Комисијата за заразни болести проценува дали се потребни нови рестрикции

За денеска во 11 часот е закажана прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче. 

На неа се очекува тој да информира за проценките на Комисијата за заразни болести за евентуално нови мерки со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

Комисијата за заразни болести, како што е најавено, треба да одржи состанок на кој ќе ја разгледа епидемиолошката состојба во земјава.

– На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не, изјави вчера министерот Филипче дадена вчера.

Како резултат на зголемениот број на новопријавени и хоспитализирани случаи на Ковид-19 во земјава е воведен полициски час до 22 март, што важи од 22 часот до 5 часот наутро.

Мик Џегер на концерт во Лујзијана го прозва гувернерот за инклузија- експресно му одговори

Англискиот пејач Мик Џегер (80) накратко зачекори во политиката на американската сојузна држава Луизијана, упатувајќи вербален „удар“ до конзервативниот гувернер на државата.

Англискиот пејач Мик Џегер (80) накратко зачекори во политиката на американската сојузна држава Луизијана, упатувајќи вербален „удар“ до конзервативниот гувернер на државата, додека „Ролинг Стоунс“ настапувале на фестивал во Њу Орлеанс, пренесува АП.

Бендот ја заврши песната „You Can't Always Get What You Want“ за време на настапот во четвртокот вечерта, кога Џегер почна да зборува за инклузија, објави Асошиејтед прес, цитирајќи медиумски извештаи од Њу Орлеанс.

„Сакаме да го вклучиме и него. Дури и ако сака да нѐ врати во каменото доба“, рече Џегер за гувернерот Џеф Ландри.

Лендри (53) е републиканец поддржан од Доналд Трамп, поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат, а откако беше повикан, тој му одговори на Џегер:

„Не можеш секогаш да го добиеш она што го сакаш. Единствената личност која веројатно може да се сети на каменото доба е Мик Џегер. Те сакам пријателе, секогаш си добредојден во Луизијана!“.

Костадиновска Стојчевска од Пустец: Хероите како Гоце Делчев се нашиот патоказ кон Европа

Хероите како Гоце Делчев и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа.

Денеска, на денот на неговата херојска смрт, во Пустец ја откривме бистата на македонскиот револуционер и учител, Гоце Делчев. Таа ќе биде вечен потсетник за значењето на искрената борба во име на високите цели за напредна и независна држава.

Заедно со нашите сограѓани Македонци му оддадовме почит на еден од најсветлите ликови во нашата историја, идеолог и борец за слободна македонска држава. На дело покажуваме како заедно, од двете страни на границата, се грижиме за македонската историја и култура, и ги афирмираме македонскиот јазик и идентитет.

Зборовите на Гоце Делчев и неговата визија дека го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите никогаш нема да исчезнат од нашата колективна меморија и од нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.

Ние никогаш не сме се откажале ниту ќе се откажеме од делото и визијата на македонските револуционери, на оние кои биле на вистинската страна на историјата и денес наша обврска е да останеме на нивната страна.

Да живее споменот на Гоце Делчев!, објави на ФБ министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска.

Украина објави снимка од купишта уништени руски тенкови: Пат до пеколот (ВИДЕО)

Украина објави видео на кое се гледаат 42 уништени руски тенкови и оклопни возила во источен Доњецк.

Таму се водат жестоки борби, пишува Newsweek.

Снимката од воздух ја објави украинското Министерство за одбрана. Видеото е снимено од 58 моторизирана бригада. „Патот до пеколот. Десетици руски тенкови и борбени возила се уништени на мал дел од линијата на фронтот во регионот на Доњецк“, соопшти Министерството.

Не е јасно кога точно е направена снимката. „Њузвик“ контактирал и со руското Министерство за одбрана, но немало никаков одговор.

Холандската платформа Орикс, која од самиот почеток ги следи воените загуби, тврди дека Русија изгубила 2.948 тенкови од почетокот на конфликтот. Исто така, Орикс има визуелна потврда за загубата на 797 украински тенкови.

притисни ентер