Комитет за превенција на тортура на СЕ: Апсолутна забрана за тортура, нехуман и деградирачки третман на лица лишени од слобода

Од Хелсиншкиот комитет наведуваат дека Комитетот за превенција од тортура го објавил ова мислење веднаш по апелот на 50 европски невладини организации, кои се вклучени во областа на здравјето во затворите.

За апсолутна забрана за тортура, нехуман и деградирачки третман, апелира Комитет за превенција од тортура на Советот на Европа, кој го објави мислење за третманот на лицата лишени од слобода во време, кога се преземаат сериозни мерки во борба против Ковид-19.

Од Хелсиншкиот комитет наведуваат дека Комитетот за превенција од тортура го објавил ова мислење веднаш по апелот на 50 европски невладини организации, кои се вклучени во областа на здравјето во затворите.

Овие организации изразија вознемиреност од неподготвеноста на казнено-поправните управи да се справат со ширењето на коронавирусот на континентот и од недоволното размислување за специфичната состојба на затворите во националните планови за подготвеност и системите за справување со инциденти во областа на јавното здравје.

Потсетија дека во секое време во затворите низ континентот има над 1,5 милиони лица и согласно меѓународните договори, земјите се обврзани да ги преземат потребните мерки за заштита на животот и здравјето на притворените и затворените лица.

Организациите-потписнички ги алармираа засегнатите меѓународни организации, пред сè СЗО и Советот на Европа, за сериозните недостатоци забележани на терен и ги повикаа да направат притосок врз владите да преземат посебни здравствени мерки.

Комитетот во своето мислење наведува дека предизвиците на вработените кои работат во затворените институции се специфични и интензивни, а тука спаѓаат полициските станици, казнено-поправните установи, прифатните центри за странци и мигранти, психијатриските болници и социјалните заводи, како и различните ново-воспоставени установи/зони каде што лица се сместени во карантин.

Мерките за заштита од вирусот не смеат да резултираат со нехуман и деградирачки третман кон лицата лишени од слобода. Според мислењето на КПТ, сите органи под чија надлежност спаѓаат лицата лишени од слобода, на територијата која ја опфаќа Советот на Европа, треба да ги применуваат следните принципи:

-Преземањето на сите возможни мерки за заштита на здравјето и безбедноста на сите лица лишени од слобода мора да биде основен принцип. Преземањето на овие мерки исто придонесува кон зачувување на здравјето и безбедноста на вработените во овие установи.

-Насоките на Свестската здравствена организација (СЗО) за заштита од пандемија, како и националните здравствени и клинички насоки кои се во согласност со меѓународните стандарди мора да бидат испочитувани и целосно имплементирани во сите затворени институции.

-Треба да се зголеми бројот на вработени во овие установи, а вработените треба да ја добијат целата професионална поддршка, заштита на нивното здравје и безбедност, како и обуки неопходни за да можат да продолжат во извршување на нивните задачи во затворените установи.

-Кои било рестриктивни мерки преземени во однос на лица лишени од слобода со цел спречување на вирусот КОВИД-19 треба да бидат законски основани, неопходни, пропорционални, треба да го почитуваат човековото достоинство и да бидат временски ограничени. Лицата лишени од слобода треба да добијат сеопфатни информации, на јазикот кој го разбираат, за сите овие мерки.

-Бидејќи блиските контакти поттикнуваат ширење на вирусот, сите надлежни органи треба да вложат концентрирани напори за применување на алтернативни мерки наместо лишување од слобода. Ваквиот пристап е императивен, особено во ситуации каде што постои пренатрупаност. Дотолку повеќе, властите би требало повеќе да ги употребуваат алтернативните мерки за притвор, преиначување на казните, предвремен отпуст од затвор или пробација, преиспитување на мерките за задолжително лекување во психјатриски установи, отпуст или пуштање на лицата сместени во социјални заводи, доколку тоа е прифатливо, како и воздржување, во најголема возможна мерка, од задржување/притворање на мигранти.

-Во однос на здравствената заштита, посебно внимание е потребно за специфичните потреби на лицата лишени од слобода, со посебен осврт на ранливите групи и/или ризичкните групи, ако што се постарите лица и лицата со веќе постоечки здравствени проблеми. Ова опфаќа, меѓудругото, скрининг на постоење на вирусот КОВИД-19 и начини за пружање интензивна нега ако тоа е потребно. Понатаму, во вакви времиња, лицата лишени од слобода треба да добијат дополнителна психолошка поддршка од вработените.

-Иако е легитимно и разумно да се суспендират неесенцијалните активности, фундаменталните права на лицата лишени од слобода мораат да бидат испочитувани во целост. Ова го вклучува правото на одржување адекватна лична хигиена (вклучувајќи пристап до топла вода и сапун) и право на дневен пристап до свеж воздух (најмалку еден час). Понатаму, сите ограничувања на контакти со надворешниот свет, вклучувајќи посети, треба да бидат компензирани со зглемен пристап до алтернативни начини на комуникација (како што е телефон или комуникација по пат на интернет/ Voice-over-Internet-Protocol)

-Во случаи на изолација или каратин на лице лишено од слобода кое заболено или постои сомневање дека е заболено од САРС-КоВ-2 вирусот, на ова лице треба да му се овозможи суштински човечки контакт секој ден.

-Основните механизми за заштита од нехуман третман на лицата задржани во полициска станица (пристап до адвокат, пристап до лекар, известување за задржување) треба да бидат целосно испочитувани во сите околности и во секој момент. Мерки за претпазливост (како што е барање лицето со симптоми да носи заштитна маска) може да биде соодветно решение во некои случаи.

-Мониторингот кој што го вршат независни тела, вклучувајќи го Националниот превентивен механизам (НПМ) и КПТ, и понатаму се основни механизми за заштита против нехуман третман. Државите треба и понатаму да гарантираат пристап на сите тела за мониторинг во сите места каде што се сместени лица лишени од слобода, вклучувајќи ги и местата каде што се сместени лица во карантин. Меѓутоа, сите мониторинг тела треба да ги преземат сите мерки на претпазливост, со цел да се придржуваат на принципот „непредизвикување штета", посебно кога работат со постари лица и лица кои имаат постоечки здравствени проблеми. /МИА

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер