„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
2„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
СветКолумбиската морнарица заплени беспилотна подморница што се користела за транспорт на дрогаКолумбиската морнарица заплени подморница без екипаж опремена со сателитска интернет антена Старлинк, изјави шефот на морнарицата Хуан Рикардо Росо.Подморницата се наоѓала во колумбиските територијални води покрај брегот на Карипското Море, недалеку од градот Санта Марта. Росо нагласи дека ова е прв случај во Колумбија во кој е запленета подморница со целосно автономна беспилотна контрола. Според него, подморницата е од специјално производство бидејќи е без екипаж и има модерна навигациска и комуникациска опрема. Бродот имал капацитет да патува до 1.000 километри, како и да транспортира над 1,5 тони кокаин. Се верува дека му припаѓа на нарко-картелот Клан дел Голфо. Шефот на колумбиската морнарица истакна дека ова е една од вкупно 10 подморници и дронови конфискувани, што укажува на тренд кај криминалните картели кон употреба на сè пософистицирани беспилотни технологии. Ова ги комплицира напорите на колумбиските власти да спречат трговија со нелегални супстанции и бара голема технолошка надградба на безбедносните служби, додаде Росо.Тагови: дрога Колумбија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево време со мала до умерена облачност и температура до 33°CВремето денска ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 км/ч. Температурата ќе се движи од 10°C минималната на повисоките места до 33°C максималната во југоисточниот крај. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. температурата во амкедонската престолнина ќе с едвижи од 11 до 31°C.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелови од Скопје неколку часа ќе бидат без струјаДелови од Скопје денес ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на екипите на ЕВН Македонија.Од ЕВН Македонија информираат дека денес без електрична енергија ќе останат: - Advertisements - од 8:00 до 13:00 часот – селата Рашче, Копаница и Бојане (Општина Сарај); од 8:00 до 14:00 часот – улицата „Богомилски поход“ во населбата Лисиче (Општина Аеродром); од 8:00 до 16:00 часот – дел од потрошувачите на улица 3 и „Индира Ганди“; - Advertisements - од 9:30 до 14:30 часот – дел од улиците „Пробиштипска“, „Стоби“, „Мице Козар“ и зградата 8 на улицата „Виа Игнација“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 9. јули 2026 година Дневен хороскоп за четврток, 9. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Сега се е јасно и без притисок можете да уживате со саканата личност Оние кои се сами добро се забавуваат. Кариера Додека се одморате во мирот на својот дом , во главата си замислувате како работите на друга позиција. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се обидете да споите опуштено излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со стари познаници или навики. Кариера Не се двоумете околу вложување енергија во работата . Секој труд кога – тогаш ќе се исплати. Здравје и совет Не може ништо да се прескокне. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можно е решение на некој семеен проблем , кој долго време ве измачувал. Веројатно ќе најдете заеднички јазик. Кариера Освен што сте професионални , ќе покажете и дека сте одличен психолог , со што ќе си обезбедите дополнителни бодови на работата. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните методи. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво од пријателите. Тие ќе бидат вистински мелем за вас. Кариера За оние во педагошките професии ги очекува напорна работа , а другите ќе поминат вообичаен работен ден. Здравје и совет Соработувајте со другите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Јасна е вашата добра волја и оптимизам , но кога околностите и не ви одат од рака , ви останува да бидете малку потрпеливи. Кариера Добивате можност да ја покажете умешноста во делот на креативноста , уметноста или декорирањето. Здравје и совет Поченете да спортувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете изразито сентиментални и ранливи. Постои голема веројатност дека другата страна ќе ве повреди. Кариера Се што ќе работите денеска од вас ќе бара поголем праг на толеранција кон другите и повисок степен ан соработка. Здравје и совет Верувајте им на другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во своите љубовни очекувања денеска ќе бидете поскромни и поради тоа постабилни и посреќни. Тоа е зрелост. Кариера Не сте веќе сигурни колку се очекува од вас , па ќе ја дозирарте работата или ќе ги проверувате работните задачи . Здравје и совет Одморете си ги нозете. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска е ден кога во љубовта ќе ги измешате скромноста и високите идеали. Резултатот ќе биде збунетост од другата страна. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично , а разгледувајте ги полека. Здравје и совет Мали главоболки. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе добиете покана за излегување , каде ви е загарантирана добра забава, пријатно друштво и убави односи. Кариера Веројатно ќе постигнете добар договор околу спонзорирање на еден проект за кој се сомневавте. Здравје и совет Преспијте пред одлуката. Овен 21.3-20.4. Љубов Пред вас е убав ден за дружење , било дас е решите за прошетка во двојка , можеби само на кафе со пријателите. Кариера Во соработката со млади лица и натаму има нејаснотии кои треба да се решат , но прво причекајте да стигнат сите информации. Здравје и совет Не се замарајте со ситни работи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Не сакате да бидете здодевни , но вашата љубопитност ќе ве стави во ситуација на иследник . Пазете да бидете индискретни. Кариера Денеска малку ќе ги проанализирате резултатите од својата работа. Условите навистина се ветувачки. Здравје и совет Нервози и грижи. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во друштво на пријателите ќе се смирите и ќе престанете да се нервирате поради што лесно сте можеле да направите грешка . Кариера Вашите претпоставени денеска ќе покажат смисла за креативност , но ќе бидат необјективни во одлуките. Здравје и совет Осмислете ги прашањата пред да ги поставите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter