Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го презентираше годишниот извештај - Канал 5

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го презентираше годишниот извештај

Работните односи и етничката припадност се најчестите причини на дискриминација - покажува извештајот на антидискриминаторската комисија за минатата година.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го презентираше годишниот извештај

Во него се наведува дека во најголемиот дел од пријавите или речиси 80 проценти како дискриминатори се посочени државните институции, органите на управата и општините. Сепак, според податоците, во 2024 година имало 405 претставки до комисијата, што е за 20 проценти помалку од претходната година.

-Во однос на областите, работата и работните односи е најчеста област во којашто се пријавува дискриминација и имаме исклучително зголемен број на претставки кои се однесуваат на членувањето во синдикатот и синдикалното организирање. За разлика од 2023 кога медиумите и јавното информирање ни беа најголема област, сега се наоѓаат на трето место.Имаме зголемување на поднесените претставки врз основа на национална и етничка припадност, значи дискриминација врз оваа основа. Сеуште високо котираат другото уверување или друга основа и личен и општествен статус. Во рамките на постапувањата гледаме дека позади ваквата дискриминација стои политичкото уверување,- - Игор Јадровски.

На настанот на кој беше презентиран годишниот извештај, обраќање имаше и Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која податоците ги оцени како загрижувачки, особено бидејќи како што кажа, има висок степен на дискриминација и кај работните односи, но и во образованието. Јавниот сектор како што кажа таа, се однесува како приватен, а ситуацијата треба да се обратна.

-Најголем број на дискриминација произлегува од извештајот дека има во сферата на работните односи и во јавниот сектор. Да, така изгледа, но јас мислам дека во приватниот сектор е скриен, невидлив и сигурно уште поголем. Тоа е за мене загрижувачко. И второ дека во образованието исто така високо значи постои,- Гордана Сиљановска Давкова.

Во извештајот се наведува и дека бројот на мажи и жени кои поднесуваат претставки до комисијата е речиси идентичен, а бројката на луѓе кои лично се обраќаат до комисијата се зголемува.

Комисијата инаку според извештајот, минатата година донела 316 одлуки по претставките, од кои повеќе од половината или 52 проценти биле отфрлени, најмногу поради неуредност на поднесоците.

YouTube video

Честит Велигден-Христос Воскресе

Канал 5 телевизија на сите христијански верници им го честита најголемиот празник Велигден. на вработените и на сите верници од православна вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба.

Честит Велигден-Христос Воскресе

На сите верници од православна и католичка вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба им посакуваме Честите Велигден.

-Христос Воскресе -Навистина Воскресе!

Денес се слави најсреќниот христијански празник, симбол на нов почеток и вечен живот во верба и мир. Честит Велигден!

Видео: Истражувачи спуштија камера во најдлабоката пештера во САД

Група храбри истражувачи решиле да се спуштат во најдлабоката  пештера во САД, а снимката е застрашувачка и неверојатна.

Видео: Истражувачи спуштија камера во најдлабоката пештера во САД

Имено, тие не само што се спуштија и се вратија, туку после тоа решиле и да го повторат неверојатниот подвиг.

Двајца Јутјубери од каналот ActionAdventureTwins споделија снимка од спуштање камера во пештерата на нивниот профил.

Ова е фантастичната јама во пештерата Елисон во округот Вокер, која се смета за најдлабока јама за слободен пад, со пад од неверојатни 179 метри.

Како што вообичаено се случува во современиот свет, истражувачите од каналот ActionAdventureTwins решиле таму да поминат „повеќе од 12 часа“, а со својата камера снимаа се, па со тоа ги одведоа своите претплатници во авантура која нема лесно да ја заборават.

На снимката се гледа како GoPro камерата се спушта во длабочините на темната пештера. На целата ситуација не ѝ помага ниту тоа што и камерата полека се ротира како резултат на тоа што е спуштена на долга жица закачена на електрична дупчалка.

Некои беа фасцинирани од длабочината на пештерата, додека други истакнаа дека само чекаат некое страшно суштество да се појави и излезе од длабочината на јамата.

YouTube video

Фото: Долф Лунгрен на прошетка со 28 годишната сопруга и ќерките од 28 и 22 години

Долф ручал со сопругата 28 годишната Ема Крокдал и ќерките Ајда Лундгрен (28) и Грета Лундгрен (22) во медитеранскиот ресторан Авра во Беверли Хилс.

Фото: Долф Лунгрен на прошетка со 28 годишната сопруга и ќерките од 28 и 22 години

Сите биле во опуштени модни комбинации.

Долф носи фармерки и црна маичка, над која има кошула во иста боја. Неговата сопруга исто така носи фармерки и црна маица.

Инаку мајка на Ајда и Грета е Анет Квиберг, која беше во брак со шведскиот актер од 1994 до 2011 година.

Актерот познат по своите улоги во акциони филмски хитови инаку во брак е со 40 години помладата Ема од јули 2023 година додека водеше битка со ракот. на неговата битка со ракот.

Долф Лунгрен ја доби битката со тешката болест .

Во ноември 2024 година, Лундгрен на Инстаграм откри дека неговата битка со ракот е завршена.

притисни ентер