Колку долго луѓето можат да издржат без сон? - Канал 5

Колку долго луѓето можат да издржат без сон?

Лишувањето од сон го зголемува ризикот од низа здравствени проблеми, вклучувајќи дијабетес, срцеви заболувања, дебелина и депресија, предупредуваат американските Центри за контрола и превенција на болести.

Колку долго луѓето можат да издржат без сон?

Затоа, на човек му треба шест до осум часа сон секоја ноќ. Сепак, не е невообичаено луѓето, особено студентите, да останат будни цела ноќ, т.е. 24 часа.

Но, колку долго луѓето можат да издржат без сон? Во 1963 година, 17-годишниот Ренди Гарднер од САД не спиел 11 дена и 25 минути. Тој останал буден за проект на научен саем во Калифорнија, поставувајќи светски рекорд. Но, Гинисовата книга на рекорди веќе не ги следи тие „подвизи“ - престанале да прифаќаат пријави во 1997., поради, како што објасниле, „значајните опасности поврзани со недостатокот од сон“, пренесува „Лајвсајенс“ (Livescience).

Што се случува со луѓето кои страдаат од хроничен недостаток од сон? Спиењето е неопходно за физичката, менталната, како и емоционалната стабилност на телото. Според д-р Орен Коен, лекар за медицина на спиењето во болница „Маунт Синај“ во Њујорк, САД, кога сте будни 24 часа на ден, мозочната активност покажува знаци дека е „на границата меѓу спиењето и будноста“, иако изгледате будни.

- Ова се нарекува „микроспиење“. Луѓето кои не спијат подолги временски периоди може да изгледаат будни, но нивниот мозок несвесно се лизга во состојба на абнормален сон, што вклучува слаба сосредоточеност, па дури и халуцинации. Тешко е да се поверува дека некој може да остане буден повеќе од 24 часа без вакви епизоди, вели Коен.

Тој вели и оти не е лесно точно да се одреди колку долго некој може да остане буден и кои се несаканите последици. Подолгото неспиење е толку разорно, што се смета за неетички да се проучува кај луѓето, велат лекарите. Присилната будност се користи како психолошка тортура.

Но, постојат докази за луѓе со ретка наследна состојба, наречена фатална фамилијарна несоница (Fatal Familial Insomnia - ФФИ). Овие пациенти имаат генетска мутација што предизвикува абнормална акумулација на протеини во мозокот, што го влошува сонот. При оваа состојба, телото се соочува прогресивна слабост и на крајот умира од протеинските наслаги коишто ги оштетуваат мозочни клетки. Повеќето пациенти со ова нарушување умираат во просек за 18 месеци.

Испитувањата врз стаорци во 1989 година покажаа дека животните може да поминат без сон меѓу 11 и 32 дена, пред да умрат. Студија од 2019. спроведена со луѓе, објавена во списанието „Природата и науката за спиењето“ (Nature and Science of Sleep), открива дека учесниците можеле да одржат релативно нормално ниво на будност до 16 часа. Но, по 16-от час, се случува значително намалување на вниманието, коешто пак, се влошува кај учесниците кои страдале од хронична несоница.

- Ограничувањето на спиењето е исто така ризично: Иако влијанието врз концентрацијата може да бидат сериозни, понекогаш луѓето не ги забележуваат, исто како кога некој е под дејство на алкохол, но мисли дека е способен да вози. Овие луѓе не знаат дека не можат доволно добро да се фокусираат, додава Коен.

Неспиењето полни 24 часа ја намалува координацијата рака-око исто колку и 0,1 промил алкохол во крвта. Тоа предизвикува забавеност, нејасен говор, нарушено донесување одлуки, намалена меморија и координација, раздразливост и нарушен вид и слух, според истражувањето на „Клиниката во Кливленд“. Заклучоците се совпаѓаат и со други научни трудови.

По 36 часа будност, луѓето имаат зголемени маркери на воспаление во крвта, хормонска нерамнотежа и побавен метаболизам, се наведува. Има малку научни наоди и наводи за тоа што се случува по 72 часа без спиење, но познато е дека луѓето стануваат вознемирени, анксиозни, депресивни, почнуваат да халуцинираат и имаат сѐ поголеми проблеми со основните функции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери.

Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија.

Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки.

Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија.

И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Музејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше...

Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет.

Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година.

Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз.

Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед.

https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embed

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Пијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. 

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари.

Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет.

Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон.

Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба.

Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот.

Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден.

Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот.

Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода.

„Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој.

„Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер