ЗдравјеКомисијата на Меџити не најде нерегуларности во случајот со родилката што скокна од ГАККај родилката што скокна од прозорец на ГАК не била регистрирана психотична депресија, таа не изгубила контакт со реалноста и не можело да се предвиди немилиот настан.Ова стои во извештајот на шестчлената комисијата формирана од министерот за здравство Фатмир Меџити. Од министерството за здравство во одговор за Канал 5 појаснуваат дека сите медицински процедури биле направени. Во тек на денот по неколку прегледи одлучено е да се побара психијатрсики конзилијарен преглед пред испис но за жал жената во текот на доцните попладневни часови ненадејно посегнала по својот живот, стои во образложението од здравство во кое се потсетува дека родилката се пожалила на вознемиреност, чувство на замор и поплаки на болки за кои не постои соматска причина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција со традиционална воена парада го одбележува Денот на БастилјаФранција денеска со традиционална воена парада ќе го одбележи националниот празник – Денот на падот на Бастилја.На Парадата на авенијата „Шанзелизе“ предвидено е да учествуваат околу 6.700 војници, 98 авиони, 31 хеликоптер и 315 единици копнена воена техника. Дел од дефилето ќе бидат и припадници на земјите од коалицијата на подготвените што ја поддржува Украина, како и 25 украински војници. Годинешната парада има за цел да ја демонстрира подготвеноста на Франција за зајакнување на своите одбранбени капацитети и да го симболизира стратешкото будење на Европа. Почесни гости се украинскиот претседател Зеленски и 24 шефови на држави и влади од европските земји-членки на коалицијата на подготвените, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанскиот претседател Серџо Матарела, данската премиерка Мете Фредериксен и британскиот премиер Кир Стармер. Францускиот претседател Макрон вчера беше домаќин и на состанок на лидерите од коалицијата на подготвените, кои најавија нова воена поддршка за Украина, особено во областа на противвоздушната одбрана.по завршувањето на парадата, Макрон ќе отпатува во Ница, каде ќе се одбележи десетгодишнината од терористичкиот напад извршен на 14 јули 2016 година, кога напаѓач со камион влезе меѓу граѓани кои го прославуваа националниот празник. Во нападот загинаа 86 лица, повеќе од 450 беа повредени, а напаѓачот беше убиен.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДевојчето во Куманово брутално го претепале две малолетнички и една полнолетна девојкаОсновното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако вчера на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче.Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но досега не бил пријавен во надлежните институции. Шефицата на Основното јавно обвинителство куманово, Теута Бедиу – Рамадани, изјави дека веднаш по објавувањето на снимката е отворен предмет и се постапува по итна постапка. Според неа, едната инволвирана е полнолетна, додека другите две се малолетнички. Од свр куманово потврдија дека интензивно работат на случајот и најавија дека по завршување на проверките ќе соопштат повеќе детали.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕмиратите го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице Емиратите вчера го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице, а осум беа ранети.Трамп најави дека САД ќе воведат царина од 20% како дел од новата блокада на водниот пат. Американскиот претседател рече дека тие го напаѓаат Иран „многу силно“. Нападите беа извршени трета ноќ по ред, во услови на ескалација на нападите меѓу двете земји. Иранскиот министер за надворешни работи одговори на најавата за блокада велејќи дека Техеран ќе остане „чувар“ на протокот . Спорот околу контролата врз Ормутскиот теснец се заканува да ги попречи напорите за завршување на војната иако Трамп инсистираше дека договор е сè уште можен. Со зголемувањето на тензиите околу меѓународниот воден пат, Обединетите Арапски Емирати синоќа соопштија дека иранските крстосувачки ракети погодиле два национални танкери, при што загинал еден индиски член на екипажот и ранети се осум други, од кои четворица се во сериозна состојба. Денеска цените на нафтата се зголемија на азиската берза цената на суровата нафта „Брент“ порасна за 0,7% на 83,87 долари за барел, додека цената на нафтата што се тргува на американскиот пазар беше за 0,9% повисока на 79,04 долари.Тагови: Иран Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook