Колку Петре Прличко го долови вистинскиот Мандана во „Мис Стон“? - Канал 5

Колку Петре Прличко го долови вистинскиот Мандана во „Мис Стон“?

Трогателната животна приказна на Стефан Мандалов: Колку Петре Прличко го долови вистинскиот Мандана во „Мис Стон“?

Колку Петре Прличко го долови вистинскиот Мандана во „Мис Стон“?

Во време кога е снимен филмот „Мис Стон“, Петре Приличко имал 51 година, а вистинскиот Мандана во време на аферата „мис Стон“ имал 26 години. Во филмот, Прличко загинува обидувајќи се да ја спаси мис Стон, а реалноста е дека Манданата ги однел мис Стон и Катерина Цилка во Струмица кога тие биле ослободени (тука бил и Ќосето), по што живеел уште година ипол, а загинал во септември 1903 година по Илинденското востание.

„Македонците многу малку знаат за мојот роднина“, му раскажуваше своевремено на авторот на овие редови, Перо Мандалов, внук во семејството на легендарниот четник, чие име и животна приказна, сепак, се малку познати на пошироката јавност. Причината за тоа можеби лежи во фактот што тој бил во четата на Христо Чернопеев, кој за нашата официјална историја не спаѓа во групата омилени личности, објаснуваше Мандалов, нудејќи малку познати факти за животот на својот предок, но и за целото семејство Мандалови

„Филмот „Мис Стон“, во некои делови ја отсликува вистината за тоа што се случило со мојот прачичко, но има делови кои отстапуваат, а кои веројатно се направени заради поголем впечаток. На пример, во филмот, Манданата кој го глуми Петре Прличко, и кому најдлабоко му се заблагодарувам за стореното во филмот, загинува при еден напад на турскиот аскер, додека Американката и Катерина Цилка се уште се со четниците. Тогаш, наводно, трогната од смртта на Манданата, мис Стон се решава да го напише писмото со кое ги уверува своите пријатели и турските власти дека е жива, по што овие ги исплаќаат бараните пари за откуп. Во реалноста, Манданата, кој навистина бил задолжен да се грижи за двете жени додека биле грабнати, загинал по година и половина откако двете жени и новородената ќерка на Катерина, Елена, се ослободени во Струмица“, објаснуваше Перо Мандалов, правнук на човекот чиј лик беше овековечен во еден од најдобрите македонски филмови, „Мис Стон“.

Милан Делчев, братот на Гоце (лево), Манданата (во средината) и крајно десно непозната личност. Фотографијата потекнува од 1901 година

Во 1901 година, во ТМОРО се размислувало за тоа како да се дојде до пари со кои би се купило оружје. За ова, Јане Сандански во спомените запишани од Љубомир Милитеч вели:

„Кај мене и Чернопеев созреа мислата да грабнеме некого за земање откуп. Одев во Дупница и со Чернопеев намисливме да грабнеме еден бег – Сулејман бег, син на пашата од Џумаја…“

Планот се изјаловува, па следен на листата за грабнување бил протестантот доктор Хаус, но и таа идеја пропаѓа.

„Дознавме дека во тоа време дошла некоја Американка, со име мис Стон. Му кажав на Чернопеев, и тој се согласи да ја грабнеме“, се сеќавал Сандански.

„Во Спомените на Сандански меѓу грабнувачите го нема Манданата, но во таа група го споменува Ангел Динев во „Илинденската епопеја“. Од тоа што јас го знам, можам со сигурност да тврдам дека мојот предок бил меѓу тие што го извршиле грабнувањето“, објансуваше Перо Мандалов кој му ги оддава сите почести на Петре Приличко, но истакнува дека е незамисливо во една држава за вистинскиот лик да се знае многу помалку отколку за глумецот на тој лик. „Како што е незамисливо за тој човек да нема ниту еден спомен, ниту една биста, по него да не е крстена ниту една улица“, додава Мандалов.

Вистинското име на Манданата е Стефан Мандалов. Бил роден во селото Стојаково, во близина на Гевгелија, на 11 декември 1875 година. Бил син на Тано и Векија. Во Стојаково се доселиле едно колено пред тоа, кога во селото дошол Гого Менкавчин, кој според Ристо Стамков, творец на монографијата Стефан Мандалов-Манданата, купил неколку биволи за подобро да ја обработува земјата. Бидејќи бивол на турски се викало „мандана“, во семејството се вселил овој прекар кој подоцна стана славен.

Во 1894 година, Стефан се оженил со Фидана Ѓорѓеделева со која имал четири деца. Наскоро Стефан станува член на месната канцеларија на ТМОРО во Стојаково, а во 1897 година заминува како учител во селото Серменин (на планината Кожуф), каде веднаш воспоставува врски со тамошниот месен комитет. Во февруари 1901 година во близина на селото бил убиен еден Турчин алваџија. Тоа ја зголемило концентрацијата на турски патроли во регионот, а на 15 февруари една група заптии дошла и во куќата во која живеел Стефан Мандалов-Манданата. Тогаш тој избегал во четата на Христо Чернопеев, а еве како настанот го запишал Ристо Стамков, според кажувањето на Ѓорѓе Мандалов, син на Стефан:

„Стефан веќе имал слушнато за апсењата во околината. Помислил дека заптиите се дојдени по него, па почнал да смислува план како да избега. Ги примил заптиите со голема љубезност, а на домаќинката и наредил да приготви алва. Додека се пржела алвата, им се извинил на гостите за да го ослободат за момент поради потребата од мала нужда. Главниот од групата се согласил, но со учителот излегол и еден од заптиите по истата потреба. Откако Стефан забележал дека заптијата ја оставил пушката, скокнал во блискиот дол и почнал да бега.“

Така Манданата се нашол во илегала, а по 15 дена по бегството од заптиите, кон крајот на февруари или почетокот на март 1901 година, се приклучил на четата на Христо Чернопеев со кого се познавал отпорано.

Во тоа време, во селото Лешло, Горноџумејско во куќата на Сандо Китинов, дошло до средба меѓу Гоце Делчев и Јане Сандански, кога станало збор и за грабнување на некоја значајна личност. Гоце Делчев најпрвин не се согласувал со идејата, плашејќи се од компромитација на Организацијата, но потоа се согласил, под услов со „пленетите да се постапува хумано“ (д-р Манол Пандевски, „Јане Сандански и Мис Стон“).

Проф д-р Владо Картов, во делото за Сава Михаилов-Савата, соработник на Сандански и Чернопеев и еден од учесниците во целиот настан со мис Стон, го опишал Манданата токму така како што ни го прикажа и Прличко – омилен меѓу комитите, ведар, расположен, со дарба за песна и за имитација на птиците.

„Во четата го нарекувале и со прекарот доктор, бидејќи можел да лекува со употреба на разни народни лекови, чаеви и слично. Дарбата за лекување ја наследил од мајка му Векија“, вели Перо Мандалов, кој и самиот ја има истата дарба.

Грабнувањето на мис Стон и Катерина било извршено кај местото „Потпрена скала“, на патот Банско-Разлог. Тогаш започнува шестмесечниот заеднички живот на жените и комитите, а во текот на тие месеци, Катерина Цилка се породува. Нејзината ќерка го добила името Елена. Манданата посебно се приврзал за малечката, а Дилбер Атанас, четник, за ова вака раскажувал:

„Се натпреваруваме кој повеќе ќе го носи малото бебе. Најмилозлив од сите беше Стефан Мандалов. Тој најдобро умееше да го стиши и во негови раце детето никогаш не плачеше. Постојано му велеше: Трај на дедо, трај! А, кутриот, имаше само 26 години. Еден ден кога по тесна патека минувавме крај една стрмнина, тој со детето в раце се подлизна и исчезна во провалијата. Сите се исплашивме и помисливме дека од нив не останало ништо. Но, на дното од амбисот тој беше наведнат над детето и пак му велеше: „Трај на дедо, трај!“ Беше целиот издраскан и раскрвавен, но на детето не му беше ништо.“

Во февруари 1902 година, по шест месеци, конечно е договорена размената: мис Стон, Катерина и малечката Елена, биле ослободени за 14.500 турски лири. Жените требало да бидат однесени во Струмица. За ова Дилбер Атанас запишал:

„Приквечерината спроти 22 февруари 1902 година тргнавме со жените. Дуваше силен ветар. Патот беше речиси непрооден. Требаше да ја минеме реката Струма која беше многу надојдена. Од другата страна на реката не чекаа неколку селани кои требаше да не префрлат. Најнапред го поминавме коњот на кој јаваше мис Стон. Стефан Мандалов, кој не го испушташе детето, исто така, среќно ја мина реката. Сите бевме наводенети до гуша. Се тресевме од студ.“

Рано утрината на 23 февруари 1902 година (недела) групата стигнала до селото Градошорци. Тука комитите се збогувале со жените и бебето, по што се изгубиле во шумата. Мис Стон и Катерина, влегле во Струмица, со што завршила целата одисеја.

Стефан Мандалов и групата се упатиле кон селото Нивичино каде биле известени дека во Костурино ги чека Гоце Делчев. Славниот војвода и Манданата се знаеле од порано, а според сите податоци, Делчев во него гледал добар соработник.

Парите од откупот биле распределувани и трошени под строг надзор на Делчев (дел од овие пари бил употребен и за солунските атентати). Главните учесници во целата афера не зеле ниту една лира. Крсте Асенов, за да преживее неколку недели во Софија, зел пари од мајка си. Чернопеев дури по многу убедувања од Гоце Делчев примил 5 лири за да ги однесе дома, и за да може со жената и семејството да го пречека Велигден во 1902 година. Јане Сандански не сакал ни да чуе за награда. Знаејќи во каква беда живеел таткото на Сандански, Иван, некогашен знаменосец во Кресненското востание, Делчев му испратил пет лири преку Никола Малешевски. Сите други учесници во аферата ‘Мис Стон’, по наредба на Гоце Делчев, добиле по еден револвер.

Во лоша материјална состојба било и семејството на Манданата. Крајот на зимата 1902 година, тој го дочекал во четата на Чернопеев. Од тој период веројатно потекнува и неговата фотографија со братот на Гоце, Милан Делчев. Потоа, веројатно поради проблеми со бугарската власт, Манданата е интерниран во северозападна Бугарија. Оттаму, на 15 мај 1902 г. на Гоце Делчев му испраќа писмо со кое бара помош, не пари, туку Гоце да се заземе кај своите пријатели и да му се најде некаква работа за да може одново да застане на свои нозе, и не само да ги прехрани жената и децата, туку и да и помага материјално и на организацијата.

Колку што ни е познато, нема податоци што всушност се случува со Манданата во тој период, освен што од писмото до Гоце Делчев станува јасно дека кога аферата мис Стон завршила, него почнала да го притиска желбата за семејството и грижата за тоа како неговата жена се снаоѓа и живее со децата. „На оженетиот човек, патриотизмот му се загушува поради очајната положба на децата“, му се жали Манданата на Гоце.

Тоа трае до решението на Солунскиот конгрес за кревање на востание од јануари 1903 година, кога четата на Чернопеев започнува со подготовките. Следат неколку месеци со постојани влегувања во Македонија, битки со Турците и враќања во Бугарија заради пополнување на загубите. Во текот на август, по започнување на Илинденското востание, во битка кај Осоговските планини, четата загубила 25 комити, а целиот одред 65 лица. Следи ново враќање во Бугарија, по што на 28 август 1903 година, Манданата, како член на здружениот одред составен од вкупно пет чети под водство на капетанот Ѓорги Тренчев од Петричко, последен пат се враќа во Македонија. Одредот се движел низ Кочанско, во правец кон планината Плачковица. На 5 септември одредот бил откриен кај кочанското Ново Село и започнала борба што траела 12 часа. Турската војска била надмоќна, а згора на тоа ги пуштила и водите низ оризовите полиња, поради што движењето на востаниците било отежнато. Во овие услови, четите започнале да се повлекуваат во правецот од кој дошле.

На 6 септември 1903 г. настапила силна планинска бура. Во спомените на Кирил Прличев (уште една отфрлена личност од досегашната наша историја), син на Глигор Прличев, тој, последен ден од животот на Манданата, е опишан вака:

„Се слеа пороен дожд. Ни беше наредено да се повлечеме. Едвај поминавме половина километер, ја изгубивме врската со другите. Со капетанот Тренчев и Стефан Мандалов бевме останати околу 80 луѓе. Се вртевме во круг – од каде и да појдевме, се враќавме на истото место. Дававме знаци, ама напразно. Одново тргнавме. Навлеговме во еден густак, во една надолнина, прст пред око не се гледаше. Дваесет минути се обидувавме да излеземе, се додека низ еден папрат не заминавме нагоре. Тогаш, во далечината видовме две светли точки. Стефан Мандалов, кого го викавме докторот, рече дека тоа се огнови крај две кули во кои има не повеќе од еден турски вод. Стефан минувал по тој пат и во други прилики. Кога ќе стигнеме до кулите, ќе го нападнеме аскерот внатре, ни рече. Да стигнеме дотаму, па ќе видиме дали ќе напаѓаме или не, му одговоривме. Се доближивме до кулите внимателно, минавме меѓу нив, излеговме на една рамнина и оттука имаше три пата – сите водеа на север.

И додека се размислуваме по кој пат да се повлекуваме, Мандалов испратил неколку момчиња да опколат една од кулите. Не многу потоа, се слушна истрел. Следеше уште ден. Мандалов испушти болен крик.

Веднаш потрчавме кон него, но тој веќе беше паднат. „Докторе, што се случи?“, свикавме. ‘Оставете ме, лошо ме ранија“. Го кренавме. Помина уште 30-40 чекори. За да му е полесно, ги зедовме пушката, револверот, патроните, но не можеше да издржи и падна. Побара од нас да го убиеме, но ние не можевме да го сториме тоа, зошто гледавме дека му се наближува последниот час. Се простивме од него и го оставивме.“

Така завршува животот на Манданата. Педесет и пет години подоцна, пошироката македонска, но и тогашна југословенска јавност, добива можност на екран да види дел од неговиот живот. Малку фризиран, но сепак, доволно силен за да ни го претстави овој човек.

БРАТОТ НА СТЕФАН, МИТО, ИЛИНДЕНЕЦ, УМРЕЛ ВО 1957 Г. ВО СИРОМАШТИЈА.

Член на ТМОРО, задолжен за чување и распоредување на оружјето во Стојаково бил и неговиот чичко Никола Гого Мандалов, кој по Солунската афера во 1901 година бил осуден на 14 месеци затвор во ‘Еди Куле во Солун.

Братот на Стефан, Димитар-Мито, бил Илинденец кој во четата на Коста Попето од Гевгелиско се борел во Крушево. На тргнување четата броела седумдесет борци, крушевската епопеја ја преживеале само десет од нив, меѓу кои и братот на Стефан, Мито. Иако илинденец, умрел во голема сиромаштија во 1957 година. Интересни се сеќавањата на неговиот син Фиљо, кој кажувал дека по бугарската окупација 1941 година, татко му Мито отишол кај околискиот управител да му презентира доказ дека бил учесник во создавањето на Крушевската Република. Некој службеник по име Давитко, кога го видел доказот му рекол: „Добро, Мито, што сакаш сега, овде ти пишува дека си се борел за Македонија, а не за Бугарија“. Така Мито си заминал дома со празни раце.

Братучедот на Стефан Мандалов, Филип, бил член на четата на славниот гевгелиски војвода Леонид Јанков, а една од акциите во која тој учествувал била ликвидацијата на шпионот Христо Костадинчев.

Посебна е приказната за синот на Стефан Мандалов-Манданата, Стојан, роден 1897 година кој бил гевгелиски автонимистички војвода, а бил убиен од српската окупациска власт во 1933 година. Неговата смрт, весникот на македонската емиграција во Бугарија ја проследува со зборовите: „Смрт на македонскиот херој!“

„Тој не е последен од семејството што имал проблеми со властите на оваа територија. Семејното спокојство не го наоѓаме ни по 1945 година, кога е следен, уапсен и осуден е Иљо Мандалов, како член на вмровска група, заедно со уште деветмина други стојачани“, ми раскажуваше Перо Мандалов, уште еднаш повторувајќи дека оваа држава, конечно треба да му оддаде почит на Манданата.

Писмото на Манданата до Делчев

БРАТ ГОЦЕ, ДОЛЖЕН СУМ КОН ТАТКОВИНАТА, НО И КОН МОИТЕ ДЕЦА!

15 мај 1902 г. Фердинанд

Брат Гоце

Во престолнината Софија

Откако ме интернираа помина повеќе од еден месец и како и секој интерниран сум под полициски наѕор во градот Лом…

Потоа дојдов во Фердинанд каде има еден наш учител, Андон Поп Стојанов. Мајка му скоро беше дојдена од нашето село. Ми раскажа дека жена ми и децата се наоѓаат во тешка ситуација, а јас како татко на тие деца, должен сум и кон татковината, но и кон нив. Јас ви се молам, г. Гоце, дали може да се најде некоја работа за мене, за да можам да им помогнам на децата. Мојата совест не ми дозволува повеќе да зборувам за ова, зошто многу добро знам колку вреди секој грош и секоја стотинка и јас сум првиот што е против да се бараат незаработени пари. Затоа и не би побарал парична помош за која не можам да се оправдам пред совеста, но вие имате доволно пријатели на кои можете да им се обратите и да ми најдете работа за неколку месеци, од што би можел да спечалам нешто, да се зафатам пак со самостојна работа и да го помагам движењето… Во секој случај, го барам вашиот совет и одговор на ова писмо… На оженетиот човек патриотизмот му се загушува од очајната положба на децата…/МИА.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се појавува нов план: Канада сака „влезница“ за ЕУ

Канадскиот премиер Марк Карни сака поблиски врски со Европската Унија и ја разгледува можноста неговата земја да стане „придружна членка“ на блокот, објави денес американскиот весник „Волстрит џурнал“.

Се појавува нов план: Канада сака „влезница“ за ЕУ

ЕУ, која во минатото не покажа флексибилност кога станува збор за правилата за членство, е отворена за идејата за доделување статус на придружна членка на Канада, кој сè уште не е дефиниран, објави весникот, повикувајќи се на неименувани претставници на ЕУ и Канада.

Канадската амбасада во Брисел и портпаролите на Европската комисија не одговорија на конкретните барања за коментар, објави „Ројтерс“.

Ескалацијата на трговската војна на Канада со САД го забрза стратешкиот пресврт на земјата кон други трговски партнери.

Односите меѓу Канада и Вашингтон нагло се влошија откако американскиот претседател Доналд Трамп се врати во Белата куќа на почетокот на 2025 година, поради несогласувања околу трговијата и други прашања, потсетува агенцијата.

Трговскиот спор доведе до воведување царини на десетици милијарди долари во прекугранична трговија.

Канада и ЕУ разгледуваат начини да овозможат слободно движење на канадски стоки, услуги и работници ангажирани во стратешки синџири на снабдување, како што се енергетиката, вештачката интелигенција, одбраната и критичните минерали, што, всушност, би ја поместило границата на ЕУ, објави „Волстрит џурнал“.

Весникот додаде дека двете страни разговараат и за поставување подводни кабли, заедничка изградба на центри за податоци, капацитет за складирање во облак, како и нови сателитски мрежи и инфраструктура за транспорт на канадски енергетски производи во ЕУ.

Карни постојано разговарал со неколку лидери на ЕУ, а особено со францускиот претседател Емануел Макрон, за можноста да им се дозволи на Канаѓаните да живеат и работат во ЕУ без визи, објави весникот, повикувајќи се на двајца неименувани функционери запознаени со ситуацијата. Двајцата лидери треба да се сретнат подоцна овој месец.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен хороскоп за 14. до 21. септември 2026 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник 14. до 21. спетември 2026 година. 

Неделен хороскоп за 14. до 21. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ако сакате да освоите некого , бидете подискретни. Ако сте во врска премолчете ја критиката кон партнерот. Другиот дел на неделата ви носи подобри љубовни шанси , но се уште нес е такви за да може да се размавтате. Одете чекор по чекор , па резултатите ќе бидат потрајни.

Кариера

Со задоволство ќе покажете што знаете , но чувствувате дека се уште не е време за тоа. Во право сте. Некои работи подобро ќе дојдат до израз доколку почекате уште само малку. Затоа сега оставете ги скриени , па дури и ако истрпите и мала фрустрација.

Здравје и совет

Ви претстои долг пат.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе ви се чини како да не е вистинско време за љубов. Ќе имате право, но овие денови би можеле да ви донесат задоволство ако успеете да ги дефинирате своите љубовни очекувања. Затоа фокусирајте се на себеси и спроведете мала лична анализа. Преиспитајте се малку подлабоко.

Кариера

Оние кои искрено се преиспитале , знаат што треба да прават и ќе тргнат во таа насока. Оние кои уште не размислиле за себе , веројатно ќе се соочат со последиците на сопствените амбиции и дури сега ќе увидат каде згрешиле. Тоа е чекор напред.

Здравје и совет

Бидете поотворени кон луѓето.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашиот личен живот деновиве ќе се врти околу вашите пријатели. Како да сте заборавиле дека може да бидете во двојка и целосно ќе се предадете во дружење во група. Вашата најдрага личност би можела да ви забележи за тоа и да се чувствува запоставено.

Кариера

За да го поправите она што го работите , морате дасе отворите и повеќе да соработувате со други. Ставот дека некој кој самиот по себе е доминантен , не е добар, а особено не кога тоа го мислите за себе. Поработете на сопствената анализа и се ќе ви биде појасно , а тогаш и полесно.

Здравје и совет

Добро е да се занимавате со спорт.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе ви се присторува како љубовта да ви бега за милиметар. Тоа ќе ве нервира и натажува. Треба да разберете дека не е се во вашиот настап , туку и дека другата страбна има свои права. Некои не сакаат да бидат искористувани , па меѓу нив и вашиот љубовен партнер.

Кариера

На некои ќе им биде понудено да ја водат целата работа и во тоа ќе може да се снајдат повеќе од добро. Затоа не се мислете , туку искористете ја можноста најдобро што можете. Ќе треба само да подготвите некои детали. Приберете се на време.

Здравје и совет

Водете сметка за своите критериуми во секоја област.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе имате добар ветар во грбот кога станува збор за љубовта. Ќе ви се отовраат многу врати полесно отколку вообичаено , ќе бидете позитивни на интересни дружења и на интересни места. Ако сте сами , прифатете ги поканите и тргнете меѓу луѓе. Тие ве очекуваат.

Кариера

Соработката со угледни или влијателни луѓе полека доаѓа во прв план . Вие ќе станете важна фигура во целата игра. Затоа , немојте да бидете премногу скромни , туку дозволете си себеси да ги покажете послободно сопствените амбиции. Ортворете се и бидете она што сте.

Здравје и совет

Повремено направете пауза и опуштете се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Заситени од излегувањата и забавите, ќе побарате мир и повлекување. најдобро ќе се чувствувате дома , а ако саканата личност е со вас, уште подобро.Оние кои се сами , сепак повеќе време ќе минуваат во друштво, а истовремено како нивната фантазија да нема граници.

Кариера

За да го поправите она што го работите , ќе мора дас е отворите и повеќе да соработувате. Не треба да имате став дека на некого работите ќе му паднат од небо заедно со заслугите. Поработете на сопствената анализа и ќе ви биде појасно.

Здравје и совет

Одете на излет во природа.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе увидите дека понекогаш се потребни и мали чекори за да се дојде до нечие срце. На тој начин дискретно ќе освојувате. Ќе бидете речиси невидливи, а киога ќе се покажат резултатите , на другата страна ќе и стане јасно дека токму вие сте личноста што ја барала. Издржете.

Кариера

Можеби ќе ви изгледа како да ве притискаат од сите страни , но всушност станува збор за предизвици на кои треба да одговорите за да дојдете до што подобри деловни резултати. Пред вас е мала борба во која ќе треба да се покажете како борец.

Здравје и совет

Уживајте во љубовта и во животот .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Искрени совети од добри луѓе ќе ви помогнат за да го поминете овој за вас здодевен љубовен период. Многумикна ќе побараат книга со совети за својот приватен живот. Ќе ги употребат советите дури подоцна кога ќе бидат во врска.

Кариера

Веројатно ви претстои поголема материјална добивка , која ќе ве засили и ќе ве поттикне даработите уште повредно. ценете го трудот на секого , но она што сега ќе се постигне ќе го сметате за исклучиво сопствена заслуга. Сепак , најдете налчин како да ги наградите и соработниците.

Здравје и совет

Не е злато се што сјае.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои би можеле да минуваат низ искушение на тајна еротска љубовна врска или да ја кријат својата наклонетост кон некого , зашто така одредуваат правилата бна однесување. Во сејкој случај , не е многу типично за вас. Моралните двоумења ќе ве следат во текот на целата недела.

Кариера

Пред вас е се повеќе отворен пат за развој на професионален план . кај некои ќе се покаже како се подобро поврзување или соработка со луѓе од браншата или со странци.Ќе има и такви кои ќе заминат на службено патување.

Здравје и совет

Чувајте си ја енергијата.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас се денови со добри но не големи љубовни шанси. искористете ги така што ќе ја зајакнете довербата меѓув ас и партнерот. Исто така е потреббно да примените самоконтрола , зашто повремено ќе реагирате како што не треба.Размислете за сето ова.

Кариера

Следува поддршка од други за она што го работите , а со тоа ќе дојде и потребата за да се направите малку важни. Нема потреба за тоа . Подобро само работете , а подоцна пуштете ги другите само да ве фалат . Така ќе биде поуверливо.

Здравје и совет

Уживајте во спортот и во животот.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Овие денови ќе ве следат убави љубовни шанси . Искористете го тоа за да уживате или некому да искажете љубов. Некои пшовремено ќе чувствуваат недостиг на привлечност , па ќе смислуваат настани за кои нема реална основа. Ако не ви е здодевно , помогнете му на некого.

Кариера

Доста работни задачи доаѓаат до својот крај . Подгответе се за анализа или за затворање на деловните фази. Ќе има и такви кои поради околностите ќе заминат порано на годишен одмор. Некои ќе продолжат да работат од дома и во тоа ќе наоѓаат повеќе смисол отколку да работат од работното место.

Здравје и совет

Секој ден најдете пет минути мир само за себе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе им бидете интересни на другите, заводливи , шармантни и елоквентни. Сите тие се особини со кои може да остварите пријатни познанаства , а можеби и многу повеќе. Немојте да останете сами , зашто ова се денови кога имате зголемени шанси да најдете вистински партнер.

Кариера

На дневен ред доаѓаат амбициите . Ќе има и такви кои дефинитивно ќе доведат до крај една фаза од работењето. Нови очекувања се пред вас , но за нивното остварување ќе треба да биде поставена и нова основа.

Здравје и совет

Излезете на сонце и во природа. Ќе ве освежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Интервенирајте веднаш таргетирано за Македонците за цените на горивата

Не со евтин ПР на Владата за најсиромашниот народ во регионот!

ЛДП: Интервенирајте веднаш таргетирано за Македонците за цените на горивата

Во моменти кога цената на нафтата на светските берзи ја надминува границата од 100 долари за барел и кога со најновиот прекин на главниот нафтовод во Саудиска Арабија нѐ очекува нов, уште пожежок бран поскапувања, владината елита повторно се фали со козметички ПР-мерки. Намалувањето на ДДВ за дизелот од 18 на 10 проценти и фалбата на премиерот дека „сме биле поевтини од соседите“ е економска бесмислица и длабока навреда за македонскиот граѓанин. Апсурдно е да ги споредувате цените на горивата со соседна Грција или Албанија, кога граѓаните на Македонија имаат убедливо најниски примања и се најсиромашни во целиот регион. Кога дизелот оди над 100 денари, за премиерот и неговите функционери во службени џипови со државно гориво тоа можеби не е проблем, но за македонското семејство тоа значи нов удар врз веќе испостениот семеен буџет.

„Наместо да креира системски мерки за заштита на домашниот стандард, Владата со овие нетаргетирани потези практично го субвенционира соседот. Со ваквиот модел, странски државјани се изливаат во пограничните зони да точат поевтино гориво на сметка на нашиот буџет, додека нашите граѓани го плаќаат целиот ценовен шок,“ велат економските експерти на ЛДП.

ЛДП порачува на Елитата т.е. Владата: Затоа сте Влада, затоа имате државни институции и трошите милиони од буџетот за разни партиски институти и анализи — за да мислите за џебот на Македонецот, а не за тоа како ќе глумите елита со лажни споредби. Ваквата ПР-мерка нема да го спречи домино-ефектот на драстично поскапување на транспортот, храната и сите основни производи во маркетите.

Либерално-демократската партија бара итна, соодветна и таргетирана интервенција пред цените целосно да заминат во плафон. Владата мора веднаш дополнително да ги засече и намали акцизите и да воведе директни заштитни механизми исклучиво за македонските граѓани, домашните превозници, малите претпријатија и земјоделците. Ограничете ги монополските маржи и насочете го буџетот директно кај оние на кои им е најпотребен, наместо да правите ПР-повици со народни пари.

Престанете да бидете отуѓена елита и конечно почнете да работите за џебот на сопствениот народ!

ЛДП

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер