Колумбиските војници бегаат од Украина- виделе измачување на заробеници - Канал 5

Колумбиските војници бегаат од Украина- виделе измачување на заробеници

Колумбиските платеници кои се бореле на украинска страна избегале од фронтот откако виделе украински војници како мачат заробени Руси, изјави денес Максим Коротков-Гулјаев, адвокат на еден од обвинетите.

Колумбиските војници бегаат од Украина- виделе измачување на заробеници

„Кога мојот клиент, Хозе Арон Медина Аранда, видел на украинска територија како казнените баталјони брутално мачат, осакатуваат и убиваат руски воени заробеници, решил да избега оттаму“, изјави тој за ТАСС.

Според адвокатот, Медина Аранда бил на украинскиот фронт помалку од една година.

Таму се сретнал со Александар Анте, друг обвинет, кој исто така изразил желба да дезертира.

Човекот тврдел дека Службата за безбедност на Украина (СБУ) активно ги индоктринирала платениците користејќи го шпанскиот јазик.

Во меѓувреме, Градскиот суд во Москва го продолжи притворот на двајцата Колумбијци до 26 ноември.

Истражниот оддел на руската ФСБ покрена кривична постапка против нив за учество на платеници во вооружен конфликт или воени дејствија, што е казниво со затвор од седум до 15 години.

Прелиминарната истрага е продолжена до 22 декември поради големиот обем на работа.

Прецизирано е дека обвинетите војници биле приведени во август 2024 година со одлука на Лефортовскиот суд во Москва.

Според ФСБ, при претресот кај нив биле пронајдени банкарски картички, документи, воени униформи со симболите на батаљонот Карпатски Сеч и фотографии од приведените во Киев, објавени во локалните весници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воен авион се урнал во Унгарија

Унгарскиот премиер Петер Маѓар вчера изјави дека унгарски борбен авион „Грипен“ се урнал во близина на Солнок, во централниот дел на земјата, од непознати причини, и дека пилотот се катапултирал.

Воен авион се урнал во Унгарија

„Од причини кои сè уште не се познати, пред неколку минути, борбен авион „Грипен“ на унгарските вооружени сили се урна во близина на Солнок. Пилотот успешно се катапултирал. Истрагата е во тек, а министерот за одбрана (Ромулус Русин-Сенди) е на пат кон местото на настанот“, рече Маѓар, според порталот Портфолио.

Тој додаде дека во авионската несреќа нема повредени ниту штети на цивилната инфраструктура.

Министерот за одбрана Ромулус Русин-Сенди изјави во видео објавено на Фејсбук дека пилотот не е повреден во авионската несреќа.

Русин-Сенди додаде дека пилотот направил сè што можел за авионот да слета на безбедна и ненаселена територија.

Унгарската национална служба за брза помош соопшти дека состојбата на пилотот е стабилна и дека е префрлен со хеликоптер за брза помош во болница на набљудување.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Револт на екс фудбалски ѕвезди против Инфантино и ФИФА: Доста е. Смена

Бројни сегашни и поранешни фудбалери јавно се свртеа против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наведувајќи дека е потребна промена во раководството на светската фудбалска федерација.

Револт на екс фудбалски ѕвезди против Инфантино и ФИФА: Доста е. Смена

Меѓу нив се поранешните француски репрезентативци Микаел Силвестре и Емануел Пети, англиската репрезентативка Луси Бронзе и поранешниот англиски голман Дејвид Џејмс.

На почетокот на неделавфа Силвестре - член на панелот „Гласот на играчите“ на ФИФА - објави изјава на X насловена како „Доста е!“, која подоцна ја споделија многу истакнати фудбалери.

Потегот беше поттикнат од контроверзниот план на Инфантино потенцијално да продаде удели во натпреварувањата на ФИФА, вклучително и Светското првенство, на приватни инвеститори.

„Гледавме како спортот што го сакаме се оддалечува од своите основни вредности под актуелното раководство на ФИФА. Предолго гледавме како се носат важни одлуки без консултација со играчите или земање предвид на нивните ставови, и без никакво внимание кон навивачите кои го одржуваат овој спорт во живот“, се вели во соопштението.

Играчите повикаа на структурни промени во рамките на ФИФА и побараа фудбалерите и навивачите да имаат поголемо влијание врз процесот на одлучување. „Потребни се промени. Моќта ја замати способноста на актуелното раководство да ги разликува сопствените интереси од она што е најдобро за фудбалот. Поради неодамнешните настани, молчењето повеќе не е опција“, изјавија тие. Тие повикаа на колективна акција, „од самата база па сè до врвот на спортот“, за да се обезбеди играчите и навивачите да имаат „вистинско и директно влијание“ врз начинот на кој се управува со фудбалот. УЕФА се заканува со бојкот Инфантино е изложен на постојан притисок во последните недели, при што неколку конфедерации се побунија поради контроверзиите поврзани со проектот „FIFA Forward Enterprise“ (FFE).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силно торнадо уништи 300 домови во јужна Франција

Силно торнадо го погоди селото помас во југозападниот дел на Франција, при што се повредени 41 лице, а стотици куќи претрпеле штета.

Силно торнадо уништи 300 домови во јужна Франција

Локалните власти соопштија дека 15 лица биле пренесени во болница, меѓу кои и бремена жена која била повредена откако врз неа се урнале делови од куќа. Ветровите достигнувале брзина до 117 километри на час, корнеле дрвја, носеле покриви и оштетиле околу 300 домови. Повеќе од 120 припадници на итните служби биле испратени на терен за справување со последиците од невремето. Околу 2.800 домаќинства во десет населени места останале без електрична енергија, а властите издале портокалово предупредување за грмотевици во голем дел од југозападна Франција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер