1ВРЕДИ: Задржувањето на Ќафасан без објаснување на нашите тројца функционери бара официјален одговор!
„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
2„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
ЗдравјеКолку е штетна течноста за плакнење уста? (фото) Стоматолог тврди дека со неа ги уништуваме забите...Совети за орална хигиена. Кога станува збор за здравјето на забите, кариесот е еден од најголемите проблеми. Стоматологот Ками Хос предупредува дека некои секојдневни навики би можеле сериозно да ја загрозат состојбата на забите, нагласувајќи дека здравјето на усната шуплина има значајно влијание врз целокупното здравје на организмот. Течности за плакнење на уста Стоматологот Хос особено укажува на штетноста на течностите за плакнење на уста, нагласувајќи дека тие можат да предизвикаат сериозно оштетување на забите. Огорчен од нивното дејство, тој тврди дека овие течности убиваат голем број микроби во устата, оставајќи простор за репродукција на најопасните. Ваквиот пристап, според д-р Хос, може да доведе до катастрофални последици. Хос советува дека усната шуплина треба да се гледа како градина, со многу добри и лоши бактерии од кои треба да се ослободите исто како од плевелот. - Ако во градината имавте плевел, сигурно немаше да го полевате со киселина. Токму тоа го правиме кога користиме средство за плакнење на устата, тоа убива сè што живее во неа - вели д-р Хос, а пишува Ординација.хр Совети за одржување на оралното здравје За да се зачува здравјето на усната шуплина, д-р Хос дава низа совети кои вклучуваат промена на секојдневните навики. Препорачува утринска орална нега пред појадокот, со користење на блага течност за плакнење на устата со цел да се обнови pH вредноста на усната шуплина и да се отстранат наслагите, како и редовно чистење на забите со конец и интердентална четка. - Исчистете го јазикот со средство за таа намена, бидејќи на него може да се наталожат наслаги штетни за здравјето на усната шуплина. На забите им наштетуваме кога ги негуваме со производи што содржат алкохол или други состојки кои можат да ја променат микробиотата во устата, која се развила во текот на милиони години – тврди стоматологот Хос. За да се зачува здравјето на усната шуплина, од клучно значење редовните посети на стоматолог, како и употребата на благи препарати за нега на усната шуплина и правилна хигиена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВРЕДИ: Задржувањето на Ќафасан без објаснување на нашите тројца функционери бара официјален одговор!Партијата ВРЕДИ испрати соопштение во кое пишува дека по едночасовно чекање на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, полициски службеници од Албанија одбиле влез на едно лице во земјата кое патувало заедно со пратеници.Партијата ВРЕДИ испрати соопштение во кое пишува дека по едночасовно чекање на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, полициски службеници од Албанија одбиле влез на едно лице во земјата кое патувало заедно со пратениците во македонското собрание, Беким Ќоку и Аднан Азизи, од владејачката партија ВРЕДИ, но и заменик-генералниот секретар во владата, Хасим Муртезани. Пратениците биле задржани околу еден час без никакво официјално објаснување, иако сите тројца имаат дипломатски пасоши ,велат според информациите што неофицијално ги соопштила граничната полиција, против нив постои забрана за влез. Сепак, не им е соопштена никаква одлука, документ или оправдување. ВРЕДИ бара од властите на Република Албанија да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка. Доколку е така, кој ја донел оваа одлука, врз која законска основа се темели и кои се конкретните причини за таквата акција против избраните функционери и институционалните претставници. Лидерот на пратеничката група на Демократска партија на Албанија, Газмент Барди изрази поддршка за пратениците на ВРЕДИ ,, Ниту една институција на Албанија нема право да се однесува на овој начин кон легитимните претставници на Албанците од Македонија. Дополнително, напиша оти ваквите постапки се неприфатливи, спротивни на уставот на државата ниедна институција на албанската држава нема право да се однесува кон легитимните претставници на Албанците од Македонија на понижувачки начин. Барам полицијата веднаш да даде јавно и транспарентно објаснување за овој настан. Албанија секогаш мора да биде држава која ги поздравува, почитува и заштитува албанците, а не држава каде што тие се чувствуваат навредено или попречено. Ова не е само правно прашање, туку и национална и морална обврска“,напиша Барди.Тагови: ВРЕДИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево време со мала до умерена облачност и температура до 33°CВремето денска ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 км/ч. Температурата ќе се движи од 10°C минималната на повисоките места до 33°C максималната во југоисточниот крај. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. температурата во амкедонската престолнина ќе с едвижи од 11 до 31°C.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелови од Скопје неколку часа ќе бидат без струјаДелови од Скопје денес ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на екипите на ЕВН Македонија.Од ЕВН Македонија информираат дека денес без електрична енергија ќе останат: - Advertisements - од 8:00 до 13:00 часот – селата Рашче, Копаница и Бојане (Општина Сарај); од 8:00 до 14:00 часот – улицата „Богомилски поход“ во населбата Лисиче (Општина Аеродром); од 8:00 до 16:00 часот – дел од потрошувачите на улица 3 и „Индира Ганди“; - Advertisements - од 9:30 до 14:30 часот – дел од улиците „Пробиштипска“, „Стоби“, „Мице Козар“ и зградата 8 на улицата „Виа Игнација“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter