ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
МакедонијаКолони возила и гужви откако мостот „Беласица“ од петокот е затворен за сообраќајСообраќаен хаос и гужви низ град веќе пет дена откако еден од најпрометните мостови за сообраќај е надвор од функција. Најголеми колони возила има во населбите Гази Баба и Аеродром кои се поврзуваат со мостот Беласица. Пожарот кој го зафати мостот го парализираше сообраќајот во овој дел од градот но хаосот се пренесе и на останатите булевари и улици посебно што токму преку него минуваа повеќето автобуси кои пристигнуваат во Скопје. Но до кога ќе остане вака и кога ќе биде пуштен мостот не се знае. Мостот Беласица останува затворен за сообраќај и пешаци од петокот поради оштетувањата предизвикани од пожарот кој го зафати. Се додека работната група составена од професори од градежниот факултет не направи проценка колкави се штетите и каква санација му е потребна, од Град Скопје нема информација кога повторно би бил ставен во функција. Засега како што изјави во тв интервју градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се знае само дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Сега се чекаат анализите од првите тимови кои излегоа на терен за да утврдат во каква состојба е мостот по што ќе се знае дали наскоро ќе биде пуштен во употреба или ќе се прави целосна санација, но во кој период би се завршило тоа Арсовска не одговори. -Што се однесува до она кое Градот може да го направи, најпрвин треба да ги сочекаме анализите кои ќе произлезат, да ги видиме извештаите кои ЦУК и МВР ќе ги достават до градот и да почнеме со постапување. Пред да бидеме сигурни дали е или не е нарушена статиката, да се испита дали е безбедно за премин не можеме да дадеме поконкретни информации,- изјави – Данела Арсовска – Градоначалник на Град Скопје. Како алтернатива на мостот „Беласица“ требаше да се користи мостот „Михајло Апостолски“ на булеварот АСНОМ, кој од населбата Аердром кај спортската сала „Јане Сандански“ излегува кај ТЦ „Ист Гејт“. Мостот се градеше во времето кога градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов. Остана единствено да се работи на пробивањето на трасата низ Ќерамидница. Но градежните работи се стопирани скоро две години. Арсовска кажа дека проблем биле нерасчистени имотно правни односи за околу 200 објекти на трасата, и рече градот почнал да ги решава споровите. Но, од Град Скопје нема информација до каде се постапките за екпсропријација, ниту пак кога се планира овој мост да се стави во функција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter