ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
1ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
1Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
КултураКомеморација за Милан ЗавковНеговата музика со сигурност ќе живее уште долги години, преку интерпретацијата на неговите творења.Милан Завков зад себе остави голем број на композиции кои се неизбришлив дел од македонската фолклорна музичка ризница и кои уште долго ќе се изведуваат на сцените и ќе бидат дел од нашето секојдневие. Тој беше брилијантен инструменталист и еден од нашите најголеми виртуози. Во иднина допрва ќе се слави неговиот лик и дело. Ова беше посочено на денешниот комеморативен собир во Фоајето на Националната опера и балет, посветен на првенецот на НУ „Танец“, врвен инструменталист и музички автор, Милан Завков, кој почина ненадејно завчера, во 61-та година од животот. Директорот на „Танец“ Мартин Вучиќ на денешниот комеморативен собир истакна дека Милан Завков остави трајни вредности во ансамблот на „Танец“ и неизбришливи спомени кај секој од вработените. -На наш својствен начин, со музика, во иднина ќе му одадеме должна почит на маестро Милан Завков, иако неговата музика и така со сигурност ќе живее уште долги години преку интерпретацијата на неговите творења. Можам со сигурност да тврдам дека споменот на неговиот музички хабитус ќе остане вечно втиснат во ансамблите на „Танец“ и на македонската музичка култура во целост, рече Вучиќ. Во телеграмата на сочуство од претседателот Стево Пендарвски која денеска ја прочитаа колегите на Завков, претседателот посочува дека Завков зад себе остави голем број на композиции, кои се неизбришлив дел од македонската фолклорна музичка ризница и кои уште долго ќе се изведуваат на сцените и ќе бидат дел од нашето секојдневие. -Милан Завков беше брилијантен инструменталист и еден од нашите најголеми виртуози. Ќе остане запаметен по неговиот ангажман како долгогодишен раководител на орекстарот на „Танец“ и првенец на оваа иснтитуција. Со смртта на Милан Завков загубивме голем композитор, неповторлив инструменталист, но пред се благороден човек, вели претседателот во телеграмата. Директорката на Здружението за заштита на авторски музички права, Антоанета Поповска Котевска на денешната комеморација повтори дека загубивме неповторлив виртуоз и автор, кој им го осветли патот на многу млади уметници и автори, оставајќи им аманет да продолжат да ја збогатуваат македонската музичка ризница. -Животот е едно големо патување кое ни овозможува да се спријателиме со многу луѓе, но во суштина малку од нив остануваат во нашите срца. Со Милан многу одамна почнавме со едно едноставно здраво, а денес кажувам едно оловно тешко збогум. Голема вистина е дека луѓето умираат кога сите ќе ги заборават. Големиот Милан Завков не го дозволува тоа. Неговите дела, добрина, генијалност, го осудија на незаборав. Ќе го паметиме ние, ќе го паметат и генерациите по нас, бидејќи остави свој препознатлив печат на музичките дела кои се слушаат, пеат и едноставно значат македонска музика, додаде Поповска Котевска. Сашо Либрински од Здружението на естрадни уметници на Македонија напомена дека Милан Завков беше стожерот на вистинската македонска народна и новокомпонирана музика. -Кога се зборува за ваков великан, зборовите се недоволно силни да го опишат. Ваквите луѓе едноставно треба да ги знаеш, да им ја почувствуваш енергијата и духовноста. Ваквите великани никогаш не умираат, тие живеат вечно, тие се присутни во секој миг и простор. Вонвременскиот карактер на неговата музика допрва ќе не гали, продуховува и ќе ни го одзема здивот. Многу генерации Македонци ќе воспитува, многу среќни и несреќни љубови ќе се пронајдат во неговите песни, многу играорци ќе ги искршат даските на сцените низ светот играјќи на неговите безвременски инструментални композиции, многу вода ќе протече низ Вардар потсетувајќи не на нашиот Милан, додаде Либрински на денешната комеморација. Тој додаде дека Милан Завков направи цело поглавје во историјата на македонската музика, направи историја, а неговото име ќе се слави со векови. На сцената Милан Завков има соработувано со многу имиња, а зад него ќе останат над 150 авторски творби, многу трајни снимки и повеќе дискографски изданија, меѓу кои врвните мелодии како „Заиграј со мене”, „Камен да беше срцето” и „Свири мајсторе” од Гоце Арнаудов, „Нема друга Македонија” од Војо Стојаноски, „Лична Јовано” и „Лазарополе” од Наум Петрески, „Пат за Стамболград” и „Мораш душо да ме разбереш” од Благица Павловска, како и други создадени за Атина Апостолова, Пепи Бафтировски, Сузана Спасовска, Ленче Кукиќ, Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Милица Кузмановска, Ефто Пупиновски. Милан Завков низ годините се истакнува и како солист инструменталист со многу ора и чочеци и се здобива со углед на еден од најдобрите хармоникаши во земјава, но и на просторите на поранешна Југославија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 09.11.2026 до 13.11.2026 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 51 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМинистерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“.Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ што се одржа од 13 до 15 ноември во спортската сала „Расадник“ во Скопје во организација на Македонската боксерска федерација со поддршка од Министерството за спорт. Ристовски упати честитки за финалистите и за сите учесници на традиционалниот турнир и ја истакна важноста што има оваа спортска манифестација за македонското борење и за македонскиот спорт во изминатите пет и пол децении. На годинешното јубилејно издание на „Златен гонг“ настапија 89 боксери од 20 земји. Победничкиот пехар на јубилејното 55.издание на „Златен гонг“ му припадна на украинскиот боксер Јуриј Захариев. Во женска конкуренција најуспешна беше Шпанката Лаура Галино Лопез, додека признанието за најдобар македонски боксер го доби Алин Нусуфи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Савески, до каде е кривичната пријава против Славески за Алта банка?Времето поминува а обвинителството молчи за Кривичната пријава поднесена од СДСМ за Алта банка.Обвинителот Ненад Савески има обврска пред граѓаните да одговори: до каде е постапувањето по кривичната пријава против Трајко Славески и другите одговорни лица во Народната банка за Алта банка? Дали е оформен предмет? Дали е определен обвинител што постапува? Кои дејствија се преземени? Кривичната пријава е темелна, опширна и со конкретни правни аспекти и основани сомневања за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување. Трајко Славески е директно одговорен, тој ја даде дозволата и како што самиот призна во координација со Мицкоски ја донесоа пералницата на Вучиќ, криминалната Алта банка во Македонија. Луѓето сега не можат да дојдат до своите пари, пензионерите до своите пензии, загрозен е и банкарскиот систем. Обвинителството мора бргу да реагира за да спречи уништување на докази, заташкување, криење на сметки и трансакции. СДСМ веќе побара да се преземат законски мерки за заштита на доказите и спречување евентуално влијание врз сведоците, вклучително и да се побара привремена забрана за вршење на должноста на Славески. Што е преземено од страна на Обвинителството? Ниту една функција не смее да биде штит од одговорност. Обвинителството не смее да биде последната линија на одбрана на власта. Савески, јавноста очекува одговор: до каде е кривичната пријава за Алта банка? Скопје, 16.13.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter