Колку е сериозна психичката состојба на Штекли - утврдува Кривичниот суд - Канал 5

Колку е сериозна психичката состојба на Штекли - утврдува Кривичниот суд

Дали психичката состојба на Раде Трајковски Штекли навистина не дозволува да ги следи судските рочишта против него ќе утврди Кривичниот суд откако ќе ги соочи психијатриските вешачења на вештите лица предложени од одбраната и обвинителството. 

Колку е сериозна психичката состојба на Штекли - утврдува Кривичниот суд

Денеска одговарајќи на прашања на адвокатот на Штекли, Сашо Дуковски, вештото лице Ѓорѓија Хаџи Ангелков потврди дека Штекли има халуцинации, и замислен пријател кого го нарекува учител, и кој верува дека му помогнал да се спаси кога беше застрелан во Ист Гејт. Според Хаџи Ангелков, Штекли се наоѓа во состојба на психоза и стравувајќи за својот живот се изолирал во соба со камери. Дури и престанал да јаде месо бидејќи верувал дека животните се негови браќа и сестри. Хаџи Ангелковски изјави дека го посетил обвинетиот во затворот „Скопје“, каде што интервјуто траело подолго од вообичаено. Тој нагласи дека состојбата на Трајковски е значително променета во споредба со претходното вештачење пред седум до десет години, кога кај него била дијагностицирана епилепсија.

Од друга страна, обвинителката се обидуваше да го увери судот дека Раде Трајковски Штекли, осомничен за учество во организирана продажба на дрога, е во потполона свест и разум. Таа го прашуваше психијатарот дали тврдењата дека Штекли има шизофренија се засновани на медицински испитувања или пак се темелат само на изјава на обвинетиот и зошто претходно не била поставена ваква дијагноза, на што вештакот одговори дека обвинетиот не сакал да се дознае за неговата психичка состојба.

Судското рочиште ќе продолжи во петок за кога е предвидено да сведочат вештите лица предложени од обвинителството.

Судијата Илија Трпков најави дека ќе ги соочи експертите од двете страни пред да одлучи дали ќе се прифати едно од постојните вештачења или ќе се нареди ново.

Обвинението, поднесено од Обвинителството за гонење на организиран криминал, опфаќа 10 лица, по речиси едногодишна истрага во која биле користени посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле казни затвор од 3 до 3,5 години.

Според обвинителството, групата функционирала како добро организирана мрежа, со јасно распределени улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Клучни докази биле обезбедени преку апликацијата Snapchat и анализи со „Cellebrite“ системот, донација од САД.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит.

Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби.

Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички.

Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство.

Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот.

Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер