Колони возила за влез во Хрватска од Словенија

На скоро сите гранични премини за влез во Хрватска од Словенија создадени се долги колони од возила.

Најголемата гужва е на граничниот премин Мацељ, на кој за влез во Хрватска се чека повеќе од два часа.

-Созададена е ненормална гужва и луѓето чекаат, свират, веќе се на крајот на силите, пренесе „Индекс .хр“ повикувајќи се на извор од лице место, кој прашува како можело да се создаде таква гужва кога се укинати сите мерки.

ХАК пренесува дека на премините Бреган и Хума за влез во Хрватска од Словенија се чека околу еден час.

притисни ентер