Комичар треба да плати 27 милиони долари поради шега: Во каков глупав свет живееме? (ВИДЕО) - Канал 5

Комичар треба да плати 27 милиони долари поради шега: Во каков глупав свет живееме? (ВИДЕО)

Лебоханг Мораке, композиторот добитник на Греми, познат како Лебо М, поднесе тужба од 27 милиони долари против зимбабвескиот комичар Лирнмор Џонаси.

Комичар треба да плати 27 милиони долари поради шега: Во каков глупав свет живееме? (ВИДЕО)

Тој тврди дека во своите стендап настапи и подкасти, Џонаси ја исмевал иконската песна „Круг на животот“ од филмот „Кралот лав“. Според неговите изјави, културното значење на песната и неговиот личен углед биле нарушени. Спорот бил започнат на почетокот на март во Лос Анџелес, каде што живее композиторот.

Во срцето на спорот е толкувањето на стиховите на јазиците зулу и коса. Според официјалниот превод на Дизни, „Nants'ingonyama bagithi Baba“ значи „Сите го поздравуваме кралот, сите се поклонуваме во присуство на кралот“, додека „Hay! baba, sizongqoba“ значи „Преку тебе ќе победиме“.

„Не можам да поверувам дека ме тужат за шега“

Јонаси понуди поинакво толкување на подкастот One54, велејќи дека текстот значи: „Види, има лав. О, Боже мој“. Адвокатите на Мораке признаваат дека зборот „ингоњама“ буквално се преведува како лав, но истакнуваат дека песната го користи како кралска метафора, објавува списанието Far Out.

Во тужбата се тврди дека неговата изведба не треба да биде заштитена со Првиот амандман, кој гарантира слобода на говор и изразување, бидејќи тој го претставил спорниот превод „како авторитативен факт, а не како комедија“. Според Мораке, ова му наштетило на угледот и значењето на песната. Токму оваа разлика помеѓу комедијата и презентирањето на фактите е клучната точка на спорот.

Јонаси јавно реагираше на обвинувањата на социјалните мрежи, каде што сподели видео од моментот кога му биле доставени судски документи за време на настап. „Официјално ме тужат за раскажување шега“, рече тој, додавајќи: „Ме тужат за 27 милиони долари за ова“.

YouTube video

Тој исто така истакна: „Во моментов барам адвокат. Ми треба навистина добар адвокат. Не можам да поверувам дека ме тужат за шега. Во каков глупав свет живееме?“ Во меѓувреме, комичарот започна кампања на GoFundMe за покривање на трошоците, со цел да собере 20.000 долари, од кои веќе се собрани повеќе од 10.000 долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали–Гетцова: Продлабочување на билатералната соработка и чешката поддршка за европската интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Чешката Република во Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Ирена Гетцова.

Сали–Гетцова: Продлабочување на билатералната соработка и чешката поддршка за европската интеграција

Министерот Сали ѝ посака добредојде на амбасадорката и успех во нејзината дипломатска мисија, изразувајќи подготвеност за унапредување на пријателските односи и соработката меѓу двете земји.

На средбата се разговараше за билатералните односи и европската перспектива на Северна Македонија. Сали изрази благодарност за континуираната поддршка од Чешка за членството на земјата во Европската Унија, нагласувајќи ја важноста на партнерството со земјите членки во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на институционалните капацитети.

Внимание беше посветено на можностите за размена на чешките искуства од процесот на пристапување и користењето на европските фондови, како и на потенцијалот за проширување на економската, образовната и културната соработка.

Министерството за европски прашања останува посветено на продлабочувањето на соработката со Чешката Република, во функција на унапредување на процесот на европска интеграција и остварување конкретни придобивки за граѓаните.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес - конференција. 

Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Филипче посочи дека промените во регионот означуваат крај на политичките и бизнис-спреги што ги одржуваат авторитарните и коруптивни режими на Балканот. Тој посочи дека падот на Виктор Орбан во Унгарија и политичките промени во Србија се сигнал дека системот на поврзаност меѓу власта, бизнисот и медиумите постепено се распаѓа.

„Некој ќе коментира зошто славиме и дали славиме туѓи избори. Не. Туку го славиме доаѓањето на демократскиот бран тука во регионот. Затоа што тие бизнис, политички и медиумски спрегi на Александар Вучиќ и до пред некое време на Виктор Орбан, се спрегите кои што го хранат, го хранеа режимот наш тука на Христијан Мицкоски. Нè држат во заробена држава, медиумски мрак и силен коруптивен режим“, рече Филипче.

Филипче потсети дека СДСМ подолго време предупредува за поврзаноста на власта на Мицкоски со политичките и бизнис-структури во регионот, додавајќи ВМРО го следи моделот на Српската напредна странка, а Александар Вучиќ е политичкиот ментор на Мицкоски.

„Сега, на тоа постепено му доаѓа крајот. Ние го најавивме. И со падот на Орбан, и сега со паѓањето на Александар Вучиќ во Србија. Практично, ВМРО е помалата привезок партија на нивната сестринска СНС од Србија. Александар Вучиќ му беше менторот, командантот, тој кој што даваше насоки како да функционира Христијан Мицкоски, тука, кај нас. И тој систем, многу добро, за жал, го имплементираше во наша земја“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека зад ваквиот модел стојат бизнис-интереси, особено во енергетиката, трговијата со електрична енергија и финансискиот сектор. Тој потсети на врските со компанијата „Руднап“, министерката Сања Божиновска и Душан Адамовиќ, влезот на Алта банка, поврзаноста на луѓе од српската власт со наркобизнисот и релациите со компании во Македонија блиски до премиерот Мицкоски.

„Пет тони дрога во „Скај“ преписките, пред некое време, излезе дека сите од власта во Србија биле вовлечени во наркобизнисот. Од највисокиот врв, преку директорите на БИА и Гашиќ и Вулин. Луѓето кои што тука имаа средби и со Христијан Мицкоски и со Максим Димитриевски. Пет тони дрога кои што директно водат до овие луѓе во Србија, а компаниите овде кај нас имаат директна релација со фирми блиски до премиерот Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

Во делот на медиумите, Филипче нагласи дека на медиумскиот пазар во Македонија, власта овозможи влез на српските медиуми „Алo“ и „Еуроњуз“, без соодветна регистрација и тие служат за ширење пропаганда и дискредитирање на политичките противници.

„Српски медиуми, кои што не се никаде регистрирани, добиле тука, спротивно на законот, дозвола да работат. А кои луѓе? Се знае. Луѓето кои што испорачуваат тука тоа што Александар Вучиќ нарачуваше. Латас и неговата компанија. Дискредитираше, лажеше, ширеше лажни вести. Се служеше со секакви механизми. Мене лично ми дискредитираа. Убиец сум бил на деца, доктор Менгеле, згради во Дубаи и така натаму. Со години на нас ни рушеа кредибилитет, незаслужено, и за тоа да знаат дека ќе одговараат, ќе дојде денот кога ќе одговараат за тоа. Влезот на „Ало“ медиумите, влезот на „Еуроњуз“, тие луѓе работат тука, новинари, а немаат лиценца за работа. Сакаа, како последен чекор, свесни дека им се руши балканскиот октопод, авторитарен и криминален, како последен чекор да ги внесат тие медиуми тука кај нас “, рече Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Патолошкиот лажго Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија

Патолошкиот лажго Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија.

Манасиевски: Патолошкиот лажго Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија

Филипче излажа дека поседува автомобил од 6.000 евра, или директно призна дека поседува уште едно моторно возило, но не му е пријавено во анкетниот лист.

За овој потег, очекуваме истрага на надлежните институции.

Почитувани граѓани,

Венко Филипче е патолошки лажго и лаже дури и за најмали ситници. Ги лаже граѓаните денес во опозиција, исто како што ги лажеше додека беше на власт.

Филипче е човек на кој не може да му се верува. Тој е истиот оној кој свесно создаваше хистерија и паника за водата во Гостивар и во Скопје, лажеше дека секој момент ќе банкротираме, лажеше дека тој ќе изгради Клинички центар, лажеше дека ќе го добиеме датумот за ЕУ и се сликаше со него, и што ли уште не излажа.

Филипче работи врз база на тоа дека ако повтори една лага сто пати, таа магично ќе стане вистина.

Затоа и дури и во своите редови не му веруваат. Но не му веруваат ниту граѓаните.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер