Колку начинот на живот, исхраната и алкохолот влијаат врз појавата на рак - Канал 5

Колку начинот на живот, исхраната и алкохолот влијаат врз појавата на рак

Научниците препорачуваат 7 едноставни навики за кои се верува дека може да го намалат ризикот од оваа подмолна болест! 

Колку начинот на живот, исхраната и алкохолот влијаат врз појавата на рак

Еве што треба да избегнувате, а што се препорачува за подобро здравје на организмот.

Седум едноставни навики би можеле да го намалат ризикот од бројни болести, дури и од најсериозните како што е ракот. Според научниците од Универзитетот во Њукасл, луѓето кои се откажуваат од алкохолот и го менуваат својот животен стил можат да го намалат ризикот од оваа подмолна и најчесто фатална болест, пишува британски Сан.

Според научниците, промената на исхраната заедно со умерената физичка активност или барем дневна прошетка значително може да влијание врз целокупното здравје. Студијата е спроведена на повеќе од 94.000 луѓе во периодот од 2006 до 2010 година. Испитаниците биле оценети од 1 до 7 за тоа колку внимателно ги следеле препораките, а просечната оценка била 3,8. Од вкупниот број учесници, 8 проценти развиле некаква форма на рак на простата, дојка или дебело црево.

Оние што постигнале помеѓу 4,5 и 7 поени имале 16 отсто помал ризик да заболат од карцином од оние што постигнале помалку од 3,5 поени, откриле истражувачите. Подобриот резултат за еден поен бил поврзан со намалениот ризик од сите видови рак.

Ова се седумте препораки поддржани од Светскиот фонд за истражување на карциномот (VCRF) и Американскиот институт за негово истражување (AICR).

Сепак, според научниците, неопходно е да се продолжи со ваквото истражување за подетално да се утврди колку начинот на живот влијае врз ризикот од карцином, потенцира британски Сан.

1. Здрава тежина

Оваа фондација препоачува да ја одржувате тежината во нормални граници и да стоите подалеку од бисквитите, колачите, чипсот, пицата и хамбургерите, а предност да им дадете на овошјето, зеленчукот, интегралните житарки и слично.

2. Движете се

Современиот човек премногу седи на работа и дома. Светскиот фонд за истражување на карциномот советува задолжително да применувате физичка активност во вашата дневна рутина за да го намалите ризикот од рак на дебелото црево, дојката и матката.

Се препорачува дневно да поминувате околу 150 минути во умерена активност, односно вежбање, кое вклучува пешачење, возење велосипед, градинарство, танцување и домашни работи.

3. Хранете се поквалитетно

Се препорачува во нашето мени да бидат вклучени житарки, овошје, зеленчук, грав и леќа и тоа да биде вашата вообичаена исхрана. Три четвртини од вашата чинија треба да се полни со оваа храна, една четвртина со посно месо како пилешко и риба или растителни протеини како тофу-то.

4. Избегнувајте брза храна

Според научниците, храната која содржи многу масти, скроб и шеќер треба да се избегнува по секоја цена. Некои студии покажаа дека одредени состојки од брзата храна можат да предизвикаат најмалку три типа на рак. Експертите советуваат дека треба да избегнувате слатки, чипсови и грицки, колачи, сладолед и брза храна како хамбургери, помфрит и пржено пилешко месо.

5. Ограничете го црвеното месо

Јадењето преработено месо како сланина и колбаси може да го зголеми ризикот од рак на дебелото црево. Откажувањето од овие намирници може да го зголеми животниот век за една деценија, открија научниците од Универзитетот во Берген во Норвешка. Не треба да се консумираат повеќе од три порции говедско, свинско или јагнешко месо неделно.

6. Избегнувајте газирани пијалоци

Покрај наведеното, се препорачува избегнување на газирани пијалоци кои се презаситени со шеќер, што, како што е докажано, влијае на дебелината и дополнително го зголемува ризикот од рак. Наместо газирани сокови, консумирајте вода, чај, кафе во умерени количини и природно цедени сокови.

7. Исклучете го алкохолот

Според научниците, треба целосно да го исфрлите алкохолот, бидејќи на овој начин можете да го намалите ризикот од појава на 6 видови тумори. Станува збор за рак на дојката, цревата, црниот дроб, устата, грлото и фаринксот (голтникот), изјавија научниците, а пренесува британски Сан.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итен состанок на италијанската влада поради бранот хакерски напади

Денеска се одржа итен состанок во Палацо Чиги, седиштето на италијанската влада и официјалната резиденција на премиерката Џорџија Мелони, а се разговара за бранот хакерски напади врз комерцијалните системи за ладење што ја погодија Италија.

Итен состанок на италијанската влада поради бранот хакерски напади

Состанокот го координира Алфредо Мантовано, потсекретар во кабинетот на премиерот. Учествуваат директорот на Националната агенција за сајбер безбедност и директорите на разузнавачките служби, објавува италијанската новинска агенција Аднкронос.

Што се случува

По другите европски земји, хакерите нападнаа и супермаркети во Италија. Дефектите се регистрирани на Сицилија, во шест малопродажни објекти, но извештаи доаѓаат и од компанија во Тоскана што се занимава со колективно угостителство, како и од компанија во Емилија-Ромања што произведува замрзната храна.

„Информирани сме дека најмалку четири супермаркети на Coop во Сицилија се хакирани“, изјави за Аднкронос Џузепе Спадаро, извршен директор на групацијата Coop Radenza, која управува со супермаркети со брендот Coop во Сицилија.

„Ситуацијата моментално е под контрола. Можам да потврдам дека сме биле изложени на напади, но проблемот веќе е ставен под контрола. Ги идентификувавме овие напади, со кои се справуваме во соработка со надлежните контролни органи. Активиравме протоколи во соработка со Националната агенција за кибербезбедност (ACN)“, рече тој.

„Ја проверивме ситуацијата за да видиме како се развива ситуацијата и засега сè е мирно. Не регистриравме никакви неправилности во системот за ладење“, објасни Coop за Adnkronos, по неколку инциденти во Сицилија во супермаркети на синџирот што работи според моделот на франшиза Coop, но надвор од мрежата на продавници директно управувани од брендот.

„Нашиот внатрешен институт, кој се занимава со дизајнирање, управување и работење на малопродажни објекти - тим од архитекти и инженери - ги следи контролните системи на мрежата Coop. Ова се напредни системи што ни овозможуваат да имаме сè што може да се случи под контрола. Тие се доста мирни, бидејќи имаат доверба во можностите на овие соодветни контролни системи“, соопшти компанијата.

Напади во Европа и предупредување

Веста за нападите во Италија следеше откако беа погодени трговски центри во половина Европа. Во Белгија, Шведска, Луксембург, Холандија, Финска, Ирска и Естонија, хакерите од далечина ги менуваа температурите на системите за ладење, кои во некои случаи достигнуваа и до 50 степени Целзиусови.

Националната агенција за сајбер безбедност издаде посебно предупредување до компаниите во секторите за малопродажба, логистика на храна и ладен ланец, по сајбер нападите што ги погодија бизнисите во неколку европски земји.

Агенцијата ги повика компаниите итно да проверат дали нивните системи за контрола и системи за далечинска техничка поддршка се изложени на интернет и да ги изолираат од корпоративните мрежи доколку е потребно.

Меѓу препорачаните мерки се зајакнување на безбедноста на далечинскиот пристап преку VPN и повеќефакторска автентикација, контрола на привилегирани сметки и ажурирање на уредите што повеќе не се поддржани.

„Агенцијата за сајбер безбедност досега доби извештај за инцидент во рамките на системот NIS од компанија во Тоскана што работи во секторот за колективно угостителство, а исто така откри и напад врз компанија во Емилија-Ромања што се занимава со производство на замрзната храна, за што сè уште не е поднесен официјален извештај“, соопшти агенцијата, која го засили надзорот за откривање на можни нови случаи.

COPASIR ќе побара информации од владата

Според информациите добиени од Adnkronos, парламентарниот комитет за безбедност COPASIR е подготвен да побара информации од владата по вестите за сајбер напади што влијаат на системите за ладење на бројни компании во различни европски земји.

За утре во 14 часот е закажан состанок на комитетот, а на дневен ред е сослушувањето на директорот на Агенцијата за внатрешна безбедност и информации (AISI), Бруно Валензизе.

Затоа, ова ќе биде можност комитетот да се состане и да побара од извршната власт да ги достави најновите информации за ситуацијата.

Дополнително, сослушувањето на генералниот директор на Националната агенција за сајбер безбедност (ACN), Андреа Квакиви, е веќе закажано за следниот ден, среда, 4 ноември, во 13:30 часот, пред COPASIR, што сигурно ќе биде можност за добивање дополнителни информации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: Никогаш во животот не сум влегол во Алта банка

Носителот на изборната листа „Александар Вучиќ-Единствена Србија“, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека нема никаква врска со Алта банка, дека никогаш во животот не влегол во таа банка ниту имал сметка таму.

Вучиќ: Никогаш во животот не сум влегол во Алта банка

„Никогаш во животот не сум влегол, мислам, не ми верувајте на збор, мислам дека никогаш во животот не сум влегол во Алта банка. Мислам дека не можам да се сетам. Дури и немам сметка во Алта банка, немам ништо, немам поим. Го видов тој човек три или четири пати во животот и ми се чинеше пристоен, ми се чинеше сериозен. Но, го познавам сопственикот на АИК банка, Ацо Костиќ, и сите други банкари, ако сакате, во Србија, многу подобро отколку што го познавам него“, изјави тој за ТВ Информер.

Додаде дека би сакал да ја чуе и другата страна и ги смета изјавите дека Алта банка е банка на Српската напредна партија и дека таму се одвива нелегална трговија со пари за неточни, објави Телеграф.

„Верувам дека Јоргованка (Табаковиќ) видела нешто. Таа не само што ќе ја затвори, туку ја затвори според прописите. Исто така сум сигурен во тоа. И морам да ѝ верувам. Но, целата приказна ми е многу чудна. Целата приказна ми е многу чудна бидејќи сè се поврзува со напад врз сè каде што Русите имаат некакво упориште“, нагласи тој.

Тој изјави дека фактот што немал никаква врска со гореспоменатата банка не значи дека оние луѓе што ја имале, и како што истакна, многу јавни претпријатија, многу општини и градови, не биле виновни за ништо.

Според него, во Србија сега се на удар руските и кинеските компании.

„Забележав дека ја праќаат UKP насекаде да провери каде работат руските и кинеските компании. Особено руските компании. Каде и да видат руска компанија, тоа е нивниот црвен шал и одат таму за да уапсат некого за соработка со руска компанија. Тоа го прави обвинителот, момците од UKP, како и секое момче за работа, одат таму и ја работат работата што им е кажано, само за да не обвинат никого, и тоа е тоа. И сите во земјата го знаат ова“, рече Вучиќ.

Тој рече дека во тешки времиња може да се види кој е кој и дека досега ја повикал Јоргованка Табаковиќ „околу шест пати“, откако прочитал дека е уапсена и дека „седи дома и разговара со својата ќерка“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИЗИЧКИ НАПАД НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - ВЕЛЕС КАЈ КЛУЧКАТА ХИПОДРОМ: „ЌЕ ТЕ СТАВИМЕ ВО БАГАЖНИКОТ!

Д.Б. (21), син на поранешен началник на РЦ „Југ“, пријавил дека бил пресретнат од „ауди“, по што две лица излегле од возилото. Според неговото сведоштво, едното лице го удрило двапати и му се заканило со зборовите: „Ќе те ставиме во багажникот!“

ФИЗИЧКИ НАПАД НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - ВЕЛЕС КАЈ КЛУЧКАТА ХИПОДРОМ: „ЌЕ ТЕ СТАВИМЕ ВО БАГАЖНИКОТ!

Момчето на полицијата ѝ пријавил дека му било кажано: „Ќе те ставиме во багажникот” а дополнително напаѓачите му упатиле и „поздрав“ од Ј.К., лице кое во минатото било приведувано од страна на неговиот татко во врска со сомнежи за криумчарење мигранти.

МВР потврдува дека е пријавен физички напад кај клучката Хиподром. Полицијата го расчистува случајот, а сите детали и наводи сè уште не се официјално потврдени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер