Коле Ангеловски – лауреат на 11. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски" - Канал 5

Коле Ангеловски – лауреат на 11. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски"

Со прогласување на годинашниот лауреат и свечено доделување на признанието на познатиот актер и режисер Коле Ангеловски,  денеска официјално беше отворен 11. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски” во Крива Паланка.

Коле Ангеловски – лауреат на 11. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски"

Пред голем број присутни гости од театарскиот и јавниот живот, на свеченото отворање на фестивалот во просториите на Општина Крива Паланка беше прикажан минидокументарен филм за лауреатот Никола Коле Ангеловски, кој повеќе од пет децении е присутен на филмската и театарската сцена, како и на телевизија. Во својата кариера одиграл околу шеесет филмски улоги, над 140 театарски претстави, а уште во првата година на студии за улогата во филмот „Саша” ја добил наградата за најдобра дебитантска улога на фестивалот во Пула. Глумел со големите филмски ѕвезди Јул Бринер, Орсон Велс, Елизабет Тејлор. Педесет години работи во Драмскиот театар-Скопје.

– Нема претстава на Ангеловски која не се прикажува повеќе од сто пати. Тој остава во своето работење импозантно творештво кое е дури и преобемно за еден човечки живот. Коле Ангеловски е како никој друг, според мене, во нашиот театар, зашто сите претстави му се интересни за публиката, оти го прикажува животот, она што го живееме во времето. Драматичарот не го завршува текстот со точката, а Коле секој текст го зема како сериозна подлошка и го работи за публиката, за она што следува по претставата, многуте прикажувања. Затоа, тој е режисер кој секој театар го сака, а неговите претстави ги полнат театрите, рече театарскиот критичар Трајче Кацаров.

Актерот Благоја Чоревски истакна дека е среќа Коле Ангеловски да биде во нечиј живот. -Коле е благодат, среќа и историја ,среќа е да бидеш во негова претстава. Среќен сум што веќе по враќањето од тука, во Скопје продолжуваме со работа на претставата „Залив” со колешката Марија Кондовска, рече Чоревски.

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, му ја врачи на КАнгеловски наградата лауреат на 11.Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски”, а Гоце Ристовски ја промовираше автобиографската книга на Коле Ангеловски – „50 години Драмски и клоцата во …”.

Градоначалникот Мицевски им оддаде признание на сите досегашни лауреати од изминатите десет фестивалски години, како и на сите кои се заслужни за организација и одржување на фестивалот веќе една деценија.

– Крива Паланка со сето она што го прави со овој фестивал единаесеттата година по ред се наметнува на театарската сцена во државата иако сме град што нема театар.За нас е вистинска чест што сме биле домаќини на сите балкански и македонски глумци кои се претставуваат пред кривопаланечката публика низ годините, дарувајќи насмевки, што претставува вистинско богатство и најмногу вредно во секојдневието што го живееме, изјави Мицевски. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир

 Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига.

43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир

Вчера (21.08.2026) во периодот од 14:00 до 20:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјето на општина Чаир во Скопје за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и лесни електрични возила кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за несоодветна категорија, 19 санкции за прекршоци сторени од возачи на лесни електрични возила и две останати мерки кон други учесници во сообраќајот.

За сите прекршители на сообраќајните правила изготвени се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Белорусија објави дека ќе ја затвори својата амбасада во Финска од 1 септември, соопшти вчера финското Министерство за надворешни работи.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Одлуката за затворање на амбасадата, која беше отворена во Финска во 2011 година, ја донесе Советот на министри на Белорусија и ја потпиша премиерот на земјата Александар Турчин, објави финскиот весник „Хелсингин Саномат“.

Последниот белоруски амбасадор во Финска беше Алексеј Самосуев, кој ја извршуваше функцијата од 2018 до 2024 година, а по него не беше назначен нов амбасадор.

Финска нема амбасада во Белорусија, но Министерството за надворешни работи на земјата има канцеларија за врски во Минск, која ќе продолжи да работи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Анкара вчера го осуди обидот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што рече, да „ја претстави Турција како нова закана“.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавено на платформата X, се вели дека Турција ги осудува „ситните политички тактики“ на Нетанјаху.

Кабинетот на Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ во соопштение откако Турција издаде меѓународна потерница по него поради пресретнување на активистичка флотила што се упатуваше кон Појасот Газа.

Израел бомбардираше воздухопловна база во северозападна Сирија оваа недела, тврдејќи дека Турција го проширува своето воено присуство во областа, тврдење што Анкара го негираше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер