Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград
1Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ТехнологијаКока-Кола влегува во светот на паметните телефони?Веќе некое време кружат гласини дека Кока-КОла соработува со одредена компанија за производство на телефон кој ќе го носи името на познатиот бренд.Сега новите информации ги потврдуваат тие гласини. Дојавувачот Мукул Шарма на Твитер објави дека телефонот со брендирање на Кока Кола ќе биде пуштен во продажба од овој квартал, а тоа и во Индија. Не е познато која компанија е задолжена за создавање на телефонот, иако веб-страницата „91mobiles“ тврди дека уредот неодоливо потсетува на „Realme 10 4G“. Ако ова е вистина, можеме да очекуваме телефонот на Кока-Кола да има 6,5-инчен „AMOLED“ дисплеј со стапка на освежување од 90 Hz, а ќе се напојува од „MediaTek Helio G99“ чипсет со 8GB RAM и дополнителни 8GB виртуелна RAM. Кога станува збор за камерите, се очекува сензор од 50 MP на задната страна и селфи камера од 16 MP. Има и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки и аудио поддршка со „Hi-Res“. Другите карактеристики што може да ги има телефонот на Кока-Кола вклучуваат USB-C порта, батерија од 5000 mAh со полнење „SuperVOOC“ од 33 W и мобилно поврзување 4G. [Exclusive] Here's the all new #Cola Phone 😍 Can confirm that the device is launching this quarter in India. Coca-Cola is collaborating with a smartphone brand for this new phone. Feel free to retweet.#ColaPhone pic.twitter.com/QraA1EHb6w — Mukul Sharma (@stufflistings) January 24, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗаврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканЗаврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград Рекордни околу 4,5 милиони граѓани или 70% од запишаните во избирачките список, излегоа на гласање на денешните вонредни парламенатрни избори во Србија.. Гласачките места се затворија во 20 часот и во тек е броењето на гласови.. Првичните резултати се очекуваат околу 22 часот... Во меѓувреме во центарот на Белград полицијата распореди големи полициски сили со околпни возила за разбивање на демонтрации... Таму е Михаило Донев.. Михаило, има ли некакави навестувања дека Белград го очекјува немирна ноќ, или тоа е само превентивна полициска активност? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВолво губи 333 милиони евра и најавува нов бран откази- укинуваат уште 2.500 работни местаАкциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година .Акциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година и најави елиминација на дополнителни 2.500 работни места, претежно во Шведска. „Волво Карс“ објави прилагодена оперативна загуба од околу 333 милиони евра во третиот квартал од 2026 година, во споредба со профит од околу 522 милиони евра во истиот период минатата година, објави „Ројтерс“. Аналитичарите анкетирани од „Ситибанк“ очекуваа многу помала загуба од околу 65 милиони евра. Компанијата се соочува со нееднаква побарувачка за електрични автомобили, растечки притисок од царините и влошување на пазарните услови во Кина. „Третиот квартал од 2026 година беше многу разочарувачки и одразува година што стана многу попредизвикувачка отколку што првично очекувавме“, рече главниот извршен директор Хакан Самуелсон. Новите отпуштања во „Волво Карс“ ќе влијаат на околу 2.000 работни места во Шведска и уште 500 низ целиот свет. Намалувањето на персоналот, што одговара на приближно шест проценти од вкупната работна сила, ќе се спроведе преку раскинување на договорите со консултанти, природно отпуштање на вработените и целни пакети за доброволно заминување. Волво, покрај претходно најавените заштеди од околу 2,07 милијарди евра, постави цел да ги намали индиректните трошоци и варијабилните трошоци за дополнителни околу 450 милиони евра до крајот на следната година. Акциите на Волво Карс достигнаа рекордно ниско ниво оваа недела и изгубија повеќе од две третини од својата вредност од почетокот на годината. Тагови: Волво Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗаврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканЕУ загрижена поради насилните инциденти на изборите во СрбијаШефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас Фон Бекерат, изрази длабока загриженост поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места за време на денешните предвремени парламентарни избори во Србија.„Длабоко сме загрижени поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места“, порача Фон Бекерат. Неговата реакција доаѓа во текот на изборниот ден, кога од повеќе локации во Србија пристигнуваат информации за инциденти и нарушувања на гласачкиот процес. Изјавата претставува реакција на Европската Унија на пријавите за изборно насилство, но во засега достапниот дел од соопштението не се наведени конкретните избирачки места на кои се однесува загриженоста, ниту дополнителни детали за инцидентите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter