Кокаин пронајден кај големи бели ајкули на Бахамите - Канал 5

Кокаин пронајден кај големи бели ајкули на Бахамите

Научници загрижени поради растечкото присуство на илегални дроги во морската средина, а новото истражување се насочува на нивното присуство во водите околу Бахамите.

Кокаин пронајден кај големи бели ајкули на Бахамите

Според научен труд од 2026 година, супстанци како фармацевтски производи и илегални дроги сè повеќе се препознаваат како загадувачи кои можат да предизвикаат сериозни последици врз морскиот екосистем. Научниците посочуваат дека овој феномен е особено изразен во области со брза урбанизација и развој на туризмот, како што се делови од Карибите. Во резимето на студијата се наведува дека „потенцијалната изложеност на такви загадувачки супстанци на Бахамите, сепак, останува недовно истражена.

Истражувачите напоменуваат дека фармацевтските производи и производите за лична хигиена (PPCP) се присутни во водата и навлегуваат во екосистемите преку отпадните води, излевање од земјоделство и урбани испуштања. Овие соединенија се биоактивни и можат да влијаат на неселективни организми, што долготрајно може да биде штетно за животната средина.

Според научниот тим, кај големи бели морски ајкули се откриени траги од кокаин. Тие биле меѓу пет видови морски ајкули во крајбрежните води на островот Елеутера. Во студијата се вклучени атлантски ајкули (Ginglymostoma cirratum), црноврхи ајкули (Carcharhinus limbatus), карипски гребенести ајкули (Carcharhinus perezi), тигар ајкули (Galeocerdo cuvier) и млади лимонски ајкули (Negaprion brevirostris). Од 85 анализирани примероци, 28 покажале забележливи нивоа на загадувачи од нов тип (CEC) како што се ацетаминофен, диклофенак, кокаин и кофеин. Останатите комбинации на супстанци биле толку мали што нивното присуство било невозможно да се потврди со тестирање. Вакви несакани супстанци се најдени кај три вида: атлантски ајкули, карипски гребенести ајкули и млади лимонски ајкули. Кај карипските гребенести ајкули, диклофенак бил откриен кај седум примероци, ацетаминофен кај два, а кокаин кај еден.

Авторите на студијата истакнуваат дека ова е првпат кофеин и ацетаминофен да се откријат кај кој било вид морски ајкули во светот, а исто така е прв извештај за присуство на диклофенак и кокаин кај морски ајкули на Бахамите – околина која се смета за недопирлива. Тие предупредуваат дека неколку видови морски ајкули живеат во истите плитки крајбрежни области, што го зголемува нивното потенцијално изложување на овие супстанци. Тие додаваат дека, разбирањето за тоа како овие загадувачи влијаат на физиологијата и здравјето на морските ајкули е од суштинско значење, не само за зачувување на виталните еколошки елементи на крајбрежните екосистеми, туку и за одржување на социјалните и економските придобивки од нив, особено преку туризмот. Научниците посочуваат дека истражувања од егзотоксикологија за овие нови загадувачи практично не постоеле пред оваа студија, што ја прави оваа работа значаен придонес за науката и за заштитата на морската средина на Бахамите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

На 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село.

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Христијан Мицкоски е во тотална паника за Алта банка. 

Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Тој и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ги загрозија парите на граѓаните, го загрозија банкарски систем.

Сега се плаши од сметките, трансакциите и вистината за Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ.

Затоа што Мацура е нивниот личен банкар.

За „чувствата“ требаше да мисли кога ја донесе перланицата на Вучиќ во Македонија, поради што граѓаните сега не можат да дојдат до своите пари.

Сега во страв од одговорност Христијан Мицкоски посегнува по истиот модел на неговиот шеф, Александар Вучиќ и она што тој го правеше во Србија, сака со да ја замолчи опозицијата.

Мицкоски прво ја обвинуваше СДСМ за ширење хистерија, иако тој и Славески ја создадоа хистеријата.

Не обвинуваше за саботажа, иако тој и Славески ја саботираат и ја попречуваат правдата за Алта банка.

Па му нареди на Славески да поднесува кривични пријави против СДСМ.

Сега Христијан Мицкоски, или малиот Вучиќ зборува за „опструкции“ и се заканува со кривично гонење на опозицијата затоа што ја кажа вистината за Алта банка и неговата врска со криминалниот картел на Вучиќ.

Ова е истиот модел на Вучиќ, закани, притисок и обид за замолчување на опозицијата.

Донесоа Декрет во Собранието со забрана за говор на опозицијата за „економските работници“.

Тепаа деца во Ново Село затоа што ја кажаа вистината за труењето на водата во Гостивар.

Сега законски измени по секоја цена да се замолчи опозицијата.

Мицкоски зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи.

На вистината во говорот на СДСМ не може да се спротистави со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција.

Затоа што СДСМ уште пред 11 месеци ја кажа вистината за Алта банка!

Мицкоски слободата на говорот и слободата на медиумите ги гледа како проблем.

Му треба контрола за народот да не ја слуша вистината туку да ги слуша само неговите лаги.

Мицкоски сака да ја гази демократијата, да ја понижува, само затоа што се плаши од одговорност.

Нашата порака до Мицкоски е јасна:

Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш.

Доаѓа крај на твојата криминална банда.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ - членка на ИО

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер

​Кредитот од 5 милиони евра од Алта банка Белград за компанија на сватот на Али Ахмети, ја потврдува заинтересираноста за влезот на Алта банка во Македонија од страна на поранешната власт на СДС и ДУИ.

Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер

Сега е јасно зошто токму Фатмир Бесими, министерот за финансии во Владата на СДС и ДУИ, на владината седница од 24 октомври 2023 година ја отворил темата за Алта банка.

Имено, фирмата “АС Сењак” во сопственост на сватот на Ахмети, е фирмата која добива 5 милиони евра кредит од Алта банка Србија, а инаку оваа фирма е исто така позната во Македонија по тоа што е партнерска фирма на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, во купувањето на Соравија. Во целиот овој процес СДС делува како спотер.

Филипче и СДС јасно да кажат, дали тогаш кога ја отворале точката на седница на Влада, Давор Мацура бил криминалец? Дали тогаш Алта банка имала сомнителен капитал? Зошто молчеле за соработката на ДУИ со Мацура и Алта банка? Нам ни е јасно, само за ден повеќе власт, СДС се спремни на се!

Сега е јасно на јавноста зошто СДС и Филипче беа толку гласни за Алта банка. Се потврди дека работи Фројд, и дека одработуваат за свои интереси.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер