МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата
СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија
1МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата
2СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија
МакедонијаКомеморација за Сара Пројковска на Факултетот за музичка уметностСо едно минутен молк на Факултетот за музичка уметнст започна комеморацијата во чест на професорката Сара Пројковска, која животот на 48 годишна возраст трагично го загуби во пожарот во дискотеката во Кочани, настапувајки со својод бенд ДНК.Сара беше професорка по пијано, но и истакнат македонски музичар, пратечки вокал на бендот ДНК, како и на дел од најголемите македонски музички ѕвезди, вокалист во бројни музички проекти домашни и странски и текстописец на забавни мелодии, за што има освоено и бројни награди..Нејзините пријатели, колеги, студенти, соработници велат Сара засекогаш ќе ја паметат како незаменлива пријателка, секогаш ведра и насмеана, а особено по нејзиниот огромен талент, љубовта за музиката која кај неа се јавила од мали нозе и нејзиниот ангелски глас. Во нејзина чест настапија студентскиот оркестар и пијанистот Дино Имери, а беше прочитана и поема напишана од македонската поетеса Ана Бунтевска. На Факултетот за музичка уметност во чест на Сара Пројковска е отворена и книга на жалост каде нејзините колеги и студенти пишуваат пораки за последно збогум. Тагови: днк Сара Пројковска ФМУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамЛамборџини продаде помалку автомобили, но заработи повеќе од кога било досегаЛамборџини ги зголеми приходите и покрај падот на продажбата во првата половина од 2026 година.Ламборџини испорача 5.422 автомобили во првите шест месеци од 2026 година, што е за 4,6 проценти помалку во однос на истиот период минатата година. Падот на продажбата се должи на повисоките американски царини, послабата побарувачка во Кина, конфликтите на Блискиот Исток и неизвесноста на европскиот пазар. Иако новиот Темерарио ги достигна своите први клиенти на почетокот на годината, компанијата не објави колку примероци се продадени или испорачани. Се очекува наследникот на моделот Хуракан да го продолжи успехот на своите претходници. Втората половина од годината ќе биде обележана со почетокот на продажбата на новиот „Urus SE Performante“, кој користи „plug-in“ хибриден погон со 4,0-литарски V8 битурбо мотор и електричен мотор. Вкупната моќност е 812 КС, забрзувањето до 100 км/ч трае 3,3 секунди, додека максималната брзина достигнува 312 км/ч. И покрај помалите испораки, Ламборџини оствари приход од 1,74 милијарди евра, што е зголемување од 7,4 проценти во однос на претходната година. Оперативниот профит изнесуваше 395 милиони евра. Главниот финансиски директор Паоло Пома изјави дека резултатите се постигнати и покрај предизвикувачките глобални економски услови, при што повисоките американски царини и неповолните девизни курсеви негативно влијаат на бизнисот, но не ја оштетуваат позицијата на брендот во луксузниот сегмент. Извор: Б92Тагови: Ламборџини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштатаАкциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење.Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, во периодот од 3 до 9 август 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведувањето на засилени сообраќајни контроли во рамки на Европската недела на контроли. Акциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и нивните последици. Имајќи предвид дека се наоѓаме во период на летни одмори, кога е зголемена фреквенцијата на возила на патиштата, сообраќајната полиција ќе спроведува засилени контроли и превентивно-репресивни мерки на патните правци низ целата држава. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја приспособат брзината на условите на патот и со одговорно однесување да придонесат за зачувување на сопствената безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзијаПациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена.Во болницата во Гостивар, среде епидемија предизвикана од загадена вода, дежура:• еден специјалист инфектолог • четворица специјализанти • и дерматолози. Ова е состојбата на здравствениот систем што треба да се справи со масовно труење на граѓаните. Пациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена. Додека ова се случува: • Мицкоски и Клековски се на екскурзија. • Тошковски, откако го спроведе хиперхлорирањето, сега како „искусен експерт“ им предлага на граѓаните да ги испуштаат цевките - да го испуштат проблемот со бактеријата. • Сѐ уште нема официјален документ кој потврдува дека водата е технички исправна. Напротив - беше потврдено присуство на бактерија (вклучително и од директорот Стојанче Ангелов). • Тошковски сега најавува нови анализи на водата - затоа што досега очигледно не биле правено како што треба. Граѓаните се трујат. Болницата е преоптоварена. Пациентите се возат во друг град. А Мицкоски и неговата екипа на екскурзија. Ова не е кризна состојба, ова е целосен колапс на одговорноста. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter