односно кај матичните лекари, а оние од специјалистичките и болнички здравствени установи не се многу оптоварени, што би значело дека има можности за дополнително да се ангажираат, наведува Комората. Комората на приватно здравство е деловна мрежа во која членуваат приватните здравствени установи од сите сектори, општи лекари, стоматолози, аптеки и веледрогерии, различни медицински специјалистички ординации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКристијано Роналдо во проширениот список на селекторот Жорже Жезус за Лига нацииЖезус и Кристијано ги смируваат страстите? Притисокот од јавноста вроди со плод – Кристијано Роналдо се враќа во тимот на Португалија за Лигата на нации. Португалската федерација, во согласност со правилата на ФИФА, однапред испраќа прелиминарни покани до клубовите за околу 50 фудбалери, додека конечниот список се објавува подоцна. Кристијано Роналдо е вклучен во проширениот список на португалскиот селектор Жорже Жезус за претстојните натпревари во Лигата на нации против Данска и Велс, пренесува угледниот португалски весник „А Бола“. Вклучувањето на капитенот на Португалија во прелиминарниот список не значи дека тој сигурно ќе биде дел од тимот за претстојниот собир, но претставува важен чекор кон неговото враќање во националниот состав. Претходно, Роналдо го напушти репрезентативниот камп пред натпреварот со Данска, откако претходно се загреваше на средбата против Норвешка, но не настапи. Поради тој потег, следеше дисциплинска санкција, при што Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Португалија му изрече суспензија во траење од 30 дена. Сепак, казната истекува пред почетокот на следниот собир на националниот тим, па постои можност искусниот напаѓач повторно да биде дел од екипата. Португалската федерација, во согласност со правилата на ФИФА, однапред испраќа прелиминарни покани до клубовите за околу 50 фудбалери, додека конечниот список се објавува подоцна. Поради ова, значителен број играчи од првичниот список ќе отпаднат од конечните планови на селекторот. Португалија веќе обезбеди место во четврт-финалето на Лигата на нации, откако оствари четири победи на четири натпревари. Уште еден бод би бил доволен за и математички да се потврди првото место во групата. Враќањето на Роналдо, на тој начин, останува една од главните теми пред следните репрезентативни предизвици, но конечната одлука за неговото место во тимот ќе биде позната дури откако селекторот ќе го објави конечниот список.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на ФилипчеКај Филипче и СДС работи ефектот на илузорната вистина. Тие се длабоко уверени дека ако една лага ја повторат 1000 пати, таа некако ќе стане вистина.Таков е и случајот со нивните илузорни вистини за Вучиќ и за српскиот свет. Кај нив едноставно речено, работи Фројд. До пред неколку години, кога беа власт Заев и Филипче го величаа Вучиќ и му се поклонуваа на граница кога им донираше вакцини затоа што овие двајцава сакаа нашите да ги украдат. До пред само некоја година, Заев и Филипче го шетаа Вучиќ по македонските винарии, му подаруваа македонски дресови и му се извинуваа ако во Македонија кажеа некаков лош збор за него. А во меѓувреме, за лица блиски до него како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, едниот близок соработник, а другиот кум на Вучиќ, веднаш по доаѓањето на Зоран Заев на власт во Македонија, беа вдомени како советници во неговата влада. И наместо да слават за победа на избори на друга партија во друга држава, нека си го средат својот двор. Ако се подготвени за избори, нека ги побараат. А не да бегаат од нив како ѓавол од темјан. Почитувани граѓани, Промените во Европа почнаа пред 4 години токму од Македонија. Со заминувањето на Заев и Филипче од власта, а потоа и со заминувањето на Димитар Ковачевски во Македонија, конечно, дојдоа промените. Граѓаните конечно добија надеж, почит и верба за подобро утре. Затоа на прашањето кое го поставува Филипче, а тоа е: кој е следен? Имаме многу лесен одговор. Филипче, ти си следен! Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКралот Чарлс ќе ги посети поранешните британски колонии: Сакаа отштета поради ропствотоКралот Чарлс оваа недела заминува на турнеја низ Карибите, во време кога во регионот се засилуваат повиците Велика Британија да плати репарации за својата улога во трговијата со робови, објави денеска Ројтерс.Кралот и неговата сопруга Камила најпрво ќе ги посетат Бахамите и Гвајана, а потоа ќе отпатуваат во Антигва и Барбуда за состанокот на шефовите на влади на земјите од Комонвелтот (CHOGM), кој се одржува на секои две години. Турнејата ќе трае од 27 октомври до 4 ноември. На претходниот состанок на лидерите на Комонвелтот во 2022 година, Чарлс изрази длабоко жалење во врска со ропството – тема што сигурно повторно ќе биде покрената. Комонвелтот претставува група од 56 земји, од кои повеќето се поранешни британски колонии. Минатиот месец, „CARICOM“ – заедница од 23 карипски нации, вклучувајќи ги Бахамите, Барбадос и Јамајка – објави дека прашањето за репарациите ќе биде дел од дневниот ред на „CHOGM“. „Карипскиот регион постојано нагласува дека прашањето за репарациите, во својата суштина, е прашање на правда“, изјави генералниот секретар на „CARICOM“, Карла Барнет, во говор минатиот месец. Кралот нема да упати формално извинување „Станува збор за признавање, одговорност и трансформација – градење праведна и еднаква иднина за потомците на оние кои, како сопственост на колонијалните господари, претрпеле незамисливи страдања, како и губење на животот и слободата“, рече таа. Иако од Бакингемската палата изјавија дека кралот нема да ја избегнува темата за вмешаноста на Британија во трансатлантската трговија со робови за време на неговата турнеја, тој сепак нема формално да се извини за тоа, како што некои бараат. Ова е во согласност со политиката на британската влада, која исто така ја отфрла можноста за какви било финансиски репарации. „Овде е важно да се истакне долгогодишната работа на Неговото Височество во насока на признавање на грешките од минатото и обидите да се пронајдат креативни начини за исправување на нееднаквостите што сè уште постојат“, изјави портпарол на палатата. „Извинувањето не би било на одмет“ Ширли Бочвеј, генерален секретар на Комонвелтот на нациите – организација која опфаќа околу 2,7 милијарди луѓе – минатата недела изјави дека дошло време да се разговара за репарации, било да се тие финансиски или од друг вид, како што е враќањето на историски или културни предмети. Што се однесува до извинувањето од кралот, кој сè уште е шеф на државата во голем број карипски земји, вклучувајќи ги Бахамите и Антигва и Барбуда, Бочвеј за „Скај њуз“ изјави дека „тоа не би било на одмет“. Како што пренесува „Ројтерс“, во периодот од 15-тиот до 19-тиот век, европски трговци киднапирале и продале најмалку 12,5 милиони Африканци како робови. Притоа, Велика Британија била одговорна за транспортот на приближно 3,2 милиони луѓе, што ја прави втора најактивна европска земја во тој поглед, веднаш по Португалија. Извор: Индекс.хрТагови: британски колонии Кралот Чарлс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter