Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЖивотКоја е најдобрата разлика во години за успешна љубовна врска?Кога некоја личност ќе реши да се гледа со некој кој е доволно возрасен за да ѝ биде родител, вообичаено е да го помине следниот тест: „половина од нејзината возраст плус седум“. Правилото, чие потекло е мистериозно, се пренесувало низ генерациите како начин да се оправда или да се исмее туѓата врска. Во ред е 22-годишник да излегува со 18-годишна. Но, не е во ред 38-годишник да излегува со 23-годишна, но со 26-годишна е во ред. Колку сте повозрасни, толку е поголема „дозволената“ разлика во години: 50-годишна жена може да биде во врска дури и со личност која има 86 години, пишува „The Economist“. Мажите и жените имаат различни размислувања Во пракса, истражувањето спроведено од Кристијан Рудер, ко-основач на веб-страницата за запознавање „OKCupid“, сугерира дека мажите и жените имаат малку поразлични размислувања кога станува збор за разликата во години. Додека жените бараат мажи на нивна возраст (или можеби година или две постари), мажите претпочитаат жени во раните дваесетти, без оглед на нивната возраст. Додека жените претпочитаат мала разлика во годините, дотолку мажите се опседнати со идејата да имаат млада брачна партнерка. И, колку се постари, толку повеќе претпочитаат поголема разлика во годините. Дали мажите размислуваат рационално? Теоретски, постојат многу причини за фаворизирање на малата разлика во годините. На пример, споделувањето на радоста кога и двајцата добиваат бесплатен автобуски превоз (зашто истовремено се пензионирале) или заштедувањето пари од големите роденденски забави се само дел од придобивките. Некои економисти се запрашале дали помалата разлика во годините помеѓу партнерите би можела да придонесе до поголеми социјални придобивки, бидејќи тоа би можело да помогне да се намали јазот во заработката помеѓу половите. Бидејќи заработката расте со возраста, а жените имаат тенденција да се поврзуваат со постари мажи, релативната заработка на жената околу породувањето може да создаде суптилен притисок за таа да ја напушти работата. Меѓутоа, една студија која ги споредува данските сестри близначки покажала дека заработката на жените кои се омажиле за постари мажи во просек не се разликува од оние кои се омажиле за мажи што им биле поблиски по возраст. Дали разликата во годините влијае на разводот? Може ли помалата разлика во годините да ги зголеми шансите паровите да останат заедно? Во 2014 година, „Атлантик“ тврдеше дека петгодишната разлика во годините носи 18% веројатност парот да се раздели, во споредба со парот кој е на иста возраст или кој има мала разлика во годините. Иако гореспоменатата студија - која ги испитуваше американските сегашни и поранешни парови - покажа поврзаност помеѓу стапката на развод и разликата во годините, истата студија не ја докажа причинската поврзаност. Сепак, стапката на развод кај паровите не зависи само од голема разлика во годините, туку и од личностите во врската. Бистра млада дама која размислува за богат и добро ситуиран средовечен маж, треба да размисли и за студијата од Канцеларијата за национална статистика на Обединетото Кралство. Студијата која ја проучувала стапката на развод во Англија и Велс немала посебна врска со разликата во годините кај партнерите, но имаше докази дека жените кои се венчале по 30-тата година, а биле помлади повеќе од десет години од својот сопружник имале поголема веројатност да се разведат. Истражување: Мажите со помлади сопруги живеат подолго Здравиот разум сугерира дека големата разлика во годините ќе има последици во староста. Паметно е да имате некој кој ќе се грижи за вас кога ќе остарите, и да избегнете вдовство. Помладиот и поздрав партнер би можел да има предност. Студијата спроведена од Свен Дрефал од Универзитетот во Стокхолм ги проучувала луѓето во Данска постари од 50 години и покажала дека мажите со помлади сопруги живееле подолго од оние кои имале жени на иста возраст. Колку била постара нивната сопруга, толку биле полоши нивните изгледи за опстанок, дури и ако не се земаат предвид факторите како што се образованието и богатството. Сепак, оваа поврзаност може и да не е причинско-последична: здравите мажи може да бидат особено способни да привлечат помлади партнерки и да доживеат длабока старост. Интересно е тоа што овој феномен не се однесува и на жените. Нивните шанси за преживување биле полоши со сè поголемата разлика во годините, без оглед дали тие се помлади или постари од партнерот. Во случајот на жени со помлади партнери, Дрефал сугерира дека, разликата помеѓу половите може да се должи на тоа што жените помалку се потпираат на поддршката од партнерот, и со тоа имаат помала корист од енергијата на помладиот сопружник. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНема промена кај цените на гориватаНема промена на цените на бензините и дизелот. Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 останува 98,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава по 100,50 денари, а дизелот по 97 денари за литар.Единствено поскапува мазутот, за 2,14 денари и сега чини 51,74 денари за килограм. Во актуелните цени на горивата се вклучени владините мерки за намалено ДДВ на дизелот од 18 на 10%, како и намалената акциза за бензините и дизелот за 4 денари по литар..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР распиша меѓународна потерница по Ива МихаиловаМинистерството за внатрешни работи распиша потерница по 23-годишната Ива Михаилова, по барање на Основниот суд во Кочани..Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од кривичниот законик, објави МВР, откако Михаилова пред три дена побегна во Бугарија и беше утврдено дека таа нелегално ја напуштила земјава.. Претходно, судот во Кочани и одреди 30-дневен притвор на Михаилова, која е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици.. Иако таа и нејзиниот адвокат за бугарските медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, од МВР соопштија дека на ниту еден граничен премин не е евидентиран нивни излез од Македонија, ниту влез во Бугарија..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Живот„Економист“ за војната со Иран: Досега Америка потроши 265 милијарди долари Војната со Иран, која ужива многу мала поддршка меѓу Американците, сè повеќе го оптоварува буџетот на домаќинствата. Од поскапото гориво и повисоките каматни стапки за станбени кредити до зголемените цени на авионските билети, конфликтот дополнително ги зголемува трошоците за живот на граѓаните кои веќе се соочуваат со инфлација. Сето ова се случува во пресрет на изборите за Конгресот на САД, пренесува Си-Ен-Ен (CNN). Според проценките на Марк Занди, главен економист во фирмата за економска анализа „Мудис аналитикс“ (Moody’s Analytics), војната ги чинела американските потрошувачи приближно 265 милијарди долари (или 236 милијарди евра) од почетокот на конфликтот во февруари. Ова претставува дополнителен трошок од околу 2.000 долари (или 1.785 евра) по просечно американско домаќинство. „Многу Американци со право ја поврзуваат војната со Иран со болно високите трошоци за живот, поради што сакаат таа да заврши“, изјави Занди. Во меѓувреме, растот на платите не го следи растот на цените; во септември, растот на платите забави на најниско ниво во последните пет години. Кога ќе се земе предвид инфлацијата, реалната вредност на платите опаѓа речиси секој месец од почетокот на војната. Како последица на тоа, некои Американци се принудени да посегнат по заштедите или да се потпрат на кредитни картички за да ги покријат секојдневните трошоци. Цените на енергенсите претставуваат најголем проблем. Војната со Иран со месеци го блокираше Ормускиот Теснец – еден од најважните поморски премини за глобалната трговија со нафта. Ова го запре извозот на големи количества сурова нафта, гориво и течен природен гас од Персискиот Залив. Иако транспортот на нафта низ теснецот е обновен, трошоците за транспорт од регионот значително се зголемија. Ова резултираше со повисоки цени на бензинот, дизелот и горивото за авиони. Поради зголемените трошоци за енергија – вклучително и повисоките сметки за греење – просечното американско семејство потрошило околу 1.100 долари повеќе од почетокот на војната отколку што би потрошило во нормални околности. Занди проценува дека, при сегашните цени, овој дополнителен трошок се зголемува за околу 50 долари (приближно 45 евра) секоја недела. Дизелот, кој се користи во камиони, трактори и возови, и понатаму е на ниво близу до рекордните цени. Иако наглиот раст на цените на бензинот е стабилизиран, цената останува значително повисока од вообичаеното за овој период од годината. Според податоците на Американската автомобилска асоцијација (AAA), просечната цена на бензинот изнесува 4,34 долари за галон (приближно 1,02 евра за литар). Пред почетокот на војната, еден галон чинеше 2,98 долари (околу 0,70 евра за литар). Тоа значи дека цената на бензинот во САД е зголемена за речиси 46 проценти од почетокот на конфликтот. Вчера беше забележан 165-тиот ден во годината во кој просечната цена на бензинот во САД изнесуваше најмалку четири долари по галон – или приближно 0,94 евра по литар. Според анализата на CNN врз основа на податоци од AAA, ова претставува рекорд од почетокот на следењето на овие податоци во 2000 година. Претходниот рекорд беше поставен во 2022 година, кога цената на бензинот изнесуваше најмалку четири долари по галон во текот на 158 дена. Цените тогаш нагло пораснаа поради руската инвазија врз Украина. Единствената друга година кога бензинот го достигна тоа ценовно ниво беше 2008 година, кога се задржа на таа висина 48 дена во текот на летото. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека повисоките цени на бензинот и дизелот се мала цена што треба да се плати за да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје. Зголемените трошоци за авионско гориво особено силно ги погодија авиокомпаниите. За да ги намалат трошоците, некои од нив ги укинаа поевтините и помалку профитабилните линии, ги зголемија надоместоците за багаж и ги покачија цените на билетите. Според податоците на Бирото за статистика на трудот на САД, авионските билети во август биле дури 23 проценти поскапи отколку во истиот месец минатата година. Растат и трошоците за греење. Американската Управа за енергетски информации проценува дека домаќинствата што користат масло за греење ќе плаќаат 21 процент повеќе за греење оваа зима во споредба со минатата. Покрај поскапото гориво и греење, Американците сè повеќе се оптоварени и со кредити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter