Комисијата за историја реагира: Не е постигнат договор за цар Самоил

Македонскиот тим од заедничката Комисија за историја жестоко реагира на информациите искажани во дел од бугарските медиуми,  во кои беа споделени детали од билатералниот протокол во контекст на историјата.. 

Лаги и конструкции – вака копретседателот на македонско – бугарската комисија за историски прашања Драги Ѓоргиев ги коментира пишувањата на БГНЕС дека е постигнат договор за Цар Самоил да биде означен како бугарски цар и тоа да стои на спомен обележја, споменици или тврдини. Ѓоргиев вели дека постои текст за заедничко чествување на Цар Самоил усвоен во 2019 а кој од вчера се најде и во медиумите со препорака до владите во Скопје и Софија како таа држава да биде претставена во учебниците по историја.

„Не знам од каде се измислени тие конструкции таму, но апсолутно не е точно она што е наведено во некои медиуми со она што е усвоено од страна на самата комисија за заедничко чествување на Цар Самоил. Комисијата никогаш не усогласувала текстови за тие да бидат ставени на различни споменични обележја, споменици или тврдини. Комисијата усвојува заеднички текстови за заедничко чествување на одредени личности и тие личности се познати.

Во врска со француски предлог кој се појави во јавност, Ѓоргиев вели дека не го прочитал. Но по она што се најде во медиумите, првиот човек од македонскиот тим историчари е дециден дека работата на историската комисија е поставена каде што не и е местото.

„Работата на историската комисија не може да биде дел од процесот на политичките преговори. Тоа мора да биде паралелен процес кој ќе тече паралелно со тој процес кој нема да биде ограничен со рокови ниту врзуван со одредени императиви како до тогаш таа личност да биде решена.

Според професорката Маја Ангеловска Панова од Институтот за национална историја ако се прифати вака објавениот француски предлог ќе претставува сериозен проблем за земјава.

„Несомнено дека ова е преседан. Вакво нешто не постои во современите светски историографии на наметнување на нечиј наратив врз друг наратив, така што моето мислење е дека ова е едно агресивно однесување што не соодветствува со европските вредности, најмалку со вредностите што се применуваат во научно истражувачката работа.

Во соопштението кое денеска до достави македонскиот тим од историската комисија освен што се демантираат наводите во бугарските медиуми, се наведува и дека во сите досегашни решенија нема ништо спорно и ништо со што би се загрозил историскиот идентитет на македонскиот народ и дигнитетот на македонските граѓани.

Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Аксел Витсел би можел да остане во клубот и следната сезона, објави денеска новинарот Фабрицио Романо, кој е добар познавач на трансфер пазарот.

Според изворот, раководството на Атлетико сака да го продолжи договорот со 35-годишниот Белгиец до лето 2025 година.

Оваа сезона Витсел одигра 46 натпревари, на кои постигна два гола.

Витсел во мај лани крај на настапите за репрезентацијата на Белгија за која дебитираше во 2008 година и со 130 натпревари е втор на вечната листа зад Јан Фертојген (147 настапи).

Атлетико Мадрид е четвртопласиран на табелата во Ла Лига на шест кола до крајот на сезоната. /МИА

Видео: Пожар зад Универзална сала, интервенираат пожарникарите и Итната помош

Пожар избувна во куќа на улицата „Костурски херои“, зад Универзалната сала во Скопје.

Како што објавуваат повеќе медиуми, на терен се присутни две противпожарни возила и две цистерни на противпожарната бригада и едно возило на Итната помош.

На социјалната мрежа „X“ се појавија и видео снимки од настанот.

Се уште не е познато дали има повредени.

Во тек е интервенција на екипите.

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно,се е вратено во функција

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно, од МЗ за МИА велат нема штета, се е вратено во функција.

На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории на третиот кат, тврдат вработени на Клиниката.

Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.

МИА се обиде да стапи во контакт со медицинскиот директор на Токсикологија, но, досега нема одговор.

Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукнала цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

- Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.

Во понедлникот лекари од Клиниката алармираат дека има проблеми на Клиниката и дека главен проблем со којшто во моментот се соочува Клиниката е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот. Меѓу нив, како што посочија лекарите во понеделникот, е и боилничар кој вршел притисок кај лаборант да замени урина во која имало наркотици со чиста урина. Ставот на лекарскиот колегиум, е дека немаме потреба од толкав број нови вработувања.

Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

притисни ентер