Колку „омикрон“ќе ги пополни болничките капацитети? - Канал 5

Колку „омикрон“ќе ги пополни болничките капацитети?

Месец Јануари ќе биде месец каде бројките со заразени со сојот на омикрон ќе бидат високи. 

Колку „омикрон“ќе ги пополни болничките капацитети?

Во Германија се полнат и инфективните оддленија со болните со сојот омикрон каде во најголем број на пациенти се оние кои немаа примено ниту една вакцина. Во овој бран најтешко ќе поминат невакцинираните, вакцнинирате кои се заразиле со овој сој имаат далеку полесна слика, објаснува инфектологот од Германија Андреј Трампуж за Канал 5.

„Можеби клиничката состојба е малку во полесна форма и не се толку тешки, но имаме толку многу инфекции со тоа ќе имаме многу нови пациенти во клиниките и на интезивните оддели и затоа состојбата ќе биде многу критична во јануари пред се кај оние кои не се вакцинирани. Луѓето кои се на интезивните оддели со оние кои не добиле никакви вакцини или кои добиле само две вакцини по шест месеци и не добиле бустер вакцина. За Омикрон треба многу побрзо бустер и ја даваме по поминати три месеци“, вели Трапмуж.

Се уште има луѓе кои не веруваат во вирусот и во вакцините се додека не дојдат во болница. Во Германија според последните истражувања пет проценти од граѓаните рекле дека нема да се вакцинираат. Според инфектологот мерките за невакцинираните ќе бидат построги.

„Овие луѓе ќе немаат голема можност да се движат и кога ќе биде обавезна вакцинацијата тогаш нема да можат да одат ниту на работа така да само на тој начин ќе ја стопираме пандемијата. Причината поради која не сме на крајот на пандемијата, бидејќи нема 80% вакцинација во популацијата. Само кога ќе ја постигнеме таа бројка ќе биде крај на пандемијата“, вели германскиот инфектолог.

Во Германија има флурона кога пациенти освен ковид имаат и грип и се лекуваат болнички. Крај на пандемијата се очекува на лето кога би се постигнал имунитет во светски рамки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

25.000 такси роботи пристигнуваат на улиците низ Европа

25.000 такси роботи пристигнуваат на европските улици, „Lucid и Bolt“ ги здружуваат силите. .

25.000 такси роботи пристигнуваат на улиците низ Европа

Американскиот производител на електрични возила „Lucid“ склучи партнерство со компанијата за превоз „Bolt“ за амбициозен план за воведување на 25.000 автономни такси-возила на европските улици.

Оваа соработка е дел од планот на „Bolt“ да им овозможи на корисниците на својата платформа пристап до флота од 100.000 возила без возач до 2035 година.

За овој европски проект, „Lucid“ ќе ја искористи својата претстојна платформа за возила од средна класа, за која се очекува да биде посоодветна за европските патишта и градови отколку поголемите модели од типот SUV. „Bolt“ ќе биде сопственик на целата флота од 25.000 возила.

Робо-такси возилата ќе поседуваат автономија од 4-то ниво, што значи дека ќе можат да функционираат самостојно – без човек зад воланот – во рамките на нивните предвидени оперативни параметри.

Технолошкиот пристап ќе се разликува од оној во партнерството на „Lucid“ со „Uber“ во САД.

За проектот во САД се користат системи од компанијата „Nuro“, додека возилата за „Bolt“ ќе ја користат платформата „Nvidia Hyperion“. „Lucid“ веќе има договор со „Uber“ за воведување на до 35.000 робо-такси возила во Северна Америка, почнувајќи од оваа година.

Тој проект ќе опфаќа користење на моделот „Gravity SUV“, како и на идниот модел од средна класа. Трката за робо-такси возила во Европа Пазарот за автономни такси-возила во Европа брзо се развива.

Uber, Verne — компанија основана од Мате Римац и група инвеститори — и Pony.ai веќе работат на проекти за автономно возење, додека Waymo ја тестира својата технологија во Европа и планира да ги прошири своите активности.

Uber и Wayve, исто така, работат на воведување автономни возила „Ford Mustang Mach-E“ во Лондон. Сепак, засега е неопходно во возилата да биде присутен човек за време на тестирањето, сè додека се чека на потребните регулаторни одобренија. Илон Маск исто така го најави доаѓањето на „Cybercab“ на Tesla во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Деколтето на Никол

Светската музичка ѕвезда, Никол Шерцингер успеа да го привлече вниманието на љубопитната јавност и на странските фоторепортери со својот смел моден избор.

Фото: Деколтето на Никол

Позната по своите неверојатни вокални способности, но и по смелите модни комбинации, пејачката Никол Шерцингер одлучи да ја воодушеви јавноста со храбро издание.

Папараците неодамна ја фотографираа пред еден хотел во Париз, по концертот што, според пишувањата на медиумите, таа го одржала во овој град.

Секако, таа привлече внимание со својот секси стајлинг што ретко кој може да го износи. Како што можете да видите, таа носеше комбинација од црна кожа – тесни панталони и интересна маичка.

Оваа комбинација ја истакна нејзината витка фигура, но вреди да се напомене дека главниот елемент на стајлингот беше горниот дел.

Кожната маица без прерамки, украсена со карнери, ја нагласи нејзината фигура, при што акцентот беше ставен на длабокото деколте и градите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе

Нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе: Воодушевувачка снимка од 120 метри

Видео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе

Големата сина дупка во Белиз крие неверојатни подводни светови. Нуркачите открија спектакуларни сталактити и богат морски свет.

„Големата сина дупка“ (Great Blue Hole) во Белиз е една од најпознатите дестинации за нуркање во светот, а нејзините огромни димензии и она што се крие под површината со години привлекуваат нуркачи од целиот свет.

Еден од нив одлучи да нурне во нејзините длабочини и со камера да ги сними призорите што ги затекна таму. „Големата сина дупка“ е широка околу 300 метри и длабока приближно 120 метри; таа претставува огромна подводна вдлабнатина (синкхол) сместена недалеку од брегот на Белиз.

Нуркањето таму е на листата на желби на многу нуркачи, а Реј Тилер од продукцијата „Fintastic Films“ конечно доби можност да ги истражи нејзините длабочини. За време на експедицијата, тој не нурна само во „Големата сина дупка“. Изведе вкупно три нуркања на некои од најпознатите подводни локации во областа, а го посети и оддалечениот остров Халф Мун Кеј (Half Moon Cay).

YouTube video

По нуркањето во „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole), се нуркаше и на околните корални гребени. Таму беа забележани ајкули, ражи и морски желки, што го направи целото патување уште поатрактивно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер