ЕкономијаКоја економија беше најдобра во 2025 година?Невработеноста останува ниска речиси насекаде. Берзите забележаа уште една година со солидни добивки. Единствената вистинска грижа е инфлацијата. Во земјите од ОЕЦД таа сè уште е над целта од 2% што ја поставуваат централните банки.Економист - Лондон Можеше да биде многу полошо. Во април, кога претседателот Доналд Трамп ја започна трговската војна, инвеститорите и многу економисти се подготвуваа за остра глобална рецесија. На крајот, глобалниот БДП веројатно ќе порасне за околу 3 отсто оваа година, исто како и лани. Невработеноста останува ниска речиси насекаде. Берзите забележаа уште една година со солидни добивки. Единствената вистинска грижа е инфлацијата. Во земјите од ОЕЦД таа сè уште е над целта од 2% што ја поставуваат централните банки. Оваа збирно постигнување крие големи разлики. Затоа, по петти пат по ред, Економист (The Economist) ја бара „економијата на годината“. Собравме податоци за пет показатели — инфлација, „ширина на инфлацијата“, БДП, вработување и перформанси на берзата — за 36 претежно богати земји. Ги рангиравме според тоа колку добро поминале на секој показател, создавајќи вкупен резултат за економскиот успех во 2025 година. Табелата подолу ги покажува позициите. Уште една добра економска вест за јужна Европа. По минатогодишната победа на Шпанија, овој пат на првото место е Португалија. Во 2025 година таа комбинираше силен раст на БДП, ниска инфлација и растечка берза. Други членки на еврозоната што се мачеа во 2010-тите, вклучувајќи ги Грција (најголемиот победник во 2022 и 2023) и Шпанија, исто така се близу до врвот. Израел продолжи со силното закрепнување од хаосот во 2023 година. Ирска само за малку го пропушти првото место. Оние кои заостануваат, пак, се главно од Северна Европа. На дното се туркаат Естонија, Финска и Словачка. Германија постигнува малку подобри резултати од претходните години, но сѐ уште не е добра. Истото важи и за Британија. Франција, и покрај својот политички хаос, постигнува прилично добри резултати. Преку Атлантикот, САД се рангира само во средината — и минува полошо од Италија. Нејзиниот пазар на труд е силен, но не спектакуларен. Релативно високата инфлација го повлекува надолу целокупниот резултат на САД. Всушност, нашиот прв показател е базичната инфлација (core inflation), која ги исклучува цените на храната и енергијата бидејќи тие се нестабилни. Една земја постигнува подобар резултат на нашето рангирање колку што нејзината годишна стапка е поблиску до 2%, што е типична цел за централните банкари. Инфлацијата во Турција е сѐ уште милји надвор од она што се среќава насекаде на друго место, поради лудата економска политика на нејзиниот претседател, Реџеп Тајип Ердоган. Естонија е втора најлоша, со основна инфлација од речиси 7% во третиот квартал на 2025 година, бидејќи сѐ уште се опоравува од огромниот енергетски шок од 2022 година. Многу други земји имаат свои сопствени потешкотии. Основната стапка на инфлација во Британија е пониска отколку што беше во овој период лани. Но, со 4%, таа е сѐ уште далеку над нивото каде што би сакала да биде Банката на Англија. Во некои земји основната инфлација е премногу ниска. Тука спаѓа и Шведска, каде што таа е речиси непостоечка. За многу домаќинства, кои се уморни по четири години нагло растечки цени, тоа можеби звучи прекрасно. Сепак, во такво сценарио економистите се загрижени за дефлација, која го обесхрабрува трошењето и го зголемува реалниот должнички товар. Подобро е да се има малку инфлација отколку воопшто да ја нема. Група други земји, вклучувајќи ги Финска и Швајцарија, имаат слично анемични податоци (читања). Јапонија има повисока инфлација отколку во 2010-тите, но ништо слично на прегревањето забележано на друго место. „Ширината на инфлацијата“ (Inflation breadth) раскажува слична приказна. Таа го следи уделот на артикли во потрошувачката кошничка каде што цените растат за повеќе од 2% годишно. Во некои земји таа скокна, вклучувајќи ја и Америка, можеби како резултат на агресивната фискална политика. Дури и денес, цената на повеќе од 85% од артиклите во потрошувачките кошнички на Австралијците расте за повеќе од 2% годишно. Што е со растот и работните места — другите работи за кои гласачите длабоко се грижат? Тука, Португалија се истакнува. Туризмот доживеа бум, додека многу богати странци се преселуваат во земјата за да ги искористат ниските даночни стапки. Растот на БДП е далеку над европскиот просек. Чешката Република и Колумбија бележат пристојни зголемувања и на производството и на вработеноста, туркајќи ги во горната третина од нашето рангирање. Наспроти тоа, Јужна Кореја губи работни места. Норвешка, која е во голема мера изложена на суровини и бродски превоз, се бореше со забавувањето на глобалната трговија. Во третото тромесечје оваа година Ирска забележа годишен раст на БДП од над 12% — што е спектакуларно, но и погрешно. Многуте големи мултинационални компании што ги евидентираат профитите во Ирска ги искривуваат националните сметки на земјата. Ирските економисти преферираат да ја користат „модифицираната вкупна домашна побарувачка“, што ја објавува националниот завод за статистика и ги отстранува повеќето од овие искривувања, па ние го користевме истиот показател. Берзите го заокружуваат нашиот преглед. Можно е да очекувате американските акции да бидат убедливи победници. Мешутоа, добивките на цените на акциите се само солидни. Нивните високи нивоа главно ја одразуваат успешноста од претходните години. Франција е слично просечна, при што акциите на нејзината највредна компанија, LVMH, стагнираат. Во однос на овој показател никој не е полош од Данска. Во изминатата година цената на акциите на Ново Нордиск, производителот на Оземпик (Ozempic), падна за 60%, откако компанијата ја загуби водечката позиција на пазарот на лекови за слабеење. За одлични приноси од берзата, погледнете на друго место. Иако чешките и јужнокорејските фирми добро се снаоѓаа во 2025 година, никаде не се снаоѓа подобро (во однос на локалната валута) од Израел. Во изминатата година, цената на акциите на највредната котирана компанија во земјата, Банка Леуми, се зголеми за околу 70 отсто. Португалските инвеститори исто така се снаоѓаа добро, при што берзата порасна за повеќе од 20 отсто во 2025 година. Може да има уште повеќе во иднина. Според нашите пресметки, берзата на земјата што ја номинираме за „економија на годината“ се зголемува во просек за 20 отсто во следната година. Ние не даваме инвестициски совети, но…Тагови: економијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27