Превентивни активности за спречување на пожари, кражби и измами и подобрување на безбедноста во сообраќајот
2Превентивни активности за спречување на пожари, кражби и измами и подобрување на безбедноста во сообраќајот
3Кривична против Рамиз Мерко и двајца вработени во општина Струга- издавале градежна дозвола во с. Мислешево
КултураКомеморација во Драмски театар за актерката Ленче ДеловаВо Драмски театар денеска ќе се одржи комеморација за актерката Ленче Делова.Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите, како што наведува Драмски, достоинствено, со збор, сеќавење, фотографија и снимка, ќе се потсетат на кариерата на македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова. Во 1970 година, Делова се вработила во Драмски театар - Скопје каде била професионално ангажирана сѐ до нејзиното пензионирање во 2013 година. Ленче Делова почина на 15 февруари годинава, на 77 годишна возраст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
АвтомобилизамНекои модели на „Ford“ би можеле неочекувано да се претворат во „кабриолети“„Ford“ се соочува со необичен проблем: панорамскиот покрив може да се одвои од автомобилот додека возилото се движи.„Ford“ издаде необично безбедносно предупредување и покрена постапка за отповикување на одредени примероци од своите електрични модели „Capri“ и „Explorer“ во Европа. Проблемот е поврзан со панорамскиот покрив, кој не бил соодветно залепен. Како резултат на тоа, постои ризик стаклениот покрив да се разлабави при возење и, во најлош случај, целосно да се одвои од возилото, пренесува „Revija HAK“. Ваквото сценарио претставува сериозен безбедносен ризик, особено при поголеми брзини, бидејќи одвоениот покрив би можел да ги загрози патниците во возилото, како и другите учесници во сообраќајот. Отповикувањето опфаќа ограничен број возила произведени во периодот од 18 до 29 март 2026 година. Сопствениците на засегнатите автомобили ќе можат да го решат проблемот во рамките на оваа постапка. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветСе огласија САД по пресудата на Хашим Тачи Соединетите Американски Држави изјавија дека ја почитуваат пресудата на Специјализираните совети против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими и ги повикаа сите страни да ја прифатат одлуката на судот.„Ја почитуваме денешната пресуда на Специјализираните совети на Косово“, изјави портпарол на американскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа. Стејт департментот изјави дека Соединетите Американски Држави ја поддржуваат правдата за сите жртви и нивните семејства и ја повтори својата поддршка за одговорност, правично судење и владеење на правото. Вашингтон, исто така, повика на избегнување на провокативна реторика по пресудата. „Ги повикуваме сите страни да ја почитуваат одлуката на судот, да избегнуваат провокативна реторика и да продолжат да работат кон мирна и демократска иднина“, изјави портпаролот на Стејт департментот.Тагови: Хашим Тачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за спречување на пожари, кражби и измами и подобрување на безбедноста во сообраќајотПревентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“,Денеска (16.09.2026) во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање на учесниците во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. Покрај тоа, на возачите во Тетово, Велес, Кавадарци и Неготино им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот, а на пешаците за обврска улицата да ја минуваат на обележан пешачки премин и да не користат мобилен телефон и слушалки додека поминуваат пешачки премин. Полициски службеници од СВР Битола пак, во основното училиште „Даме Груев" во Битола, одржаа едукативно предавање „Да ги заштитиме децата во сообраќајот". Во Штип, Кочани и Делчево, полициски службеници од СВР Штип реализираа превентивни активности „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Вози безбедно со технички исправно возило“, а ги информирааа граѓаните и за последиците што може да настанат доколку возат под дејство на алкохол. Отсекот за превенција при СВР Куманово пак, во Куманово спроведе превентивна активност за безбеден јавен превоз на патници и ученици, насочена кон правните лица кои вршат автобуски јавен превоз на патници односно неопходноста превозт да се врши со технички исправни возила. Полициски службеници од СВР Велес, ОВР Неготино, ПС Пробиштип и ПО Чашка денеска реализираа и превентивни активности за заштита од измами и различни форми на кражби, укажувајќи им на граѓаните да бидат внимателни во комуникација со непознати лица, да не ги споделуваат своите лични податоци и да внимаваат на своите лични предмети. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал. Oд страна на полициски службеници од ПС ГН Попова Шапка во с. Вешала и с. Шипковица беа реализирани превентивни активности за заштита од пожари, укажувајќи им на граѓаните за потребата од соработка со институциите и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување, фрлање и палење на ѓубре и палење оган, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции. Полициски службеници од ПС Берово пак во соработка со родителите на малолетни лица, во Берово спроведоа превентивна активност насочена кон малолетниците, односно за спречување на појавите на малолетничка деликвенција, злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанции и нарушување на јавниот ред и мир.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter