Колку чучнувања се потребни за затегнато тело? – Точна бројка

За глутеусот и бутините нема подобра вежба, но колку чучнувања се потребни за да се видат резултатите?

Колку чучнувања се потребни за затегнато тело? – Точна бројка

Чучнувањата се вежба која согорува повеќе калории од многу други вежби, може да се изведуваат дома, на работа, во сала за вежбање, во парк, всушност, секаде. Покрај зајакнувањето на мускулите на глутеусот и бутовите, чучнувањата ќе ви го подобрат држењето на телото и рамнотежата.

Вежбите со чучнување исто така ќе го забрзаат вашиот метаболизам, односно ќе поттикнат согорувањето на мастите со што ќе ја изгубите тежината. Генерално, редовното изведување на чучнувања ќе го подобри квалитетот на вашиот живот и ќе ви ги олесни секојдневните задачи и обврски.

За почеток, важно е да знаете како правилно да изведете чучнување: кога сме во положба на чучнување, важно е колената да не поминуваат преку врвовите на прстите. Доколку правилно ги изведувате, при секое повторување, т.е. кога се враќате од чучната позиција во почетна позиција, ќе почувствувате контракции во мускулите на глутеусот.

Ако не чувствувате дека мускулите на задникот се затегнуваат, тогаш најверојатно вашата телесна тежина ја пренесувате на предниот дел на стапалото наместо на петите. Ова значи дека најголем дел од работата ја вршат квадрицепсите, а не глутеалните мускули.

За да го поправите ова, префрлете ја телесната тежина на петиците и стиснете ги глутеалните мускули додека се враќате на почетната позиција. За време на вежбата, ќе почувствувате пецкање во мускулите на задникот.

Повеќето експерти советуваат да се прават серии од 10 до 20 или 30 чучнувања дневно, два до три пати неделно.

Вашиот план за изведување на оваа вежба може да биде следен:

20 чучнувања дневно – совршени за почетници. Ако кон вашата програма за вежбање ги додадете и чучнувањата, на почетокот не треба да изведувате повеќе од 20. Кога ќе ви стане лесно, можете да го зголемите бројот на чучнувања.

50 чучнувања дневно – одлично за оние кои особено сакаат да го забрзаат својот метаболизам.

100 чучнувања на ден – идеални за оние кои сакаат да видат и почувствуваат бројни резултати од вежбањето, вклучувајќи зголемена мускулна маса, подобра издржливост и генерално, промена на начинот на живот.

Муцунски во Будимпешта се сретна со неговиот колега Сијарто

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, денеска престојуваше во еднодневна работна посета на Будимпешта,Унгарија, каде оствари билатерална средба со неговиот унгарски колега, министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Муцунски во Будимпешта се сретна со неговиот колега Сијарто

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојуваше во еднодневна работна посета на Будимпешта, Унгарија, каде оствари билатерална средба со неговиот унгарски колега, министерот за надворешни работи Петер Сијарто, и, на негова покана, се обрати пред членовите на Дипломатскиот совет на Унгарија, информираат од МНРиНТ.

На средбата со министерот Сијарто, министерот Муцунски упатил искрена благодарност за поддршката и прифаќањето на македонските пациенти повредени во несреќата во Кочани, нагласувајќи дека оваа конкретна помош е дел од продлабоченото пријателство и соработка помеѓу двете земји, градено интензивно во изминатите девет месеци.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ја посетил и болницата во Будимпешта каде што се згрижени шест македонски пациенти. Се сретнал со нивните семејства и со медицинскиот персонал, од кои добил информации за состојбата на пациентите и упатил благодарност за грижата, професионалноста и човечноста со која унгарските лекари се вложуваат во нивното лекување. Притоа истакнал дека поддршката се однесува не само на пациентите, туку и на нивните најблиски, кои добиваат логистичка поддршка преку дипломатско-конзуларната мрежа.

Министерот и неговиот домаќин разговарале и за унапредување на економската соработка, со акцент на инвестициите, енергетиката и трговската размена, како и за актуелната регионална динамика, стабилноста, безбедносните предизвици и континуираната поддршка од Унгарија за македонските евроинтеграции.

Се огласи Трамп од Овалната соба за договорот на САД со Украина за ретките минерали

САД и Украина постигнаа договор за ретки минерали.

Се огласи Трамп од Овалната соба за договорот на САД со Украина за ретките минерали

Американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во Овалната соба изјави дека очекува договорот за ретки минерали наскоро да биде потпишан, објави Ројтерс.

Трамп рече дека на состанокот на делегациите од Вашингтон и Киев, што се одржува во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, се разговара за територијални прашања поврзани со војната во Украина и линијата за разграничување.

Трамп исто така рече дека Вашингтон разговара со Киев за можноста американски компании да поседуваат украински нуклеарни централи. Разговорите во Ријад главно се фокусираа на прекин на огнот во Црното Море, беше објавено претходно.

Сепак, Трамп рече и дека се појавиле и други теми.

„Се зборува за територија, за линии на разграничување, за сопственост на електрани. Некои велат дека САД треба да ги поседуваат електраните бидејќи поседуваме стручност“, рече американскиот претседател.

Дисциплинска постапка за полицаецот, чиј син направи хаос на Северна обиколница со неговиот беџ

Дисциплинска постапка за полицискиот службеник чија службена легитимација беше злоупотребена од неговиот син во инцидентот на скопската обиколница.

Дисциплинска постапка за полицаецот, чиј син направи хаос на Северна обиколница со неговиот беџ

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поведе дисциплинска постапка за нарушување на работниот ред и дисциплина против полицискиот службеник чија службена легитимација беше злоупотребена од неговиот син во инцидентот на скопската обиколница.

Како што информираат од МВР, Одделот за внатрешна контрола констатирал дека полицискиот службеник И.А.Х., дозволувајќи неговата службена легитимација да биде употребена за лични цели од неговиот син, постапил спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи.

Против синот на полицискиот службеник, СВР Скопје во соработка со јавен обвинител ќе поднесе кривична пријава по член 386 – „насилство“ од Кривичниот законик.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде мерки и активности, постапувајќи по претходна пријава дека Ф.Х. ја злоупотребил службената легитимација на неговиот татко И.А.Х., полициски службеник во Полициското одделение Сарај. Имено, по преземени мерки било констатирано дека Ф.Х. на 21.03.2025, управувајќи приватно моторно возило, следел друго лице и во близина на село Смилковци и клучка Стајковци се претставил како полициски службеник и ја покажал службената легитимација на неговиот татко. Притоа, Ф.Х. физички го нападнал лицето, кое потоа настанот го пријавило во полициска станица. Во врска со настанот, СВР Скопје во соработка со јавен обвинител, против Ф.Х. ќе поднесе кривична пријава по член 386 – „насилство“ од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Основното јавно обвинителство Скопје, претходно поведе постапка против 20-годишникот за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а доставен е и предлог за притвор.

Јавното обвинителство претходно денеска соопшти дека поради недоразбирање во сообраќајот осомничениот управувајќи автомобил „Фолксваген голф” дошол во иста линија со возило „Сеат леон” кое го управувал оштетениот. Со автомобилот започнал да навлегува во лентата по која се движел оштетениот, па како да е овластен полициски службеник преку својот прозорец на оштетениот му ја покажал полициската значка, која била во возилото и со која бил задолжен неговиот татко – полициски службеник во СВР Скопје. Оштетениот, мислејќи дека се работи за стоп наредба од овластен полициски службеник, го запрел своето возило и се упатил кон возилото на осомничениот. Тој излегол надвор, почнал да го пцуе оштетениот, па од фармерките извадил нож на расклопување и го отворил сечивото. Со ножот почнал да замавнува кон оштетениот, нанесувајќи му телесни повреди, по што побегнал, стои во информацијата од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, имајќи ја предвид пред се опасноста тој да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода за да ја избегне кривичната одговорност за делото што му се става на товар.

притисни ентер