Паника на лет од Приштина: Маж го скршил прозорецот во авионот, жена се онесвестила- доктор ги решавал проблемите
2Паника на лет од Приштина: Маж го скршил прозорецот во авионот, жена се онесвестила- доктор ги решавал проблемите
Стјуардеса случајно погледнала во телефонот на патник и се шокирала- авионот итно вратен на аеродромот (ВИДЕО)
2Стјуардеса случајно погледнала во телефонот на патник и се шокирала- авионот итно вратен на аеродромот (ВИДЕО)
ЖивотКолекција накит со „нацистичко минато“ заработи 155 милиони долари Дел од спорниот накит на австриската милијардерка Хајди Хортен (1941 - 2022), чие богатство потекнува од нејзиниот покоен сопруг - нацист и неговото преземање еврејски имоти во Хитлерова Германија, се продаде за повеќе од 155 милиони долари. Дел од спорниот накит на австриската милијардерка Хајди Хортен (1941 - 2022), чие богатство потекнува од нејзиниот покоен сопруг - нацист и неговото преземање еврејски имоти во Хитлерова Германија, се продаде за повеќе од 155 милиони долари вчера, на наддавање на „Кристи“. Рахул Кадакија, меѓународниот директор за накит на аукциската куќа, ја оцени продажбата како „успешна“ и истакна дека собраната сума го урнала рекордот - повеќе од 100 милиони долари постигнати со продажба на предмети на холивудската ѕвезда Елизабет Тејлор во 2011 година. Во колекцијата се наоѓаат повеќе од 700 парчиња накит коишто биле во сопственост на австриската покровителка Хајди Хортен. - Целата колекција беше проценета на 150 милиони долари и стигнавме до 155 милиони само за првата продажба, така што мислам дека тоа е многу добар резултат, изјави Кадакија. Речиси 100 предмети беа понудени вчера, 150 други ќе се најдат на аукцијата утре, а останатите ќе се продаваат на интернет-наддавањето што трае до 15 мај и во ноември. Некои од главните парчиња од накитот се продадени за помалку од проценетата цена. Најскапиот предмет, на пр. - прстен „Картје“ со рубин од 25,59 карати, проценет меѓу 14 и 18 милиони швајцарски франци, достигна само 11 милиони франци (околу 11,25 милиони евра). Повеќе еврејски организации побараа да се откаже продажбата. Непосредно пред почетокот на наддавањето, Кадакија повтори зошто „Кристи“ одлучи да ја спроведе аукцијата на накит со контроверзно минато. Според него, целата добивка од продажбата ќе оди кај добротворната „Фондација Хортен“. Тој додаде дека и „Кристи“ ќе им даде дел од својата заработка на еврејските институции и помнењето на Холокаустот. Според „Форбс“, богатството на Хајди Хортен, која почина во јуни 2022 година, изнесува 2,9 милијарди долари. Негодувањето, инаку, е предизвикано од потеклото на богатството на нејзиниот сопруг Хелмут Хортен (1909 - 1987), кој беше сопственик на еден од најголемите синџири стоковни куќи во Германија, именуван по него. Починал 1987 година во Кроље, во швајцарскиот кантон Тичино, каде што е раководител на фондација што исто така го носи неговото име. Фондацијата го опишува како претприемач „обдарен со силно чувство за општествена одговорност“ кој го основал првиот супермаркет во Германија кон крајот на 1950-тите. Продажбата на накит од такво семејство беше критикувана од Центарот „Симон Визентал“ специјализиран за потрага по нацисти, како и од Американскиот еврејски комитет. - Да не ги наградуваме оние чии семејства можеа да се збогатат благодарение на очајните Евреи кои беа цел на нацистите и на коишто им се закануваа нацистите, вели рабинот Абрахам Купер, еден од претставниците на Центарот. На интернет-страницата на кантонот Тичино е наведено дека тој ја изградил својата империја токму во спорните 30-ти. Во 1936 година, три години откако Адолф Хитлер стана германски канцелар, Хелмут ја презел текстилната компанија „Алсберг“ во Дуизбург, по бегството на нејзините сопственици Евреи. А, потоа презел уште неколку компании коишто им припаѓале на Евреите. По Втората светска војна е заробен од Британците и бил интерниран до 1948 година. Според извештај објавен во јануари 2022 година од историчари најмени од „Фондацијата Хортен“, вклучувајќи го и Петер Херес, Хортен бил член на Хитлеровата Национал-социјалистичка партија, но бил изгонет од неа и ослободен од Комитетот за денацификација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЕкономијаРекордна цена на гасот во Европа, прв пат од 2022. Цената на гасот во Европа во понеделникот надмина 100 евра за мегават-час за прв пат од 2022 година, зголемена поради конфликтот на Блискиот Исток и ниските залихи пред зимата.Според податоците од берзата TTF, цената на фјучерсите за гас во еден момент достигна 100,785 евра за мегават-час, или околу 1.058 евра за 1.000 кубни метри, што е највисоко од енергетската криза поврзана со војната во Украина. Стапката на зафатеност на европските капацитети за складирање гас на крајот на октомври беше 74,6 проценти, што е далеку под вообичаеното ниво за овој период, а компанијата „Катар енерџи“ го продолжи прекинот на испораките до некои клиенти до крајот на декември, објави „Ројтерс“. Европските влади засега избегнуваат враќање кон скапи мерки како што се ограничувања на цените и намалување на даноците, бидејќи буџетите се оптоварени, а трошоците за позајмување се високи. Трговците стравуваат дека европските земји ќе се најдат во конкуренција со азиските земји за ограничени залихи на течен природен гас (LNG) како што се приближува зимата, објави „Блумберг“. Побарувачката од Азија би можела дополнително да ја засили конкуренцијата и да ги зголеми цените на бензинот, предупредуваат пазарните експерти.Тагови: Европа гасот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПаника на лет од Приштина: Маж го скршил прозорецот во авионот, жена се онесвестила- доктор ги решавал проблемите Необичен инцидент се случил во понеделник вечерта на летот на EasyJet од Приштина до Базел, кога меѓу патниците се случиле две последователни ситуации што предизвикале паника и страв во авионот.Според информациите што ги добил порталот KosovaNews од неколку патници, сè започнало околу половина час по полетувањето од меѓународниот аеродром во Приштина. Летот за Базел бил закажан за 20:05 часот, пишува Telegrafi.com. Прво, крвниот притисок на жена, за која се верува дека има околу 40 години, одеднаш ѝ паднал, а таа била во исклучително вознемирена состојба и на работ на несвестица. Екипажот на авионот веднаш побарал помош од патниците, прашувајќи дали меѓу нив има лекар. За среќа, во авионот бил и неврохирургот д-р Валон Баралиу, кој работи во болница во Германија. По неговата интервенција и пружање прва помош, состојбата на патникот се стабилизирала. Порталот KosovaNews го контактирал Баралиу, кој потврдил дека инцидентот се случил и дека му помогнал на патникот. „Да, бев, заедно со стотици други патници, на летот на „ИзиЏет“ од Приштина до Базел, кој полета во 20:05 часот. Околу половина час по полетувањето, патничка во 40-тите години доживеа сериозна акутна аритмија, придружена со хипервентилација, вртоглавица, силна анксиозност и напад на паника“, рече тој, додавајќи: „Екипажот и пилотите побараа помош преку системот за јавно обраќање, прашувајќи дали има лекар во авионот. Без двоумење, станав и му пружив на пациентот стручна помош, во согласност со моите должности и професија. Во авионот имаше и млада медицинска сестра, која ни се придружи, заедно со екипажот, кои беа подготвени да ни помогнат и да не поддржат во секое време. По мојата интервенција, состојбата на пациентката се стабилизираше, па му предложив на екипажот да можеме да го продолжиме нашето патување без потреба од итно слетување.“ Сепак, ситуацијата во авионот не заврши тука. Околу половина час по првиот инцидент, втор патник, на возраст од околу 42 години, швајцарски државјанин по потекло од Косово , наводно одеднаш почнал да се однесува агресивно и насилно, без очигледна причина. Според сведоштвата на патниците, тој насилно го скршил внатрешното стакло на прозорецот до неговото седиште, што предизвикало страв и вознемиреност кај другите патници. Овој настан го потврдил и неврохирургот Валон Баралиу, на кого екипажот повторно се обратил за помош при проценка на состојбата на патникот. „Кратко по инцидентот со патникот за кој ви раскажав, слушнав бучава во задниот дел од авионот, кога еден патник, без очигледна причина, го скрши внатрешното стакло на прозорецот. Патниците во тој дел од авионот се исплашија. Маж, на околу 42 години, го скрши внатрешното стакло на прозорецот на авионот. Екипажот повторно ме замоли да ја проценам неговата психофизичка состојба. Кога му се приближив, иако изгледаше физички стабилен, не проговори ниту збор, ниту одговори на моите прашања“, рече Баралиу, продолжувајќи: „Не можам да потврдам дали во тој момент бил под дејство на некакви лекови или бил во состојба на ментално растројство или преоптоварување, без претходно да бидат извршени соодветни анализи. Потоа патникот бил следен од неколку други патници сè додека авионот не слетал на аеродромот во Базел, по што бил преземен од жандармеријата на аеродромот. Морам да нагласам дека екипажот на easyJet покажал исклучителен професионализам, човечност и подготвеност да помогне за време на двата инциденти. И покрај ситуацијата, членовите на екипажот „успеале да ја држат под контрола, дејствувајќи мирно и посветено“. Сведоци ја опишаа атмосферата во авионот како исклучително напната. Многу патници, вклучувајќи ги и семејствата со деца, доживеаа моменти на паника поради два последователни инциденти за време на летот. Брзата реакција на неврохирургот д-р Валон Баралиу, кој му помогна на патникот на кој му се слоши, беше пофалена од екипажот, капетанот на авионот и другите патници.Тагови: Авионот паника Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКлое Кардашијан во проѕирен фустан на роденденската забава на сестра ѝ Ким (ФОТО)Клое Кардашијан се појави во издание кое привлече посебно внимание во прославата на 46-тиот роденден на нејзината сестра Ким Кардашијан. За луксузната семејна вечера во Беверли Хилс, таа избра полупроѕирен фустан во боја на кожа кој ја истакнуваше нејзината фигура. Под тесната креација носеше боди, а комбинацијата ја комплетираше со долги чевли во иста нијанса и елегантна бела чанта. Клое самоуверено позираше за фотографите пред да влезе во ресторанот Балди, сместен во хотелот Валдорф Асторија, каде што се одржа прославата. View this post on Instagram A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian) Семеен собир Сестрите Кортни Кардашијан (47) и Кајли Џенер (29) и мајката Крис Џенер (70) беа на вечерата со славеникот Ким. Им се придружи и братот Роб Кардашијан (39), кој ретко се појавува во јавноста во последните години. Единствениот член од најблискиот семеен круг кој не дојде на прославата беше Кендал Џенер. Честитки на социјалните мрежи Ким објави фотографија на Инстаграм како дува свеќи на голема црвена торта, а Кортни откри повеќе детали од раскошната прослава, вклучувајќи мени на кое пишуваше „Среќен роденден Ким“. Социјалните мрежи беа исполнети и со емотивни честитки. Клое посвети серија заеднички фотографии од патувања и разни настани на својата постара сестра. „Те сакам тебе и нашите авантури! Луди сме, но барем сме луди заедно“, напиша таа покрај една објава. На друга, додаде: „Засекогаш моја девојка! Засекогаш сум благодарна“. Особено емотивна порака ѝ испрати нивната мајка Крис Џенер, која нагласи колку е горда на своите достигнувања и посветеност на своето семејство. „Ти си неверојатна мајка, и гледањето колку ги сакаш своите деца ми го прави срцето толку среќно“, ѝ рече таа. Нејзината ќерка Норт Вест објави забавна фотографија од Ким како спие на фотелја. ѝ честитаа и многу познати личности, вклучувајќи ги Лорен Санчез Безос и Викторија Бекам.Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00