Колку сон му е потребно на едно бебе и што е тоа регресија на сонот, објаснува д-р Пилар - Канал 5

Колку сон му е потребно на едно бебе и што е тоа регресија на сонот, објаснува д-р Пилар

Изреката „Спие како бебе“ подразбира мирен сон, меѓутоа, честопати реалноста на родителите е сосема поинаква бидејќи нашите мали ангелчиња воопшто не се согласуваат со оваа стара изрека.

Колку сон му е потребно на едно бебе и што е тоа регресија на сонот, објаснува д-р Пилар

Специјалистот по педијатрија, д-р Светлана Пилар, открива како да знаете дали вашето бебе спие доволно, бидејќи недоволниот сон кај бебињата ги исцрпува и силите и трпението на родителите, а тоа го нарушува дневното функционирање на целото семејство.

Потребата за сон кај бебињата варира во зависност од возраста. Постои востановен образец на спиење што го следат повеќето бебиња, но секако има отстапувања, т.е. некои бебиња спијат повеќе, некои помалку, без тоа да влијае на нивниот раст и развој.

Распоредот на спиење од првите месеци до предучилишна возраст треба да изгледа вака:

Возраст 0-3 месеци

Дневната потреба за сон се движи од 14-20 часа дневно, додека од нив бебињата ноќе спијат 4-5 часа. Во просек, бебињата на ова возраст дневно спијат од 3-5 пати, а времетраењето варира од 30 минути до 4 часа. Исклучок се предвремено родените бебиња, кои се „супер спијачи“ затоа што спијат повеќе од бебињата родени во предвидениот термин. Тие спијат до неверојатни 22 часа дневно, но не подолго од 1-1,5 час во континуитет. Честото будење е поради тоа што тие немаат сила доволно да се нахранат, а нивниот желудник е мал и не може да прими поголема количина млеко.

Возраст 4-11 месеци

Дневната потреба за сон се движи од 13-18 часа дневно, при што на ноќниот сон му припаѓаат 6-10 часа. Бебето дневно преспива 2-3 пати, а времетраењето варира од 1-2,5 часа.

Возраст од 12-24 месеци

Дневната потреба за сон се движи од 11 до 15 часа дневно, ноќното спиење трае од 9 до 11 часа. Бебето дневно преспива еднаш до двапати, во времетраење кое варира од 1-2 часа.

Возраст 3-5 години

Дневната потреба за сон се движи од 10-13 часа дневно, децата ноќе спијат по 9-10 часа. Дневно преспиваат еднаш во времетраење од 1-2 часа.

Новороденчињата немаат воспоставен деноноќен ритам, т.е. циклус на спиење-будење. Овој биолошки ритам е условен од изложувањето на човечкиот организам на светлина и лачењето на хормонот мелатонин. Производството на мелатонин се одвива ноќе во мозокот и овој хормон ги подготвува нашите органски функции за ноќен сон. Пред раѓањето, бебињата се под влијание на мелатонинот на мајката, а кога ќе се родат, тоа влијание престанува и тие треба да развијат свој деноноќен ритам, за што е потребно време.

Со тек на време, времетраењето на дневното спиење се намалува, а должината на ноќниот сон се зголемува и до првиот роденден бебето би требало ноќта да ја преспие без да се буди или евентуално еднаш да се разбуди.

Што е регресија на сон кај бебињата?

Родителите се изненадени кога нивното бебе ќе го промени режимот на спиење. Многу е веројатно дека се случува регресија на сонот кај вашето бебе, открива д-р Пилар.

Регресијата на сонот кај бебињата е релативно често нарушување во спиењето кое се јавува помеѓу 4 и 12 месечна возраст, при што се случуваат промени во дотогашните навики во спиењето и промени во квалитетот на сонот. Тоа е минливо и обично трае од неколку дена до неколку недели.

Оваа безопасна појава се случува поради скокот во растот и развојот, но може причина да бидат и: никнување заби, промена на дневната рутина, патување, болест итн. Регресијата на сонот лесно се препознава по следново:

*почесто будење во текот на ноќта

*тешкотии при заспивање

*бебето одбива да спие во текот на денот

*раздразливост, анксиозност, плачливост

Колку е важен спиењето за бебињата и децата?

Д-р Пилар истакнува дека спиењето е многу важно за правилен раст и развој на децата. Времетраењето и квалитетот на сонот директно влијае врз способноста за учење, вниманието, расположението и однесувањето, но неминовно влијае и врз имунитетот на детето.

Да не заборавиме, колку што е важен сонот за нашите деца, исто толку важен е и одморот за родителите. За полесно да го пребродите овој стресен период кога вашите деца се мали, обидете се да ги поделите ноќните будења со вашиот партнер, спијте додека спие вашето бебе, легнете порано или замолете некого да ви ги причува децата на кратко. Се разбира, тоа не е секогаш можно, но повремениот одмор и релаксација ќе ви помогнат да се чувствувате подобро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер