Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаКомеморација за пожарот во Кочани: Трагедиите не треба да бидат поле на раздор, туку моменти на солидарност, хуманост и сплотеностТрагедиите никогаш не треба да бидат поле на раздор. Тие треба да бидат моменти на солидарност, на хуманост и сплотеност, истакна претседателот на Собранието.Трагедиите никогаш не треба да бидат поле на раздор. Тие треба да бидат моменти на солидарност, на хуманост и сплотеност, истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши во обраќањето на комеморативната седница за годишнината од пожарот во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени. Комеморативната седница почна со едноминутно молчење во знак на почит за споменот на 63-цата загинати во Кочани. На седницата, покрај пратениците, присуствуваа претседателката на државата Гордана Силјаноска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, семејствата на трагично починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“... Оваа комеморативната седница, според спикерот Гаши, не е само институционален формализам, туку заедничко поклонување на целата држава пред животите што згаснаа и пред семејствата што продолжуваат да ја носат тежината на оваа трагедија. На родителите им порача дека нивната болка е болка на целото општество и оти споменот на нивните најмили е дел од сите нас и од нашата колективна свест. - Денес, по една година, се собравме во оваа сала да се потсетиме, да размислиме и со почит да им одадеме почит на животите што згаснаа. Се собравме како ретко кога, не како власт и опозиција, не како претставници на партии или на институции, туку како општество што беше длабоко повредено. Тука сме како луѓе што ја споделуваат болката на овие семејства, за да им испратиме порака дека во оваа болка не се сами. Бранот на оваа болка не зафати сите. Тој донесе тага, потрес, солидарност, но и тензии, рече Гаши. Некои ноќи, нагласи, завршуваат рутински, некои оставајќи спомени, но има и такви што никогаш не завршуваат. Постојат утра што будат надеж и раѓаат нова сила, но има и мрачни утра што ја гасат надешта и предизвикуваат само болка. - Такво утро беше 16-ти март минатата година, кое осамна по трагичната ноќ во Кочани. Ноќ што започна со забава, со млади што славеа, со пријателства и насмевки, а заврши со плач, со рани и болка што длабоко продре во срцето на целата државата. Таа ноќ, Кочани и Македонија не ги изгубија само своите синови и ќерки, туку изгубија и дел од својата иднина. Еден неповратен дел од нашата душа таа ноќ изгоре во Кочани. Таа ноќ задно со животите на 63 млади луѓе со себе ги однесе и соништата и плановите кои штотуку почнаа да се градат. Приказните што, што туку почнаа да се пишуваат и утрешнината на многу семејства во нашата земја, рече Гаши. Со чуство на тага и тежок товар на одговорноста, посочи дека ја има најтешката задача да говори за трагедијата, за која, како што подвлече, и по една година тешко е да се изберат зборови, но уште потешко е да се изговорат. - Постојат моменти кога и да ги изберете зборовите внимателно, тие секогаш изгледаат недоволно за да го изразат она што човекот го чувствува и што го преживува. Таква е и оваа обврска за мене. Иако јавниот збор е должност, тој никогаш не бил толку тежок, особено кога си свесен дека во ваков случај ниедна реченица не е доволна за да ја исполни празнината и за да ја ублажи болката што оваа трагедија ја остави кај семејствата и во совеста на ова општество, рече Гаши. Во најтемните моменти на земјата, нагласи, ја видовме и најсветлата страна на нашето општество и оти никој не добива од поделбите. - Видовме како блеска силата на хуманоста, утехата што ја носи солидарноста и искрената поддршка. Во Собранието, на деновите на жалост, беше отворена Книга на жалост. Стотици граѓани дојдоа во тишина за да напишат неколку збора за оние што веќе не се меѓу нас. Ако ги прочитате ти рачно напишани редови, таму нема големи политички зборови. Има само искрени чувства, болка, копнеж и љубов за животите што прерано згаснаа. Човечкиот пример барем малку ја ублажи големата тага на земјата. Видовме лекари и медицински сестри што работеа денење и ноќе за да спасат животи. Пожарникари и полицајци што реагираа со храброст и посветоност. Црвениот крст задно со граѓаните и со други волонтери кои даруваа крв и понудија итна помош за семејствата, како и луѓе што се мобилизираа без штедење. Оваа солидарност немаше ниту политички, ниту етнички, а ниту верски бои, додаде Гаши. Споменот на жртвите од Кочани, подвлече, треба да живее во секој од нас. - Секогаш кога еден родител ќе го прегрне своето дете, секогаш кога еден млад човек ќе ги гради своите соништа, секогаш кога еден професионалец ќе ја врши својата работа чесно и секогаш кога една институција ќе постапува одговорно. Тоа треба да биде одговорот на оваа трагедија. Можеби тоа е најдостоинствениот начин за да ги паметиме и да им одадеме почит за ваквите настани никогаш повеќе да не се повторат и ниту едно друг семејство да не доживее ваква болка, истакна Гаши. Упати порака до сите дека трагедиите како оваа ни покажуваат дека одговорноста на институциите е поголема одошто проценуваме и оти правдата е поважна отколку што замислуваме. -Затоа е суштински важно надлежните институции, Јавното обвинителство, судовите, Министерство за внатрешни работи и сите истражни органи да работат во овој процес со професионализам, независно и целосно транспарентно. Правдата не треба да биде ниту пребрза поради политички ефект, ниту пак задоцнета. Само правда и вистината можат да донесат мал спокој за семејствата и за општеството, нагласи Гаши. Ги охрабри сите институции на правдата својата работа да ја извршат професионално и овој предмет точно да ги адреса грешките и виновниците за оваа трагедија. - Тоа е единствениот начин да се ублажи болката на они што ги загубија своите најмили, но и лекција дека спроведувањето на законот во нашата држава е обврска од која никој не е амнестиран, додаде претседателот на Собранието. Потсети дека меѓу жртвите имаше уметници, фудбалски ѕвезди и многу професионалци од различни области што требаше да ја прават државата горда. - Таа ноќ тие му пееја на животот, на надежите, на љубовта и на утрешниот ден. Песната на групата ДНК „Ако утре мене нема“, која до таа ноќ преставуваше само рефрен, денес добива поинакво значење за секој што ја слуша, затоа што за некој, за некои од ние што пееја утрешниот ден навистина никогаш повеќе не дојде. Додека за другите утрето дојде, но без оние што ја пеја, истакна Гаши. Во името на Собранието, во свое лично име и во името на сите граѓани на земјата изрази благодарност за поддршката, посветноста и сочувството покажани од сите, повторувајќи дека оваа трагедија е последниот аларм за сите политички и општествени чинители.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter