Која е принцезата Махра и зошто е главна тема во медиумите и социјалните мрежи? (видео) - Канал 5

Која е принцезата Махра и зошто е главна тема во медиумите и социјалните мрежи? (видео)

Принцезата Махра е ќерка на актуелниот претседател и премиер на Обединетите Арапски Емирати, таа има 29 г., а неодамна својата врска со шеикот Мана бин Мохамед бин Рашид Ал Мактум ја круниса со брак.

Која е принцезата Махра и зошто е главна тема во медиумите и социјалните мрежи? (видео)

Оваа преубава Арапка дипломирала меѓународни односи на универзитет во Британија и е чест гостин на многу престижни настани во својата земја. Така, неодамна таа присуствувала на отворањето на продавница за скапоцен накит во трговскиот центар „Дубаи“, како и на доделувањето на наградите на истакнатите арапски личности. Шеика Махра е позната по својата филантропска работа и општествените ангажмани. Таа работи на подобрување на положбата на жените, на заштита на животната средина, им помага на загрозените и ги поддржува локалните таленти.

Како и нејзиниот татко, така и таа е љубител на коњите, па минатата година присуствуваше на Светскиот куп во Дубаи.

Од друга страна, нејзиниот избраник потекнува од екстремно богато семејство шеици, исто така е љубител на коњите, на риболовот и патувањата, па честопати на социјалните мрежи се појавуваат снимки од кои се гледа како функционираат личностите кои имаат толкава количина пари.

Арапската принцеза е популарна на Тикток, каде многумина ја коментираат нејзината убавина и наведуваат дека наскоро Емиратите ќе добијат харизматична и убава владетелка.

Оваа принцеза е пример и надеж за многу арапски жени кои тежнеат кон својата еманципација, да работат на себе и со својот развој да го отворат патот кон промената на ригорозните закони и правила со кои се соочуваат тамошните жени.

@sheikhmahra444 sheikha Mahra Dubai princess lifestyle #tiktok #dubai🇦🇪 #viral #tiktoktrend ♬ original sound - Sheikhmahra

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за своето однесување во Собранието

Христијан Мицкоски смета дека едно срамно изговорено, изнудено „извинете“ во празна собраниска сала може да ги измие сите досегашни навреди кон граѓаните. 

СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за своето однесување во Собранието

Не може!

Не може да ги нарекуваш граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ па потоа заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ да пцуе пратеници во Собранието.

Такво однесување не доликува на универзитетски професор. Тоа е срамота и за универзитетот и за собранието и за државата.

Вакво однесување на еден премиер досега не е видено во ниту една нормална држава.

Спуштањето на ова ниво не може да се оправда со ништо, а најмалку со губењето на поддршката од граѓаните и со падот на личниот рејтинг - кој пак самиот си го предизвика со своите секојдневни лаги.

Мицкоски не им се извини на граѓаните.

Тој се обиде да прикаже дека се извинува на пратениците, во момент кога салата беше празна, со цел да создаде привид на „исправка“.

Но граѓаните не се наивни.

Вистинското извинување значи признавање на грешката.

Досега од Мицкоски видовме само театар.

Граѓаните заслужуваат почит. А не навреди од премиерот на државата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два силни земјотреси регистрирани во Мексико

 Два земјотреса, со јачина од 5,0 и 4,0 степени според Рихтеровата скала, денеска го погодија Мексико, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Два силни земјотреси регистрирани во Мексико

Епицентарот на посилниот земјотрес бил на длабочина од 80 километри, на југот од земјата, недалеку од брегот на Пацификот. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Според сведоштвата објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот се почувствувал силно, а во некои куќи се треселе масите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Управа за финансиска полиција: Поднесена кривична пријава против три физички лица за „Даночно затајување“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица,за сторено кривично дело „Даночно затајување“ .

Управа за финансиска полиција: Поднесена кривична пријава против три физички лица за „Даночно затајување“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Првопријавениот Д.П. во својство на управител, заедно со второпријавениот Г.З. во својство на сопственик и овластен потписник на банкарската сметка и третопријавениот И.Ѓ. во својство на претходен сопственик на правното лице, во текот на април 2024 година договориле и извршиле продажба на линија за производство на кабли во вкупен износ од 14.514.000 денари, која не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правното лице. Дел од средствата од продажбата, во износ од 2.701.189 денари, ги присвоиле за себе преку префрлање на сопствени банкарски сметки и сметки на блиски лица, без притоа да ги евидентираат во сметководствената евиденција на правното лице, а дел од продажбата го реализирале преку компензација со патничко моторно возило во износ од 1.537.500 денари и кабли во вредност од 1.516.500 денари, кои исто така не биле евидентирани и не биле пронајдени кај правното лице.

Исто така, првопријавениот Д.П., во име и за сметка на правното лице, не ги отпишал и не ги оданочил неплатените обврски спрема домашни и странски добавувачи од 2022 година во вкупен износ од 17.380.716 денари.

Со наведените дејствија пријавените не пресметале, не пријавиле и не уплатиле данок на додадена вредност во износ од 272.970 денари, данок на добивка во износ од 3.764.991 денари и данок на личен доход во износ од 639.401 денари, со што го оштетиле Буџетот на Република Македонија за вкупен износ од 4.677.362 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер