Која е убавицата која ги засени сите на воената смотра во Батајница? - Канал 5

Која е убавицата која ги засени сите на воената смотра во Батајница?

Тамара Танди (24) е десетар на 98-мата воздухопловна бригада од аеродромот „Морава“ Лаѓевци. 

Која е убавицата која ги засени сите на воената смотра во Батајница?

Таа привлече внимание со својата убавина на величественото демонстрирање на способностите на српската војска, „Гранит 2023“, што се одржа во саботата на аеродромот „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница.

Оваа убавица би можела да биде што ќе посака, но таа сепак се одлучила да биде професионален војник.

Како што изјавила во едно интервју, таа е првиот професионален војник во нејзиното семејство и гордо ја носи униформата веќе пет години.

- Професијата војник ја избрав на 18 години од љубов кон мојата земја и од почит кон нашата историја која имала бројни херои. Кога им кажав на моите родители дека сакам да бидам професионален војник, мајка ми не беше многу воодушевена што јас, како жена, ќе држам пушка, но како и секоја мајка, ме поддржа. Тато беше и остана исклучително горд на мене. Да се ​​биде жена војник е една од подобрите професии, а јас лично сметам дека ние жените сме упорни и способни за оваа работа – изјавила Тамара.

Тамара истакнува дека никогаш немала проблем со машките колеги.

- Јас не сум единствената девојка во нашиот баталјон, има и други жени, и машките колеги навистина многу нè почитуваат. Нашиот колектив е исклучително квалитетен, и без разлика дали врне, грее сонце или паѓа снег, мажите секогаш нè поддржуваат, како и ние нив – нагласила таа.

Освен што секојдневно се гледаат со колегите на работа, тие се дружат и по работното време.

- Ние сме како едно семејство. Не само на работа, туку и надвор од неа, многу сме блиску до таа мера што и нашите семејства се познаваат. Едноставно, тоа така функционира – истакна Тамара.

Што се однесува до работата, иако е жена, не очекува никакви привилегии.

- Ние војниците, без разлика дали се работи за мажи или жени, подготвени сме во секој момент да реагираме и да го заштитиме својот народ доколку е потребно – заклучила оваа убавица во воена униформа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Петер Маѓар вози скутер во турските води, се пофали дека одморот си го платил сам

Унгарскиот премиер Петер Маѓар кој по самитот на НАТО во Турција останал на краток одмор во Анталија со своите синови, објави видео на социјалните мрежи на кое вози скутер на вода, се спушта по воден тобоган и шета по плажа.

Видео: Петер Маѓар вози скутер во турските води, се пофали дека одморот си го платил сам

Откако снимката предизвика критики во Унгарија, премиерот нагласи дека станува збор за приватно патување.

„Мало посебно издание за пропагандистите. Продолжениот викенд го поминав во турција со моите деца, а сите трошоци ги платив од свој џеб“, напиша Маѓар.

Тој претходно најавил дека по самитот ќе помине четири дена на турскиот брег со своите деца и дека сите трошоци ќе ги покрие приватно.

Маѓар додаде дека не користел буџетски средства ниту воен авион, туку патувал со редовна комерцијална авионска линија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Реконструиран главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево

Градоначалникот на Кавадарци, Митко јанчев преку социјалните мрежи информира дека завршила реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км

Јанчев: Реконструиран главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево

[📌] Заврши реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км, со дуктилни цевки, а во рамки на истиот се изгради и нова хлорна станица. Ова е прва реконструкција на овој дел од системот.

[✔️] Проектот е финансиран од Министерството за транспорт во финансиска вредност од 20 милиони денари, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден со нов виртуелен водич за промоција на природните и културните богатства

Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата заложба за примена на современи дигитални технологии во промоцијата на локалните потенцијали, придонесувајќи за поголема туристичка препознатливост 

Општина Илинден со нов виртуелен водич за промоција на природните и културните богатства

Општина Илинден направи значаен чекор во унапредувањето на својата туристичка промоција преку изработка на современ 360° визуелен водич, реализиран во рамките на Договорот за соработка со „Македонија на дланка – Агенција за туризам и маркетинг“, носител на националниот проект „360° Визуелен водич – Македонија на дланка“.

Новата дигитална платформа овозможува интерактивно и реалистично запознавање со природните, културните и јавните содржини на територијата на Општина Илинден. Посетителите имаат можност виртуелно да прошетаат низ населените места и да се запознаат со образовните установи, спортските терени, парковите, верските и културните објекти, како и со други значајни локации во општината.

Визуелниот водич содржи околу 250 интерактивни 360° панорами, снимени од воздух, како и виртуелни прошетки низ повеќе објекти, овозможувајќи им на корисниците уникатно искуство и можност да ја запознаат Општина Илинден од каде било во светот. Во следниот период е предвидено дополнително проширување на содржините со вклучување на нови локации и објекти од сите населени места во општината.

Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата заложба за примена на современи дигитални технологии во промоцијата на локалните потенцијали, придонесувајќи за поголема туристичка препознатливост и подобра презентација на општината пред пошироката јавност.

Виртуелниот водич е достапен на следниот линк: www.macedoniafromabove.mk/ilinden/.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер