3Митовски: Доста е од голготата на граѓаните — Владата итно да прогласи кризна состојба во Крива Паланка!
Шоу бизКолку чинат тајните на сестрите Кардашијан?Јавноста сепак нема да ги открие сите тајни на семествотот кардашијан. Ким и нејзините сестри се договорија со сопругата на нивниот починат татко, Елен Пирсон за цената на таинствениот дневник кој го водел Роберт Кардашијан.Елен Пирсон инаку била во краток брак со таткото на Ким, Кортни и Клои, славниот адвокат Роберт Кардашијан , кој починал во 2003 година . Вдовицата претходно на американските таблоиди им раскажа дека ги поседува дневниците на Роберт, во кои тој „пишува се и сешто “ за поранешната сопруга Крис Џенер и нивните деца Ким, Кортни, Клои и Роберт. Семејството Кардашијан дури ја тужеше Пирсон , која во минатото повремено на таблоидите и продаваше по некој„сочен“ дел од таинствениот дневник. Елен Пирсон на таблоидите им раскажа дека Роберт во дневникот имал напишано дека Крис сакала да ги убие ќерките, дека синот Роберт го заклучувала во автомобилот кога одела на љубовни средби . Кардашијанови долго време тврдеа дека дневникот на нивниот татко Роберт не постои , но сега зборуваат нешто сосема друго. Пред судот во Лос Анџелес семејството Кардашијан постигна договор со Пирсон. Елен Пирсон ќе ги предаде дневниците водени од нејзиниот поранешен сопруг (кои сепак постоеле) и ќе престане да објавува и продава делови од нив , а семејството Кардашијан ќе и плати непозната сума на пари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната неделаДоналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина следната недела за да разговараат за завршување на војната во Иран.Трамп им рече на новинарите дека очекува да се сретне со рускиот и кинескиот лидер на азиско-пацифичкиот самит во Шенжен, Кина, закажан за 18 и 19 ноември. „Тоа ќе биде интересно. Ќе разговараме за многу работи, вклучително и за денуклеаризација. Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“, кажа Трамп. Идејата за ваков самит прв ја предложи Путин, кој притоа сакал да се разговара за завршување на војната во Украина. Кремљ на 21 октомври соопшти дека се прават подготовки за ваква средбаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗСИнфлацијата во октомври според индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 3.3 отсто во однос на истито месец лани, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.На годишно ниво најмногу поскапело горивото. Според статистичките податоци, транспортот во октомври годинава е за 9,5 отсто поскап во однос на лани. Трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемиле за 8,5 отсто, а за образование над 5 отсто. На месечно ниво инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 отсто, индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМитовски: Доста е од голготата на граѓаните — Владата итно да прогласи кризна состојба во Крива Паланка! Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на прес-конференција побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на прес-конференција побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината и да ги обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток. Барањето произлегува од заклучоците на Општинскиот кризен штаб и оцената дека надлежните институции немаат доволно капацитети самостојно да се справат со проблем од ваков обем. На прес-конференцијата присуствуваа многубројни граѓани, меѓу кои и лица што претрпеле штети од добитокот. Нивното присуство ја нагласи сериозноста на состојбата и очекувањето институциите конечно да покажат слух за проблемите со кои секојдневно се соочуваат и да ги заштитат нивната безбедност, имот и труд. „Додека институциите ги објаснуваат своите ограничувања и надлежности, граѓаните ги бројат своите загуби и штети“, порача Митовски. Според информациите изнесени на Кризниот штаб, повеќе од 1.000 грла добиток неконтролирано се движат низ општината. Се уништуваат земјоделски насади, се оштетуваат приватни имоти и јавни површини и се загрозува безбедноста во сообраќајот. Добитокот секојдневно се движи и низ самиот центар на градот. Митовски истакна дека се неопходни дополнителни стручни, логистички, оперативни и финансиски ресурси, специјализирани возила и соодветен простор за сместување на животните. Од Владата побара да обезбеди заедничка, координирана интервенција, со јасен оперативен план, активности по денови, прецизни задолженија и точно утврдена одговорност. Планот треба да опфати организирано заловување, безбеден транспорт и згрижување на добитокот, како и мерки што ќе спречат повторување на проблемот. Тој посочи дека од јануари 2022 година до Владата, Министерството за земјоделство, надлежниот инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство се доставени стотици пријави и иницијативи. Поднесена е и кривична пријава за мачење животни, а собрани се докази за материјални штети, повреди на граѓани и уништување јавни површини. Според Митовски, правосилните и извршни решенија за одземање животни од регистрирани одгледувалишта, донесени уште во 2024 година, сè уште не се спроведени во целост. Досегашните делумни интервенции, истакна тој, не обезбедиле трајно решение. Градоначалникот го отвори и прашањето за здравствената состојба и благосостојбата на животните. Побара одговори кој го следи добитокот за кој се донесени решенија за одземање, кога се извршени последните ветеринарни прегледи и дали се проценети здравствените и епидемиолошките ризици. Митовски нагласи дека институциите мора да ги спроведуваат сопствените одлуки и дека ниту партиската припадност ниту приватните интереси смеат да бидат над законот и над правото на граѓаните на нормален и пристоен живот. „Прогласете 30-дневна кризна состојба, мобилизирајте ги потребните ресурси и помогнете ѝ на Крива Паланка да стави крај на оваа долгогодишна голгота“, порача Митовски до Владата. Тој истакна дека останува со граѓаните во барањето за итно постапување и заштита на нивните интереси, нагласувајќи дека трпението е на крај и дека Крива Паланка очекува конкретно решение, сега и веднаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook