Комеморација за маестро Саша Николовски-Ѓумар - Канал 5

Комеморација за маестро Саша Николовски-Ѓумар

По повод смртта на својот редовен професор и диригент Саша Николовски-Ѓумар денеска на Факултетот за музичка уметност во Скопје се одржа комеморација.

Во присуство на членови на семејството Николовски, професори, студенти, уметници, се обрати министерката за култура Елизабета Канческа Милевска која, изразувајќи жалење, болка и тага поради ненадејната смрт на маестро Саша Николовски-Ѓумар, истакна дека тој беше врвен уметник, мајстор на својата уметност, но, пред се, човек во вистинската смисла на зборот, искрен пријател кој во луѓето секогаш го бараше најдоброто.

- Саботата беше ден во кој македонската култура изгуби многу....го изгуби уметникот кој речиси четврт век успеваше, најдлабоките и најинтимните размисли на бројните светски и македонски автори да ги претвори во музика...онаква каква што може да ја создадат само најталентираните мајстори на диригентската палка, рече Канческа Милевска.

Таа додаде дека неговиот живот згасна токму сега, кога Саша Николовски ги уживаше своите најплодни творечки години.

- Можеби и затоа, во овие мигови исполнети со болка си поставуваме стотици прашања, дали можеше да се сочува, да биде со нас уште многу години.... Но, кога ќе се осврнеме на сето она што Ѓумар и го остави на македонската култура и уметност, на сите нас, кога ќе се осврнеме на сето она што тој го направи во текот на својот земен живот, можеме со сигурност да кажеме дека маестрото одживеа животи на многу луѓе и дека ни остави наследство кое е достојно за длабока почит, рече министерката за култура.

Таа подвлече дека Саша Николовски беше еден исклучителен човек, една маркантна личност која македонската култура ќе ја памети, творец кој со својата професионална активност, посветеност и ангажман со години го градеше достоинството на македонската култура на национално ниво, но и во меѓународни рамки.

- Благодарение на Ѓумар десетици нови дела создадени изминативе три децении ја здогледаа светлината на денот, а другите кои веќе беа изведени, доживуваа нови, поуверливи и помоќни претставувања. При секоја подготовка на премиерна изведба речиси неподелена беше желбата таа да биде под сигурната и сугестивна рака на маестро Ѓумар. Изведбите на Ѓумар имаа нешто друго. Нешто посебно. Нешто што влеваше сигурност и доверба кај авторите. Композиторите ја сакаа неговата харизма, неговата сугестивност, неговиот ентузијазам кој тој беспоштедно го вложуваше и во растежот на нашите национални инстутуции, Македонската Опера и Балет, Македонската филхармонија, Факултетот за музичка уметност, Сојузот на композиторите на Македонија, Охридско лето и се разбира Музичката младина на Македонија, посочи Канческа Милевска.

Според неа, не можеме, а да не ја споменеме и неговата длабока посветеност на младите, неговите студенти, на кои, рече, несебично се трудеше да им го доближи сето свое знаење, но и да ја разбуди во нив страста и нескротливата енергија со која тој освои бројни партитури на големите музички мајстори.

- ...Ако има утеха во миговите кога таа ни е најпотребна на сите, тогаш нека биде тоа свеста дека великаните што оставиле трајни дела не умираат. Тие само го менуваат модалитетот на своето постоење. Остануваат да зрачат, да инспирираат, да не поттикнуваат преку своите дела. Да продолжиме да трагаме низ бескрајните пространства на музиката, секогаш инспирирани од неговиот творечки дух и неговата големина...Маестро, длабок поклон и бескраен аплауз, рече на комеморацијата министерката Канческа Милевска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осумгодишно момче гледало како му умираат дедо му и баба му- тој случајно ја преживеал несреќата (ВИДЕО)

Осумгодишно момче поминало низ нешто незамисливо - учествувало во ужасна сообраќајна несреќа во која ги гледало своите баба и дедо во нивните последни моменти од животот.

Осумгодишно момче гледало како му умираат дедо му и баба му- тој случајно ја преживеал несреќата (ВИДЕО)

Страшните сцени се снимени на патот DN15, во градот Горнешти, округ Муреш, Романија. Момчето било во автомобил управуван од неговиот дедо, кој во еден момент ја изгубил контролата врз возилото и преминал во спротивната лента, каде што се судрил челно со друг автомобил.

Сведоци велат дека дедото можеби заспал на воланот. Мажот (71) и неговата сопруга (69), која била на совозачкото седиште, починале на местото на несреќата.

Лекарите кои пристигнале на местото на несреќата можеле само да ја потврдат неговата смрт. Детето, по чиста среќа, преживеало и било итно префрлено во болница. Трите лица во удреното возило исто така морале да добијат медицинска помош.

Полицијата покрена кривична постапка за предизвикување смрт и телесни повреди од небрежност, објавува Антена Обзерватор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наставник по танц од Куба работел како руски агент- обвинет е за саботажи во четири земји на ЕУ

Кубански државјанин, инструктор по латино танц, координирал серија палежи во четири земји од ЕУ додека работел за руската разузнавачка служба. 

Наставник по танц од Куба работел како руски агент- обвинет е за саботажи во четири земји на ЕУ

Истражниот тим на ДВ го пронашол во студио за латино танц во Русија.

На социјалните мрежи, агентот се претставил како Адриан или Диос, што на шпански значи Бог. Во 2024 година, поврзаните со него сметки објавувале огласи за работа на Телеграм.

„Работа како фотограф“, пишувало во еден оглас на руски јазик во групен разговор за работни места во Полска, додека друг гласел:

„Оние кои се заинтересирани да аплицираат треба да испратат своја биографија, телефонски број и пасош. Бараме луѓе со воено искуство во надзор, разузнавање, логистика и тактички маневри“, се вели во објава на шпански јазик во група за Латиноамериканци, ветувајќи плата од 1.500 долари (околу 1.300 евра) плус бонус за секоја завршена операција.

Диос регрутирал неколку луѓе за да извршуваат саботажни операции за Русија во најмалку четири земји од ЕУ, открива истрагата на ДВ и три други европски радиодифузери. Повеќето од регрутите биле од шпански говорни земји. Во текот на месеци, DW и неговите партнери спроведоа десетици интервјуа со безбедносни службеници и луѓе блиски до осомничените. Тие пребаруваа доверливи судски документи, официјални изјави, објави на социјалните мрежи и протечени информации за да откријат кој бил Диос и како изградил мрежа од саботери кои палеле пожари низ цела Европа.

Не сите од нив успеале да ги извршат своите задачи.

Регрутирање на ранливи луѓе

Едно од луѓето што ги регрутирал Диос бил Луис Алфонсо Муриљо Диоса, кој во тоа време имал 34 години.

По потекло од Каиседо, рурален град во западна Колумбија познат по својот планински терен и земјоделски култури, Муриљо пораснал во семејство кое одгледувало кафе. Но, неколку години лоша жетва го турнале семејниот бизнис во долгови, според лице блиско до семејството.

Муриљо служел во колумбиската војска шест години. Тој ја напуштил војската во 2015 година, според судските документи. После тоа, тој сменил работа, како многу поранешни војници: посетувал курсеви за баристи, работел како телохранител и помагал во семејниот бизнис со кафе.

На почетокот на 2024 година, Муриљо одлучил да се приклучи на украинската армија, каде што странските борци можат да заработат неколку илјади евра месечно кога се распоредени на фронтот, според судските документи.

Барајќи информации за постапката, тој се приклучил на Фејсбук група за Латиноамериканци кои сакаат да се борат во Украина. Тогаш Диос го контактирал.

„Тие често ги таргетираат ранливите луѓе на кои им се потребни пари, кои се подготвени да патуваат за пари и кои се подготвени да не поставуваат многу прашања за целта на она што го прават“, вели Даниела Рихтер, вонреден професор по студии за разузнавање на Кингс колеџ во Лондон.

Уапсен за обид за саботажа

Во приватна порака на Фејсбук, Диос се претставил како член на „специјална група“ и го замолил Муриљо да работи со него на „специјални мисии“ во Европа, наместо да оди во Украина, според доверливи судски документи што ги прегледал ДВ.

Муриљо ја прифатил понудата, а Диос сè договорил од далечина: авионска карта, сместување и копнен превоз. Двајцата никогаш не се сретнале лично.

Кога Муриљо пристигнал во Букурешт во јули 2024 година, Диос му испратил сателитска снимка на која се гледа фабрика за рециклирање и нафтен бунар. Муриљо требало да ги фотографира и снима локациите, а подоцна да ги запали пожарите.

Сепак, тој бил уапсен додека шетал во близина на фабрика за рециклирање една ноќ откако направил фотографии од објектот.

Според судските записи, Муриљо им рекол на истражителите дека никогаш не имал намера да го запали пожарот. Тој тврдел дека се обидувал да стигне до Европа за да оди во Украина и дека не знаел за кого всушност работи.

Во 2025 година, Муриљо бил осуден на шест години затвор за обид за саботажа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дакота Џонсон е во врска со Машин Ган Кели?- заедно влегуваат во стан во Њујорк (ФОТО)

Актерката Дакота Џонсон и музичарот Машин Ган Кели предизвикаа гласини за можна врска откако беа видени заедно во Њујорк на 12 септември. 

Дакота Џонсон е во врска со Машин Ган Кели?- заедно влегуваат во стан во Њујорк (ФОТО)

Дакота и МГК, чие вистинско име е Колсон Бејкер, беа фотографирани пред зградата во населбата Трибека каде што се наоѓа станот на Тејлор Свифт.

Нивната средба привлече дополнително внимание бидејќи двајцата беа гости на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси, која се одржа во Медисон Сквер Гарден во јули, според американските медиуми.

Тие пристигнаа заедно во станот на Тејлор Свифт

На фотографиите објавени од TMZ, Дакота и МГК може да се видат како излегуваат од џип и влегуваат во зградата каде што Тејлор Свифт има стан вреден околу 50 милиони долари.

Според порталот, станува збор за приватно собирање бидејќи Тејлор моментално не живее во Њујорк. Таа и Тревис Келс, кои се венчаа на 3 јули, наводно престојуваат во неговиот дом во Канзас, каде што ѕвездата на НФЛ се подготвува за првиот домашен натпревар во сезоната.

Тие отидоа заедно во хотелот

Според порталот DeuxMoi, Дакота и MGK поминале неколку часа во станот, по што заедно се одвезле до хотелот каде што престојувала актерката. MGK е снимен како ѝ помага да излезе од автомобилот.

Ниту Дакота ниту MGK сè уште не ги коментирале гласините за можна врска.

Двете се поврзани со Тејлор Свифт и Тревис Келс со години. Дакота е блиска пријателка на пејачката, додека MGK и Келс се познаваат со години бидејќи двајцата пораснале во областа Кливленд, Охајо.

YouTube video

Дакота претходно беше верена со музичарот Крис Мартин. MGK беше верена со актерката Меган Фокс, со која има едногодишна ќерка, Сага Блејд, додека има 17-годишна ќерка, Кејси, од претходна врска со Ема Канон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер