Kojа е идеалната разлика во години за успешна врска? (фото) - Канал 5

Kojа е идеалната разлика во години за успешна врска? (фото)

Истражувачите од Универзитетот Емори во Атланта анализирале 3.000 испитаници за да откријат која е идеалната разлика во годините за љубовта помеѓу партнерите да потрае.

Kojа е идеалната разлика во години за успешна врска? (фото)

Според резултатите од оваа студија, ако разликата помеѓу партнерите е 10 години, ризикот дека ќе се разделат се зголемува на 39 %, а кај паровите чија разлика во годините е 20, ризикот за разделба бил 95%. Според проценките на истражувачите, идеалната возрасна разлика помеѓу партнерите била една година повеќе или помалку.

Интересно е што оваа студија покажала дека шансата за развод била само 3% доколку возраната разлика помеѓу паровите била 12 месеци.

Од друга страна, советничката за врски и говор на телото, Катја Лоизел, за Дејли Меил изјавила дека постојат некои предизвици со кои се соочуваат паровите со значителна разлика во возраста.

Ова најчесто се однесува на неодобрувањето од страна на социјалната средина, главно затоа што поединците, особено помладите, го „експлоатираат“ постариот партнер, со оглед што партнерите се во различни животни фази и не можат да се поврзат со пријателите и врсниците.

Советничката потсети дека паровите се развиваат и растат различно со текот на времето, како и дека доживуваат разлики во финансиската стабилност и кариера низ животните фази, а тоа може да влијае на врската.

Предупредувачки знаци за преиспитување на врската:

- Не постои рамноправност, едниот партнер има поголема моќ во врската

- Еден од партнерите сака да ја скрие врската од семејството и пријателите

- Настроени се критички кон вашите пријатели и врсници

- Немате исти животни цели во однос на децата и посветеноста

- Нивните пријатели и семејството не ја одобруваат вашата врска

- Тие се обидуваат да ве променат

- Тие покажуваат знаци дека ве контролираат вас и вашата врска, било тоа да е емотивно, финансиски или социјално.

Советничката напоменува дека разликата во интересите е поголема доколку помеѓу партнерите постои поголем возрасен јаз и дека тоа, воопшто, е проблем со кој се соочува секој пар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо во проширениот список на селекторот Жорже Жезус за Лига нации

Жезус и Кристијано  ги смируваат страстите?

Кристијано Роналдо во проширениот список на селекторот Жорже Жезус за Лига нации

Притисокот од јавноста вроди со плод – Кристијано Роналдо се враќа во тимот на Португалија за Лигата на нации. Португалската федерација, во согласност со правилата на ФИФА, однапред испраќа прелиминарни покани до клубовите за околу 50 фудбалери, додека конечниот список се објавува подоцна.

Кристијано Роналдо е вклучен во проширениот список на португалскиот селектор Жорже Жезус за претстојните натпревари во Лигата на нации против Данска и Велс, пренесува угледниот португалски весник „А Бола“.

Вклучувањето на капитенот на Португалија во прелиминарниот список не значи дека тој сигурно ќе биде дел од тимот за претстојниот собир, но претставува важен чекор кон неговото враќање во националниот состав.

Претходно, Роналдо го напушти репрезентативниот камп пред натпреварот со Данска, откако претходно се загреваше на средбата против Норвешка, но не настапи. Поради тој потег, следеше дисциплинска санкција, при што Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Португалија му изрече суспензија во траење од 30 дена.

Сепак, казната истекува пред почетокот на следниот собир на националниот тим, па постои можност искусниот напаѓач повторно да биде дел од екипата. Португалската федерација, во согласност со правилата на ФИФА, однапред испраќа прелиминарни покани до клубовите за околу 50 фудбалери, додека конечниот список се објавува подоцна. Поради ова, значителен број играчи од првичниот список ќе отпаднат од конечните планови на селекторот.

Португалија веќе обезбеди место во четврт-финалето на Лигата на нации, откако оствари четири победи на четири натпревари. Уште еден бод би бил доволен за и математички да се потврди првото место во групата.

Враќањето на Роналдо, на тој начин, останува една од главните теми пред следните репрезентативни предизвици, но конечната одлука за неговото место во тимот ќе биде позната дури откако селекторот ќе го објави конечниот список.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Кај Филипче и СДС работи ефектот на илузорната вистина. Тие се длабоко уверени дека ако една лага ја повторат 1000 пати, таа некако ќе стане вистина.

Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Таков е и случајот со нивните илузорни вистини за Вучиќ и за српскиот свет.

Кај нив едноставно речено, работи Фројд.

До пред неколку години, кога беа власт Заев и Филипче го величаа Вучиќ и му се поклонуваа на граница кога им донираше вакцини затоа што овие двајцава сакаа нашите да ги украдат. До пред само некоја година, Заев и Филипче го шетаа Вучиќ по македонските винарии, му подаруваа македонски дресови и му се извинуваа ако во Македонија кажеа некаков лош збор за него. А во меѓувреме, за лица блиски до него како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, едниот близок соработник, а другиот кум на Вучиќ, веднаш по доаѓањето на Зоран Заев на власт во Македонија, беа вдомени како советници во неговата влада.

И наместо да слават за победа на избори на друга партија во друга држава, нека си го средат својот двор. Ако се подготвени за избори, нека ги побараат. А не да бегаат од нив како ѓавол од темјан.

Почитувани граѓани,

Промените во Европа почнаа пред 4 години токму од Македонија. Со заминувањето на Заев и Филипче од власта, а потоа и со заминувањето на Димитар Ковачевски во Македонија, конечно, дојдоа промените.

Граѓаните конечно добија надеж, почит и верба за подобро утре.

Затоа на прашањето кое го поставува Филипче, а тоа е: кој е следен? Имаме многу лесен одговор. Филипче, ти си следен!

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кралот Чарлс ќе ги посети поранешните британски колонии: Сакаа отштета поради ропството

Кралот Чарлс оваа недела заминува на турнеја низ Карибите, во време кога во регионот се засилуваат повиците Велика Британија да плати репарации за својата улога во трговијата со робови, објави денеска Ројтерс.

Кралот Чарлс ќе ги посети поранешните британски колонии: Сакаа отштета поради ропството

Кралот и неговата сопруга Камила најпрво ќе ги посетат Бахамите и Гвајана, а потоа ќе отпатуваат во Антигва и Барбуда за состанокот на шефовите на влади на земјите од Комонвелтот (CHOGM), кој се одржува на секои две години.

Турнејата ќе трае од 27 октомври до 4 ноември. На претходниот состанок на лидерите на Комонвелтот во 2022 година, Чарлс изрази длабоко жалење во врска со ропството – тема што сигурно повторно ќе биде покрената. Комонвелтот претставува група од 56 земји, од кои повеќето се поранешни британски колонии.

Минатиот месец, „CARICOM“ – заедница од 23 карипски нации, вклучувајќи ги Бахамите, Барбадос и Јамајка – објави дека прашањето за репарациите ќе биде дел од дневниот ред на „CHOGM“. „Карипскиот регион постојано нагласува дека прашањето за репарациите, во својата суштина, е прашање на правда“, изјави генералниот секретар на „CARICOM“, Карла Барнет, во говор минатиот месец.

Кралот нема да упати формално извинување

„Станува збор за признавање, одговорност и трансформација – градење праведна и еднаква иднина за потомците на оние кои, како сопственост на колонијалните господари, претрпеле незамисливи страдања, како и губење на животот и слободата“, рече таа.

Иако од Бакингемската палата изјавија дека кралот нема да ја избегнува темата за вмешаноста на Британија во трансатлантската трговија со робови за време на неговата турнеја, тој сепак нема формално да се извини за тоа, како што некои бараат. Ова е во согласност со политиката на британската влада, која исто така ја отфрла можноста за какви било финансиски репарации.

„Овде е важно да се истакне долгогодишната работа на Неговото Височество во насока на признавање на грешките од минатото и обидите да се пронајдат креативни начини за исправување на нееднаквостите што сè уште постојат“, изјави портпарол на палатата.

„Извинувањето не би било на одмет“

Ширли Бочвеј, генерален секретар на Комонвелтот на нациите – организација која опфаќа околу 2,7 милијарди луѓе – минатата недела изјави дека дошло време да се разговара за репарации, било да се тие финансиски или од друг вид, како што е враќањето на историски или културни предмети.

Што се однесува до извинувањето од кралот, кој сè уште е шеф на државата во голем број карипски земји, вклучувајќи ги Бахамите и Антигва и Барбуда, Бочвеј за „Скај њуз“ изјави дека „тоа не би било на одмет“.

Како што пренесува „Ројтерс“, во периодот од 15-тиот до 19-тиот век, европски трговци киднапирале и продале најмалку 12,5 милиони Африканци како робови. Притоа, Велика Британија била одговорна за транспортот на приближно 3,2 милиони луѓе, што ја прави втора најактивна европска земја во тој поглед, веднаш по Португалија.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер