Колку аферата „ИПАРД“ може да влијае врз искористувањето ЕУ фондовите за земајва? - Канал 5

Колку аферата „ИПАРД“ може да влијае врз искористувањето ЕУ фондовите за земајва?

Потребна е брза и ефикасна истрага за ИПАРД фондовите за Македонија да избегне суспензија како во случајот со Албанија – предупредуваат дел од познавачите во земјава.

Колку аферата „ИПАРД“ може да влијае врз искористувањето ЕУ фондовите за земајва?

Според Марко Трошановски, државата мора да извлече поуки, односно да ги зајакне механизмите за спречување на злоупотреби и корупција и да реагира навремено. Во спротивно вели тој, постои сериозен ризик да бидат оштетени корисниците на грантовите кои веќе веќе се соочуваат со последици од суспензијата на ИПАРД програмата.

-Ако покажеме брза и ефикасна истрага, извлечеме лекција, воведеме дополнително зајакнување на механизмите за злоупотреба и анти-корупција, мислам дека ќе ја избегнеме суспензијата како во случајот со Албанија, но тоа треба да се направи многу скоро, ефективно и ефикасно за да ги избегнеме овие работи затоа што дел од корисниците на овие грантови трпат штети,- - Марко Трошановски – Институт за демократија „Социетас Цивилис“.

Според Трошановски, искористеноста на европските средства во земјава е значителна за што смета дека потребно е да се формира и национално тело со кое би се обезбедила нивна целосна и поефикасна апсорпција. Вели дека не очекува актуелната суспензија на дел од ИПАРД програмата да ги загрози другите европски фондови за Македонија, но предупредува дека државата мора да покаже сериозна и контринуирана контрола.

-Евидентно е зголемување на искористеноста на различните грантови шеми што ги дава ЕУ и од година во година тоа расте. / Не би рекол дека(ситуацијата со ИПАРД) може да ги загрози другите фондови и би сакал да потенцирам дека нашата ситуација е различна од другите земји, на пример кај Албанија каде фондовите беа суспендирани,- - Марко Трошановски – Институт за демократија „Социетас Цивилис“.

Претходно од Европската Комисија порачаа дека се свесни за ситуацијата и побарале дополнителни информации од македонските власти, но не можат да дадат повеќе информации во оваа фаза.

Премиерот Мицкоски пак, пред три дена порача дека средствата биле времено стопирани со цел да се истражат сите злоупотреби кои се случувале. Мицкоски кажа дека злоупотреби со ИПАРД програмата се правеле и претходно за што нагласи дека ќе има и одговорност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..

Синоќа, во Цирих и Базел, Швајцарија избија немири за време на неодобрени демонстрации, при што демонстрантите палеле барикади и се судириле со полицијата.

Демонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..

Во Цирих, неколку стотици луѓе се собрале во близина на улицата Лангштрасе и плоштадот Хелветија.

Според градската полиција, демонстрантите почнале да се собираат околу 22:30 часот, а некои од нив носеле маски за Ноќта на вештерките. Учесниците на неодобрениот протест направиле барикади од контејнери за ѓубре, електрични тротинети и други предмети, а потоа ги запалиле.

Според полициското соопштение, група насилни демонстранти ги нападнале полициските службеници со пиротехнички средства, камења и шишиња.

Полицијата одговорила со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми. Во споредните улици дошло до нови судири со полицијата.

Оштетени биле прозорци и инвентар, вклучително и прозорците на станицата за јавен превоз „Штауфахер“ (Stauffacher), како и излозите во близина на плоштадот „Хелветија“ (Helvetia). На улицата „Цвинглиштрасе“ (Zwinglistrasse) бил запален автомобил.

Нешто по полноќ, група демонстранти нападнала и полициска патрола, која била повикана да интервенира поради повредено лице.

Полициското возило било оштетено, а полицајците морале да застанат на страна пред да успеат да му помогнат на повредениот тинејџер.

Од полицијата изјавија дека интервенциите биле дополнително отежнати од бројни набљудувачи, од кои некои фотографирале пред луѓе што активирале пиротехнички средства или пред запалени барикади. Ситуацијата главно се смири околу 01:30 часот по полноќ. Висината на причинетата материјална штета сè уште не е утврдена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг

Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. 

Бугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг

Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија.

Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА.

Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време.

Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател.

Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили.

ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела Европа

Русија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. 

Русија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела Европа

Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“.

Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума.

Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва.

Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри.

Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина.

Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети.

„Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој.

Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување.

„Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, ​​истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер