3Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
ЖивотКоментар на NY Times: Што чекавме толку долго да кажеме дека Бил Козби напаѓал девојки!Новинарот на NY Times Дејвид Кар, ги прозива колегите кои знаеле дека славниот комичар Бил Козби дрогирал и напаѓал девојки, да кажат зошто толку долго молчеле. Меѓу виновниците кои чуле за ваквите обвинувања а никогаш не го покренале прашањето јавно ниту му го поставиле на Козби, се вбројува и себе си.Дејвид Кар по име и презиме ги набројува новинарите кои знаеле дека комичарот Бил Козби, кој во 80-тите беше многу популарен и за кој во јавноста имаше мислење дека е духовит човек и татковска фигура, всушност дрогирал и сексуално напаѓал млади девојки кои своите трауми ги држеле во себе и тешко ги пробивале во јавноста. Едноставно, било тешко да се поверува дека комичарот има темна страна на својата личност. - Во тие луѓе кои молчеле се вклучувам и себе си. Во 2011 пишував два текста за Бил козби и иако бев слушнал за обвинувањата, не најдов простор да напишам и да го прашам - има ли вистина во нив. Зошто толку многу жени го обвинуваат дека ги дрогирал а потоа ги нападнал. Не го ни прашав! - вели Кар. - Марк Витакер е еден од оние кои знаеле и молчеле. Тој напиша биографија на Бил Козби на 500 страни, и не најде во тие 500 страни место да напише за обвинувањата од голем број жени, од кои 4 излегоа со име и презиме и кажаа пред јавноста што им правел комичарот. - Сите ние имаме оправдувања, но игнорирајќи ги обвинувањата им го завршевме грбот кои имаа храброст да излезат во јавноста и да кажат каков е всушност моќниот забавувач - вели новинарот на NY Times. Бил Козби не беше само забавувач. Тој беше сфатен како американски модел кој шири морални вредности, семејни вредности и порака дека со индивидуален труд се се постигнува. Но се до 2005 кога се појавија првите обвинувања - вработена во Универзитетот Темпл откри пред јавноста дека била дрогирана и напаѓана од комичарот. Потоа пред јавноста излезе Тамара Грин, адвокат од Калифорнија, со истите обвинувања. Во 2006-та Барбара Бауман го кажа истото, приказната ја објавија магазин во Филаделфија и магазинот „People“, но набргу замре. Адвокатите на Козби ја завршија работата, тоа стара „стара приказна“ за која никој веќе не се интересираше. Се поведе истрага но Козби не беше казнет на никаков начин. Темата повторно се обнови минатата година - Newsweek објави обвинувања од две жртви на Козби, заедно со тврдењата на Тамара Грин која го нарече Козби „силувач“ и „лажго“. На 16 октомври комичарот Ханибал Бурес во родниот град на Козби, Филаделфија, во скеч го нарече Козби силувач. Во неделата „The Washington Post“ објави рекапитулација на сите обвинувања против Козби./ извор: nytimes.com Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин пред медиумите за средбата со Трамп и СиПретседателот на Русија, Владимир Путин им се обрати на медиумите по трилатералната средба со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.Рускиот лидер истакна дека би сакал трилатералните средби со лидерите на Кина и на Соединетите Држави да продолжат, оценувајќи ја денешната средба како нова страница во историјата. Тој исто така рече дека трилатералната средба, одржана во Шенжен на маргините на самитот на АПЕК, била многу корисна, а дискусијата – слободна и искрена. По протоколарниот дел од трилатералната средба започна слободна размена на мислења, изјави Путин, додавајќи дека со лидерите на САД и на Кина, Трамп и Си, разговарал и за можната реформа на Обединетите нации. Путин се осврна и на внатрешнополитичката ситуација во Соединетите Држави, наведувајќи дека таа е сложена, со многубројни противтежи и механизми за одржување на рамнотежата на политичката моќ. На средбата, исто така, се разговараше за прашања поврзани со обезбедувањето слободна пловидба, рече Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКомпани се враќа на клупата на Баерн: Се чувствувам доброБелгискиот тренер Винсент Компани се враќа на клупата на европскиот фудбалски гигант Баерн Минхен по едномесечно отсуство поради здравствени проблеми. Белгиецот изјави дека се чувствува добро. „Беше многу интензивно. Во тој момент, тоа беше ново искуство. Кога ќе погледнам наназад, сè помина совршено. Добив поддршка и од клубот и од лекарите. Многу сум благодарен. Се обидувате брзо да пронајдете внатрешен мир и да ги чекате резултатите. Тоа беше позитивен процес; сите тестови покажаа добри резултати. Морам да кажам дека сум во многу добра здравствена состојба – направивме многу прегледи и сè беше во ред. Сега повторно се чувствувам одлично и пресреќен сум што сум повторно со тимот“, изјави Компани за веб-страницата на клубот. Во петок, Компани ќе го предводи Баерн на натпреварот од 10. коло во Бундеслигата против Келн. Минатиот месец, за време на еден тренинг, Компани имаше здравствен проблем поради кој пет дена помина во болница. Тој се лекуваше од иритација на мозочните обвивки – воспаление на ткивото што ги опкружува мозокот и 'рбетниот мозок.Тагови: Баерн М. Компани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизТрагичен крај на холивудски актер: Почина откако го удри автомобил пред домот во Лос АнџелесХоливудскиот актер Лари Поиндекстер починал синоќа, на 66-годишна возраст, неколку дена откако бил удрен од автомобил додека ја преминувал улицата во населбата Студио Сити во Лос Анџелес, каде што и живеел. Според медиумските извештаи, актерот бил во болница и чекал операција поради скршени ребра, кога ненадејно починал. Поиндекстер е роден во 1959 година во Далас. Неговиот татко, Х. Р. Поиндекстер, бил дизајнер на осветлување и сценографија, добитник на наградата „Тони“, а мајка му, Сју Ен Ердман, била оперска пејачка. Првата телевизиска улога ја добил во 1982 година во една епизода од серијата „A New Day in Eden“, а првата улога во сапуница ја остварил во 1984 година, кога го толкувал ликот на Бен Велч во осум епизоди од серијата „Days of Our Lives“, пренесува „Entertainment Weekly“. Во 1980-тите години, Поиндекстер се појави во поединечни епизоди од сериите „Happy Days“, „CHiPs“, „Silver Spoons“ и „Growing Pains“, пред да го толкува ликот на Џастин Мур во 23 епизоди од серијата „Santa Barbara“ во 1986 година. Меѓу другите улоги, тој се појави покрај Семјуел Л. Џексон и Колин Фарел во филмот „С.В.А.Т.“ (S.W.A.T.) од 2003 година, а имаше и мала споредна улога во филмот „Повторно 17“ (17 Again). Тој, исто така, настапуваше и во театар; зад себе Поиндекстер ги остави сопругата, кастинг-директорката Керол Крицер, и нивните синови близнаци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45