Комисијата за авионски несреќи в понеделник влегува во М-НАВ - Канал 5

Комисијата за авионски несреќи в понеделник влегува во М-НАВ

Истражниот комитет веќе во понеделник ќе изврши разговори со надлежните во М-НАВ, а ќе се земат и аудио и видео снимки од собата за контрола. 

Комисијата за авионски несреќи в понеделник влегува во М-НАВ

Зошто на 7 септември секунди делеле од судир на два авиони на небото над Скопје и дали настанот ќе добие класификација сериозен инцидент ќе се знае за неколку дена по истрагата на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти – вели претседателот Зоран Илиевски за Канал 5, според кој одредени информации укажуваат на тоа дека случајот е сериозен.

Истражниот комитет веќе во понеделник ќе изврши разговори со надлежните во М-НАВ, а ќе се земат и аудио и видео снимки од собата за контрола. По изготвувањето на извештајот ќе бидат дадени класификација и препораки.

-Нашата дејност е по завршување на истрагата и давање на финалниот извештај, секогаш завршува со некакви заклучоци или препораки. Како да тоа не се повтори, затоа што видот на истрага кој ние го работиме е техничка истрага, треба да дојдеме до причината. Така да, превенцијата за во иднина да не се повтори ваков или сличен настан. Се зголемува безбеноста во воздухопловството што е наша најважна работа. - Зоран Илиевски – Директор на КИВНСИ

Денеска за случајот преку соопштение се огласија и од Здружението на контролори на летање. Според нив прогласувањето на настанот за сериозен инцидент без проверка на факти не оди во прилог на правично расветлување на сличајот. Сметаат дека алатката Flightradar24, кој го следи движењето на сите авиони во светот, не е релевантна алатка за давање на точна позиција во реално време.

Инаку, освен анализата од Flightradar, дека драма се случувала над небото во Скопје, покажа и аудио-снимката од комуникацијата меѓу пилотката на турскиот авион и контролорот на летање, во која таа му соопштува дека во авионот и се активирал алармот за избегнување на судир или познат како T-CAS и веќе не може да ги следи неговите насоки...

Според капетанот Венко Биковски – пилот со 50 годишно искуство, Т-КАС системот алармира единствено во опасни ситуации, една предупредувачка, друга која бара итна реакција. Па оттаму, вели случајот мора целосно да биде расчистен, бидејќи во спротивно македонското небо ќе стане црна дупка во европската навигација.

-Постои уште еден, кој што се вика врел каде вие веќе морате нешто да направите, зошто ако не го направите тоа, тогаш може да дојде до судир. Т-КАС-от е направен така да на едниот му дава инструкции да снижува, а другиот да се качува и така доаѓа до разминување. Контролор е сериозна професија која бара целосна концентрација и интелектуален капацитет, а не вработувања по рамковни договори, етнички и верски припадности, како ни пријателски и партиски релации. -: Венко Биковски – капетан/пилот

Авионите на Санекспрес и Туркиш Ерлјанс на 7 септември во 18.32 летале на висина од речиси 11 километри еден кон друг. По активнирањето на системот Т-КАС, на дестина секудни пред да се судрат, за среќа пилотит успеале едниот да оди нагоре, а другиот надоле, па направиле висинска разлика од околу 300 метри и безбедно се разминале.. Според информации на Канал 5, случајот освен кај нашите, пријавен е и во турската агенција за воздухопловство од страна на пилотката на Туркиш Ерлајнс.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 10:00 часот на 13.10.2026 на патниот правец А1 делница Прилеп – Кавадарци во делот Беловодица –Тројаци се воведува времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата заради градежни активности и ќе биде во сила се до завршување на истите.

Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација.

Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите.

МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим.

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект.

На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата.

Денеска нови цени на горивата

Нафтата Брент во петокот ја заврши трговската недела на 116,72 долари за барел, со неделен раст од околу шест проценти. Американската нафта достигна 103,27 долари. Според Ројтерс, поскапувањето е поттикнато од нападите врз енергетската инфраструктура во Саудиска Арабија и стравувањата од прекини во снабдувањето од Блискиот Исток.

Дали и за колку ќе поскапат одделните горива ќе покаже новата пресметка на РКЕ, која ги зема предвид берзанските цени на нафтените деривати и курсот на доларот.

Минатата недела бензините поевтинија за 2,50 денари, додека дизелот поскапе за два денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Искрени честитки до граѓаните на Србија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски  упати честитки до победниците на парламентарните избори во Србија.

Муцунски: Искрени честитки до граѓаните на Србија

„Искрени честитки до граѓаните на Србија за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех!

На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните.

Македонија останува цврсто посветена на натамошното продлабочување на нашето пријателство и добрососедските односи, во интерес на заедничката европска иднина и просперитетот на целиот регион.“- напиша Муцунски на „X“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер