Колку долго опстојуваат антителата кај заболените од ковид-19?

Засега се уште се истражува колку долго траат антителата.

Луѓето со потешки симптоми на Ковид 19 по излекувањето покажале дека имаат поголема концентрација на антитела, објаснува докторот Александар Петличковски од Институтот за имунологија по направените истражувања на луѓе кои го прележале вирусот. Засега се уште се истражува колку долго траат антителата.

Според досегашното искуство нема повторување на вирусот во иста сезона, досегашните примери каде две медицински сестри при донирање на плазма имаа повторно позитивен тест, Петличковски вели дека според досегашните истражувања ковидот може да се добие во една сезона.

Антителата и нивниот рок стана тема на истражување во сите земји. Во соседна Србија во Институтот за примена на нуклеарна физика во дел од истражувањата покажале антитела и оние без симптоми.

„Успеавме да детектираме многу случаи да идентификуваме поединци кои биле асимптоматски случаи кои го пренесувале вирусот и имале многу високи вредности и ИГМ, а подоцна и ИГГ антитела. Така да асимптоматски случаи многу често најмногу вредности на концентрација на антитела најмногу развиваат асимптоматски случаи и случаи со тешка клиничка слика. Ова исклучиво се наши сознанија, литературата зборува за тоа дека асимптоматските случаи развиваат послаби симптоми и можеби воопшто не развиваат антитела, меѓутоа ова истражување е направено со приемна наши тестови“ објаснува Марија Гњатовић од Институтот за примена на нуклеарна физика.

Науката од претходните искуства со САРС вирусот 1 пред шест години антителата тогаш траеле една година.

До утре туристичките агенции може да се регистрираат на платформата „Дома си е дома" за користење ваучери

Лиценцираните туристички агенции кои сакаат да работат со ваучери за туризам, до утре, 10 август, може дополнително да се регистрираат на платформата „Дома си е дома". 

На овој начин, граѓаните кои добиле ваучери за туризам, освен во сместувачките капацитети ќе можат да ги искористат ваучерите и преку туристичките агенции кои ќе се регистрираат на платформата.

За да исполнуваат услови за пристап до платформата, туристичките агенции треба да имаат валидна лиценца за работа издадена од Министерството за економија и да ја прикачат на платформата.

Агенциите кои претходно се имаат пријавено на платформата „Дома си е дома", а ги исполнуваат условите (имаат валидна лиценца) автоматски ќе бидат одобрени од страна на Министерството за економија.

Туристичките агенции може да понудат сместување, но и да вклучат дополнителни услуги како превоз до туристичките центри, екскурзии, водичи, прошетки. При реализација на ваучерот треба да имаат склучени договори со објектите за сместување (категоризирани). Треба да водат евиденција за секој корисник на ваучер (име и презиме на носителот на ваучерот, термин кога се користат ваучерите и назив на објектот во кој ваучерот ќе се користи). Доколку туристичката агенција нуди аранжмани, во договорот за аранжман треба да стои име и презиме на носителот на ваучерот, термин и времето кога ќе се користи и во кој објект.

Туристичките агенции до Министерство за економија ќе достават фактура за плаќање на искористените ваучери за туризам со прилог (листа со кодовите од ваучерот за туризам и име и презиме на носителот на ваучерот, име на објектот каде лицето престојувало и договори со угостителските објекти и објектите за сместување каде се искористени ваучерите). Со оваа можност, освен на туристичките агенции, Министерството им излегува во пресрет и на граѓаните кои имаат ваучери за туризам за да може да го искористат за повеќе услуги преку туристички агенции како што е превоз до туристичките места.

Како што соопшти Министерството за економија на 5 август, за 20 дена откако стартувала мерката ваучери за домашен туризам биле искористени над 8.400 ваучери. Ваучерите граѓаните ќе може да ги искористат до 15 декември 2020 година.

Ваучер за туризам се издава на вработени лица со низок доход заради плаќање искористена туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти за сместување и преку даватели на туристички услуги, регистрирани вршители на туристичка дејност.

Стојанов: Никој не знае до кога ќе трае КОВИД-от, но животот мора да тече

 КОВИД-19 ги напаѓа и старите и младите, и со коморбититети и без коморбидитети. Нема правило. 

Ова е сè уште нова инфекција за сите нас, ни треба повеќе време за да направиме релевантни статистики. Излезе дека вирусот се прилагодува и на зимско и на летно време. Сепак, оптимист сум и мислам дека трендот на заболени е во намалување, не во зголемување, вели директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Александар Стојанов.

Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, д-р Стојанов истакнува дека медицинските работници се преморени, но не е прашањето само дали тие ќе издржат, туку и дали целокупниот здравствен систем финансиски ќе може да го поднесе „товарот".

Медицински персонал не можеме да увеземе, додава Стојанов, а клучно во борбата против КОВИД-19 е почитувањето на мерките за заштита.

Според докторот, сега младите се поактивни и се поизложени на вирусот, а пензионерите повеќе внимаваат. Младите кои ќе завршат на респиратор, предупредува, имаат големи проблеми

-Се трудиме колку можеме. Многу полесно ќе ни беше ако бројките беа двоцифрени, затоа што и болниците ќе се справуваа со помал број пациенти, центрите за јавно здравје помалку ќе тестираа, лабораториите ќе беа покомотни, ама, за жал, еве тоа не се случува. Се случува многу полека, јас пак сум оптимист и мислам дека трендот е во намалување, не е во зголемување, но не е само дали ќе издржиме, прашањето е и дали системот финансиски ќе издржи. Оти правиме многу големи трошоци, а немаме адекватна економска помош. И тој момент мора да се земе в предвид. Мора да се земе в предвид дека луѓето се изморени и им треба одмор на сите, барем по една недела, ние правиме некои напори, да пуштаме луѓе кај што може, но немаме друго решение освен да се работи секојдневно, ние работиме и саботи и недели и празници, нагласува директорот.

Во однос на почетокот на школската година, тој е дециден дека никој не може да каже кога ќе престане целата ситуација или кога бројките ќе се намалат за да биде безбедно одењето на настава, а децата мора да учат. Проблем ќе биде, нагласува, кај класовите со повеќе ученици. Во ваков случај опција би било да се седи помалку на час и да има по три смени или половина одделение да оди на настава една недела, а половина да работи од дома, а потоа обратно. Но, треба да се процени и дали ќе има доволно наставици.

-Децата мора да учат зашто оваа ситуација може да потрае подoлго време. Никој точно не може да каже кога ќе престане ова, кога ќе се намалат бројките за да биде побезбедно одењето во школо. Дали ќе ги држиме децата уште две години дома? Мерките се општи и важат за сите: дистанца, маска и дезинфекција. Но, како тоа да се спроведе во школите зашто и поголемите деца не ги почитуваат мерките, а нешто мора да се направи за да на изостануваат од училиште. Сепак, животот мора да тече, децата треба да бидат образовани. Истото се однесува и на градинките и на школите, вели д-р Стојанов.

За високата смртност во земјава, пак, смета дека има два момента, здравствениот систем и начинот на пријавување. Тој е дециден и гарантира, како што вели, дека од почетокот на епидемијата сè е транспарентно, сè е јавно кажано до детаљ и не е сигурен дека е така и во другите земји.

-Со тешките случаи најдобро се справи здравствениот систем на Германија, со тоа што уште од времето Германија има по глава на жител најголем број на интензивна нега, комплетно опремена со сè што треба. Ние не сме тој тип на држава со такво јако здравство. Другиот момент е што ние уште од почетокот значи сè што почина и во болница и надвор од болница и постмортем им земавме брисови и не сме промашиле ништо, затоа што мислевме дека во семејства каде што ќе почине некој и ако се земе брис и излезе дека е позитивен дека треба да се внимава на контактите, да се изолираат. Знам земји каде луѓе починати надвор од болница не беа воопшто ставени во таа статистика, нагласува директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Александар Стојанов во интервјуто за Радио Слободна Европа..

ВМРО-ДПМНЕ:Над 550 студенти не добија платежни картички

Над 550 студенти не добија платежни картички, институциите веднаш да одговорат на приговорите на студентите!

Власта на СДСМ не успеа да се справи со пандемијата создавајќи тотален хаос во државата. Без ни малку срам ги извисија студентите за домашна платежна картичка затоа што дел од нив останаа без денар доделен од Владата. Група од околу 550 студенти на УКИМ кои иако ги исполнуваат критериумите не добиле платежни картички.

Како може МОН во време на најмодерна технологија да нема основен регистар со број на студенти во државата?

Наместо постапката на објавување да биде целосно транспарентна за на списокот да не се најдат некои што не требало да се таму очигледно власта свесно пред избори изврши класичен поткуп.

Власта го крши уставното право сите студентите да имаат еднакви можности за добивање финансиска помош од државниот буџет во услови на пандемијата. Со тоа Власта докажа дека платежната картичка за купување домашни производи е класичен поткуп. И претходно апелиравме дека делењето на картички и ваучери е предизборен поткуп на купување гласови.

Институциите веднаш да одговорат на приговорите на студентите и да им овозможат тоа што го ветуваа пред избори.

Власта предводена од СДСМ свесно со поткупот за жал го поткопува образованието.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер